На терапија (телевизиска серија)
На терапија — прва македонска телевизиска серија снимена според странска лиценца, во продукција на „Кино Око“. Емитувањето на серијата започнало на 18 септември 2017 година. Серијата, во која глумат домашни глумци, содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски телевизиски и филмски професионалци.
На терапија | |
---|---|
На терапија | |
Жанр | психолошка драма |
Создадена од | Хагаи Леви Ори Сиван Нир Бергман |
Напишана од | Сашо Кокаланов Огнен Георгиевски Елеонора Венинова Дарко Митревски |
Режирана од | Вардан Тозија |
Улоги | Никола Ристановски Бедија Беговска Јелена Јованова Тони Наумовски Ангела Димитрова Драгана Костадиновска Висар Вишка Петре Арсовски |
Земја на потекло | Македонија |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на сезони | 1 |
Бр. на епизоди | 45 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Бранко Петровски |
Продуцент(и) | Роберт Насков |
Местоположба | Скопје |
Времетраење | 29-35 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Сител Телевизија Телевизија 24 |
Првично прикажување | 18 септември 2017 – 17 ноември 2017 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | naterapija.mk |
Преглед
уредиОригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел, создадена од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку „Златни глобуси“.[1]
Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.
Серијата постигнала огромен успех во матичната земја и освојува награди за најдобра драмска серија, најдобар глумец, најдобра глумица, најдобро сценарио и најдобра режија од израелската Акедемија за филм и телевизија. Во 2008 година, лиценцата за серијата ја откупува американската мрежа „HBO“ која продуцира три сезони. Во улога на психотерапевтот се појавува познатиот глумец Габриел Брн, а епизодните улоги ги играат популарните глумци: Мишел Форбс, Дајен Вест, Мија Васиковска, Мелиса Џорџ, Дебра Вингер и други.[1]
Серијата веднаш се здобила со популарност, ласкави критики и неколку високи признанија, вклучувајќи ги наградите „ЕМИ“ за најдобар глумец и глумица, наградата „Златен глобус“ за најдобар глумец и наградата за нова серија на Синдикатот на писателите на Америка (Writers Guild of America). Концептот на серијата доживеала планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија. Во Балканскиот регион досега се снимени романска верзија (HBO Central Europe), словенечка верзија (POP Brio) со Игор Самобор во главната улога, српска верзија (Fox Television) со Мики Манојловиќ во главната улога и хрватска верзија (HTV).[1]
Во македонската верзија на хит-серијата играат: Никола Ристановски (во улогата на психотерапевт), заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.[1]
Осврт кон серијата
уредиШироката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач. Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45 епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.[1]
Ликови
уредиД-р Виктор Терзиев - е психотерапевт и сопственик на приватнa ординациja за психотерапија во Скопје. Образованието го стекнал на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал на клиничка психологија. Потоа стажира во Психијатриската болница Скопје во Бардовци.Праксата на д-р Терзиев се темели врз убедувањето дека за да му помогне на пациентот, психотерапевтот треба да ја избрише границата која постои за време на терапијата со лична грижа за доброто на пациентот.
Милена - е многу повеќе од анестезиолог и привлечна девојка од "внатрешноста". Таа е анксиозно депресивна, која бара татковска фигура, а за која дијапазонот на ликови кои и се пуштаат варира од Монти Пајтон до World War Z. Можеби сите мислат кој кревет да го фатат, но таа ќе мисли само на еден кауч - каучот на доктор Терзиев, во кого несвесно ќе се заљуби.
Зана - современа и амбициозна жена, сопруга на Гент и мајка на едно дете. Ако сопругот е како отворена книга, таа е како дненвик заклучен со катанец.
Гент - натпросечно интелигентен, но подпросечно речит. Грижлив родител, но има проблеми со сопругата Зана.
Ивана - олимписка пливачка надеж чија надеж полека, но сигурно тоне. Ивана е само една жртва од пропаднат брак на своите родители, која спасот од семејните проблеми го побарала во спортот. Се вљубила во својот тренер, но поради тоа што таа врска не може да опстои, таа се обидела да се самоубие.
Владо - е човек кој стекнал и искажува огромна дисциплина, тој е дефанзивно арогантен, но има проблем со одговорност. Го прогонува минатото кое му создава немир и грижа на совест, а на неговата психа влијаело и детството во кое бил оставен од родителите.
Д-р Вера Арсиќ - е психијатар, активист и некогашен ментор на д-р Виктор Терзиев.
Глумец | Улога |
---|---|
Д-р Виктор Терзиев | Никола Ристановски |
Ана Терзиева | Амернис Нокшиќи |
Милена | Јелена Јованова |
Владо | Тони Наумовски |
Ивана | Ангела Димитрова |
Гент | Висар Вишка |
Зана | Драгана Костадиновска |
Д-р Вера Арсиќ | Бедија Беговска |
Филип Терзиев | Стефан Спасов |
Павел Терзиев | Борис Караѓоргов |
Теа Терзиева | Долорес Попович |
Мајка и на Ивана | Габриела Петрушевска |
Татко и на Ивана | Дејан Лилиќ |
Татко му на Владо | Петре Арсовски |
Синот на Владо | Андреј Насков |
Пријателот на Владо | Кире Ѓоргиевски |
Симеон | Игор Стојчевски |
Доставувач на пица | Мартин Ѓоргоски |
Постар пациент | Маја Заровска |
Жена му на Владо | Елена Вишка |
Мајка му на Владо | Слободанка Петрушевска |
Пациент | Елеонора Стојковска Попетреска |
Тренерот на Ивана | Стојанчо Цветановски |
Двојникот на Ивана | Сања Влаисављевиќ |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 15 октомври 2017 г.
- За серијата на ТВ Сител Архивирано на 15 ноември 2017 г.