Исток II (Оптичари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Исток II

Карта

Местоположба 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083
Основни податоци
Место Оптичари
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Исток II археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. Во близина на веќе истраженото наоѓалиште „Тумба“ се пронајдeни уште две нови помали тумби кои поради своите позиции најверојатно претставуваат дел од една населба. Тие се наоѓаат на 3 км источно од „Тумба“, а сместени се веднаш една до друга. Иако можат да се констатираат две засебни помали тумби, сепак набљудувани од страна тие функционираат како едно наоѓалиште. Единствено преку идни истражувања би можело да се утврди дали тие биле активни во исто време или пак едната била основана подоцна и постепено странично се напластила врз постарата тумба. Во секој случај, и за двете тумби се земени независни коти, иако е пресметана вкупната површина што тие заедно ја зафаќаат. Во источниот дел, едната од нив е пресечена од канал за наводнување, така што пресметената зафатнина не ја дава целосната слика за вкупната површина. Што се однесува до археолошкиот материјал, се забележува присуство на предисториска и античка керамика. Дел од овој материјал има истакнато груба и невообичаена фактура со мноштво примеси на калцити, па не може да се утврди дали керамиката е неолитска, бронзенодобна или пак средновековна[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди