Тумба (Оптичари)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Тумба“
| |
Местоположба | 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Оптичари |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото и 7 км источно од патот Битола-Лерин, како и на околу 1,5 км западно од коритото на Црна Река. Во основата има пречник од 240 × 240 м и зачувана височина од 4,5 м. Во 1988 година е вршено сондажно ископување при што е утврдена повеќеслојна населба од времето на раниот и средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Откриен е голем број подвижни предмети, и тоа: фрагменти од керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- На Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Трн Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Оптичари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678