Лакавица (област)

област во Македонија
(Пренасочено од Лакавичко)

Лакавица, се среќава и како Лакавичко и Лакавицата[1]) — географска и историско-етнографска област во Македонија која ја опфаќа долината на реката (Крива) Лакавица и околните планински падини[2] на планините Серта (Конечка) и Смрдеш. Најголемиот дел од областа потпаѓа во рамки на Општина Конче во Радовишко, а останатиот помал дел влегува во составот на Општина Штип.

Поглед на селото Лесковица во Лакавичката долина
Поглед на Лакавичката долина и висорамнина од падините на Серта над с.Лубница

Географија и местоположбаУреди

Лакавичката област се наоѓа во Источна Македонија односно се протега по целото течение на реката Крива Лакавица во правец од југ - југоисток кон север - северозапад, помеѓу Штип во долината на Брегалница на север и северозапад, Струмичко-радовишката Котлина на исток и југоисток, Валандовско-гевгелиската област на југ и Тиквешијата на запад.

ГранициУреди

Границата на североисток оди по билото на планината Смрдеш и нејзината огранка Еленица кои ја одделуваат од Радовишкото и Струмичкото Поле, од запад е оградена од Конечка Планина (Серта) која ја одделува од Неготинско односно Тиквешката Котлина, додека од југ е оградена од Градешка Планина која претставува продолжение и огранка на Серта. Во овие граници областа опфаќа површина околу 500 км2.

НаводиУреди

  1. Според кажување на жител на с.Дедино, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 02.04.2016. Забележано и од кажувања на жители на с.Лубница од Марио Шаревски на 10.12.2018
  2. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 442. ISBN 978-608-245-113-8.

Координати: 41°35′31″N 22°17′35″E / 41.59194° СГШ; 22.29306° ИГД / 41.59194; 22.29306