Државна изборна комисија


Државната изборна комисија или ДИК според Уставот на Република Македонија е надлежна за спроведување на сите избори во Република Македонија. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира Собранието на Република Македонија, по претходен политички консензус.

Државна изборна комисија
Лого на комисијата
Податоци за органот
Надлежност Собрание на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 119[1] (2016)
Мрежно место
sec.mk

Избор и состав

уреди

Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Тие функцијата ја вршат професионално, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

Досегашни претседатели на ДИК

уреди

Досегашни претседатели на ДИК биле:[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
  2. „Непартиски човек, стручен и отпорен на притисоци“[мртва врска], „Нова Македонија“
  3. Службен весник на СРМ, 31/1990, 25 стр.
  4. Службен весник на РМ, 48/1994, 3-4 стр.
  5. „Никола Рилковски – нов претседател на ДИК“ Архивирано на 9 февруари 2014 г., „Телеграф“, 21 ноември 2013.
  6. „Оставки на Чичаковски, Дума и Милев од ДИК“. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 2017-12-11.
  7. Собранието го избра новиот состав на ДИК
  8. Александар Даштевски е нов претседател на ДИК

Надворешни врски

уреди