Бал-кан-кан е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.[1][2]

„Бал-Кан-Кан
Bal-Can-Can“
Бал-кан-кан.jpg
ДВД обвивка
РежисерДарко Митревски
ПродуцентАлесандро Вердеки
Џанлука Курти
Карло Дуси
СценаристДарко Митревски
Главни улогиВладо Јовановски
Адолфо Марџота
Ѕвездана Ангеловска
Бранко Ѓуриќ
Тони Михајловски
Никола Којо
Владимир Ендровски
Петар Божовиќ
Наџи Шабан
МузикаКирил Џајковски
Дарио Марианели
КинематографијаСуки Меденчевиќ
МонтажаЏакобе Гамберини
Премиера1 јануари 2005
Времетраење89 мин
ДржаваМакедонија Македонија
 Италија
Јазикмакедонски
италијански
српски
бугарски
хрватски
босански
албански
руски
црногорски

Глумечка екипаУреди

Глумец Улога
Владо Јовановски Трендафил Каранфилов
Адолфо Марџота Сантино Џеновезе
Ѕвезда Ангеловска Ружа Каранфилова
Бранко Ѓуриќ Шефкет Рамадани
Сека Саблиќ Зумбула
Тони Михајловски Џанго
Миодраг Кривокапиќ Веселин Кабадајиќ
Никола Којо Осман Ризванбеговиќ
Владимир Ендровски Стипе Прикачин
Бранко Огњановски Серафим Каранфилов
Катерина Шехтанска Убава танцерка
Васко Тодоров Витомир
Наџи Шабан Карлито

РеакцииУреди

РецензииУреди

Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти." [3]

ГледаностУреди

Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија.[се бара извор]

БелешкиУреди

  1. „Бал-кан-кан“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.[мртва врска]
  2. „Бал-кан-кан“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  3. Денис Харви. „Bal-Can-Can (Бал-кан-кан)“. Списание Variety. Посетено на 2008-09-16. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врскиУреди