Ицо Најдовски
Ицо Најдовски е австралиски научник и активист на македонската заедница во Австралија...
Животопис
уредиНајдовски Перин е роден во битолското село Оптичари. Во 1985 година ја напуштил Македонија и живее во Мелбурн, Австралија. Таму веднаш се вклучил во македонското движење. На Викторија универзитетот во Мелбурн (насока Историја и мултикултура) се здобил со неколку дипломи а во 1997 година магистрирал на тема: “Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија”. Тој е магистер по мултикултура и историја, а 22 години предава македонски и англиски јазик јазик во повеќе средни училишта. Оценувач е на завршните испити на студентите по македонски јазик, во рамките на Министерството за образование на Викторија. Познат е по своите ставови против дејствата на Владиката Петар во Австралиско-новозеландската епархија[1].
Библиогрфаија
уредиПокрај магистерскиот труд Најдовски има истражувано во Викторија универзитетот неколку години и ги има напишано следните научни трудови:
- „Одржување на Македонскиот јазик и македонската младина”,
- „Сопредба на три етнички групи: Македонците, Либанците и Холанѓаните”,
- „Првата Македонска генерација: Интеграција или асимилација”,
- „Македонците во Викторија”
Докторира на Институтот за национална историја, Македонија на тема: “Македонско - Австралиски Народен Сојуз (1946-1958).
Наводи
уреди- ↑ Аџиевски, Милан (22 јуни 2009). „Ицо Најдовски против владиката Петар“. Форум. Посетено на 2009-11-08.
Надворешни врски
уреди- Интервју со Најдовски Архивирано на 9 јули 2008 г. - Македонско Сонце