Оптичари

село во Општина Битола
(Пренасочено од Оптичари (село))

Оптичари — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Оптичари

Воздушен поглед на селото Оптичари

Оптичари во рамките на Македонија
Оптичари
Местоположба на Оптичари во Македонија
Оптичари на карта

Карта

Координати 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Пелагонија
Население 242 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02088
Надм. вис. 578 м
Слава Атанасовден
Оптичари на општинската карта

Атарот на Оптичари во рамките на општината
Оптичари на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Според една легенда се вели дека жителите на ова село произведувале опинци, односно биле опинчари, па со текот на времето овој збор се трансформирал во денешниот облик.[2]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 578 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 12 километри.[3]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од државниот пат А3 по селото Кравари.

Оптичари е полско село, југоисточно од градот Битола, кое е доста богато со ливади. Околни села се Поешево, Кравари и Жабени. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од два бунари, а извори во селскиот атар нема.[4] Денес, изграден е водовод за снабдување на населението со чиста и здрава вода за пиење.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Слатина, Крива Ливада, Анџиица, Белојца, Чаушица, Мангарица, Калдрма, Средорек, Воденички Пат, Тумба, Краешка, Градски Пат, Азмак, Лововардски Пат, Стари Лозја, Лапри, Деловите и Вачви.[4]

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Долно, Средно и Горно Маало. Маалата се малку оддалечени едно од друго.[4]

Историја

уреди
 
Куќа во Оптичари за време на Првата светска војна

Мештаните кажуваат дека некогаш во атарот на селото се наоѓале седум мали населби. Секое се наоѓало на по една „тумба“. Такви тумби биле: Горна Тумба, Афтарова Тумба, Долна Тумба, Слатина и други. Три тумби денес се наоѓаат во соседното Рибарско Блато. Во блатото една месност се нарекува Бачило.[4]

Некогашните мали населби наеднаш биле уништени и после тоа било основано денешното село. Основањето на селото изгледа било одамна, бидејќи во него има пет староседелски родови. Првиот пишан помен за Оптичари е од периодот меѓу 1650 и 1750 година.[4]

По Првата светска војна, во Оптичари биле населени шест српски семејства. Српските семејства биле иселени од страна на бугарските власти во 1941 година.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 16,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.530 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат 140 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат продавници.[3]

Во 1912 година тука се затекнати 40 македонски домаќинства, од кои половината биле чифчии, а половината рајати. Таа година чифлици имале: Мемиш-ага, Шаќир-ага, Идриз-бег, Рифан-ефенди, Абдула, Малик, Салија и Рашид, сите од Битола. По 1912 година, земјата била разделена на жителите по основа на аграрната реформа.[4]

Во минатото, на месноста Анџиица југоисточно од селото, се наоѓал ан, во кој доаѓале патници на стариот пат од Битола кон југоисток. Сообраќајот на овој пат прекинал со изградбата на железничката пруга Солун-Битола, а со тоа се затворил и анот.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948503—    
1953528+5.0%
1961712+34.8%
1971745+4.6%
1981851+14.2%
ГодинаНас.±%
1991442−48.1%
1994326−26.2%
2002317−2.8%
2021242−23.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Оптичари живееле 380 жители, сите Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Оптичари се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 55 куќи.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Оптичари имало 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Оптичари е средно село по големина на населението, но со опаѓање на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 712 жители, од кои 703 биле Македонци, а осум жители Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 326 жители, а селото е населено само со македонско население.[3]

Според пописот од 2002 селото броело 317 жители, од кои 316 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 242 жители, од кои 233 Македонци и 9 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 480 503 528 712 745 851 442 326 317 242
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Оптичари е македонско православно село. Во минатото некое време во селото живееле и муслимански родови, турски и албански. Повеќето родови во селото се доселени.[4]

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Чекановци (5 к.), Аневци (2 к.), Мурговци (2 к.), Пајкаровци (2 к.) и Кукајца (1 к.);
    • Доселеници: Коларовци (1 к.), доселени се од некое село во Железник, овој род отсекогаш имал 1 куќа; Тупачовци (4 к.), доселени се од селото Обедник во Железник; Стојчевци (6 к.), доселени се од прилепското село Обршани; Иловци (1 к.), доселени се во турско време од селото Кравари; Милевци (5 к.), потекнуваат од селото Обедник во Железник, од Обедник најпрво се населиле во Кравари, а од Кравари во Оптичари; Станковци (5 к.) за нив се вели дека се Брсјаци, доселени се од некое село во Железник; Боротинци (1 к.), доселени се од Горно Оризари, подалечно потекло од селото Боротино; Чадија (1 к.), се викаат и Добромирци, доселени се од селото Добромири; Манчевци (3 к.), доселени се од селото Трн; Клаповци (2 к.), доселени се од селото Могила; Ракомот (1 к.), доселени се од селото Трн; Кураш (1 к.), доселени се од селото Поешево; Таневци (2 к.) доселени се од селото Новаци; Ѓентовци (2 к.), доселени се од селото Трн; Копановци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Новаци; Думлиовци (1 к.) се викаат и Марулци, доселени се од селото Марул; Чарлинци (3 к.) родот го основал Ѓоре кој се доселил од Долна Чарлија; Чичкаровци (2 к.) доселени се од селото Трн; Тасевци (1 к.) доселени се од селото Новаци; Ранакот (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Буково; Ванчовци (2 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Новаци; Преспанци (1 к.) доселени се 1927 година од селото Граждено во егејскиот дел од Преспа, таму се викале Петрејчинци; Павлевци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, некое време живееле и во Долно Егри, од Долно Егри дошле во Оптичари во 1936 година; Бошко (1 к.) доселен од селото Долно Егри во 1937 година; Божин (1 к.) доселени се 1941 година од селото Средно Егри, таму се ист род со Шишаковци, кои биле старинци; Маџарот (1 к.) доселен основачот на родот како домазет во 1935 година од селото Ношпал; Пановци (2 к.) доселени се 1924 година од селото Орехово, старинци се во Битолско; Котевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1935 од Долно Егри; Винарот (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Новаци во 1918 година; Кичевци (2 к.) доселени се од кичевското село Душегубица; Јошевци (3 к.) доселени се 1945 година од селото Церје во Мала Преспа; Нешковци (4 к.), Шолевци (3 к.), Јунаковци (3 к.) и Николовци (1 к.), доселеници од непозната старина, првиот род потекнува од домазет, во родот Николовци имало потурчена жена.
  • Муслимански родови: Маликовци (3 к.), доселени се од селото Бела Црква, зборуваат албански, но се издаваат за Турци; Реџеп (1 к.), доселен како домазет во 1941 година од некое албанско село во околината на Битола; Музафер (1 к.) доселени од некое село во Кичевско, зборуваат албански; Алитовци (1 к.) доселени се 1950 година од селото Коџаџик, зборуваат турски.

Иселеништво

уреди

Иселеници има во Долна Чарлија (Вртковци, 8 к.), Карамани (Миленковци, 2 к.) и во Кравари (Тутунџиовци, 1 к.).[4] Од родот Преспанци две семејства се преселиле во Битола.[4]

Населението се иселувало во градовите Битола и Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Општествени установи

уреди
 
Домот на културата во селото

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Оптичари било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Бистрица.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната општина Логоварди, во која покрај селото Оптичари се наоѓале селата Долно Оризари, Карамани, Логоварди, Поешево и Трн.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0152 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 251 гласач.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[19][4][20]
  • На Тумба — населба од неолитско време;
  • Трн Тумба — населба од неолитско време;
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Југ I — населба од неолитско време;
  • Југ II — населба од неолитско време;
  • Југ III — населба од неолитско време;
  • Исток I — населба од неолитско време; и
  • Исток II — населба од неолитско време.
Цркви[21][22]
Параклиси
Реки[23]

Редовни настани

уреди
Слави[2]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Оптичари

Култура и спорт

уреди

Во Оптичари постои фудбалскиот клуб „Младост“.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2024-10-02. Посетено на 2024-10-02.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 220. Посетено на 2 октомври 2024.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 184-186. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 236.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 168-169.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 октомври 2024.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 3 октомври 2024.
  19. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 38. ISBN 9989-649-28-6.
  20. Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, Нови предисториски тумбиво Пелагонија, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. „Оптичари“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 30 декември 2021.
  23. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 39. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  24. Нова книга од Македонката од Мелбурн: Вечна светлина над Македонија. Архивирано од изворникот на 2021-06-15. Посетено на 2017-10-24.

Надворешни врски

уреди