Михаел Голертс

белгиски велосипедист

Михаел Голертс (холандски: Michael Goolaerts; 24 јули 19948 април 2018) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел за професионалната континентална екипа Верандас Вилемс-Крелан.[1]

Михаел Голертс
Голертс на Гран при де Денен 2017
Лични податоци
Цело имеМихаел Голертс
Роден24 јули 1994(1994-07-24)
Лир,  Белгија
Починал8 април 2018(2018-04-08) (возр. 23)
Лил,  Франција
Висина1,86 м
Маса80 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2013
2015–2016
2016
Верандас Вилемс (стажант)
Лото-Судал У23
Лото-Судал (стажант)
Професионални клубови
2014
2017–2018
Верандас Вилемс
Верандас Вилемс-Крелан

При Париз-Рубе 2018, Голертс доживеал срцев удар. Бил однесен во болница во Лил, каде починал неколку часа подоцна.[2][3]

Животопис

уреди

Голертс се родил во Лир, а пораснал во Халар, Хејст оп ден Берг, каде станал член на велосипедскиот клуб Бален.[4] Го освоил покраинското хронометарско првенство во Антверпен во категоријата новодојденци во 2010 година.[5] Исто така, ја освоил оваа титула во јуниорска категорија во 2011 година.[6] Во 2012 година бил дел од екипата која го освоила јуниорското првенство во екипна потера[7] и екипен спринт.[8] Таа година исто така завршил осми во јуниорската верзија на Трката околу Фландрија.[8]

Се приклучил на екипата Верандас Вилемс како стажант во втората половина на 2013 година и обезбедил договор со екипата за следната година. Во 2015 година се приклучил на развојната екипа на Лото-Судал.[8]

Голертс се приклучил на Лото-Судал како стажант, започнувајќи од 1 август 2016 година, пред повторно да се приклучи на тогашната професионална континентална екипа Верандас Вилемс-Крелан за сезоната 2017. Го имал својот прв настап на Етоле де Бесеж,[9] и завршил меѓу првите десет на ГП Брик Схоте.[10] Таа година бил во раните бегства на Трката околу Фландрија, каде останал на чело на групата над 200 километри и на Хале-Ингоигем, каде неговите резултати биле пофалени од Том Бонен,[8] и на Париз-Тур.[11] На почетокот на сезоната 2018 завршил деветти на Дварс дор Вест-Вландерен.[12]

На 8 април 2018 година, Голертс започнал на неговиот прв Париз-Рубе. На третиот сектор со калдрма по 109 километри возење, доживеал срцев удар и се онесвестил на земја.[2] Бил оживеан од медицинските лица и пренесен со хеликоптер во болница во Лил.[13] Починал подоцна истата вечер.[3] Обдукцијата покажала дека доживеал срцев удар пред да падне од неговиот велосипед.[14]

Достигнувања

уреди
2012
1.   Национално велодромско првенство - јуниорски екипен спринт
8. Трка околу Фландрија за јуниори
2015
4. Париз-Шони
7. Национално хронометарско првенство под 23 години
2016
1. Етапа 1 Тур ди Лоар ет Шер
9. Национале Слејтингспрејс
2018
9. Дварс дор Вест-Вландерен

Наводи

уреди
  1. „Michael Goolaerts“. ProCyclingStats. Посетено на 9 април 2018.
  2. 2,0 2,1 „Paris-Roubaix: Michael Goolaerts dies after crash“. 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018 – преку www.bbc.co.uk.
  3. 3,0 3,1 „Michael Goolaerts dies following cardiac arrest at Paris-Roubaix“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 8 април 2018.
  4. Ван ден Лангенберг, Гуј. „RIP Michael Goolaerts: De dag dat woorden tekort schieten“. Het Nieuwsblad (холандски). Mediahuis. Посетено на 9 април 2018.
  5. „Provincial Championship Antwerpen, Road, ITT, Novices, Belgium 2010“. Cycling Archives. Посетено на 9 април 2018.
  6. „Provincial Championship Antwerpen, Road, ITT, Juniors, Belgium 2011“. Cycling Archives. Посетено на 9 април 2018.
  7. „National Championship, Track, Team Pursuit, Juniors, Belgium 2012“. Cycling Archives. Посетено на 9 април 2018.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Флечер, Патрик (9 април 2018). „Michael Goolaerts - Obituary“. cyclingnews.com. Посетено на 10 април 2018.
  9. „Etoile de Besseges: Arnaud Demare sprints to stage 1 victory“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 8 април 2018.
  10. „GP Memorial Briek Schotte - Desselgem“. nieuwsblad. Посетено на 9 април 2018.
  11. „Matteo Trentin wins Paris-Tours from late attack“. Cycling Weekly. Посетено на 9 април 2018.
  12. „2018 Dwars door West-Vlaanderen“. ProCyclingStats. Посетено на 9 април 2018.
  13. „Goolaerts suffers cardiac arrest at Paris-Roubaix“. CyclingNews.com. 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  14. „Goolaerts suffered heart attack before crash: autopsy“. AFP. 11 април 2018. Посетено на 12 април 2018.

Надворешни врски

уреди