Стапица (филм)
„Стапица“ е американски филм од 2012 година, во режија на Штефан Рузовицки. Главните улоги ги играат: Ерик Бана, Чарли Ханам, Оливија Вајлд, Крис Кристоферсон и Сиси Спејсек.
Содржина
уредиЕдисон и Лајза се брат и сестра кои се наоѓаат во бегство по лошо изведениот грабеж во едно казино. Поради сообраќајната несреќа во која загинуваат нивниот возач и еден полицаец, тие решаваат да тргнат кон канадската граница. Додека ги гони полицијата, нивните неволји не запираат, зашто им се расипува автомобилот и запаѓаат во снежна бура.[1] [2]