Церје
Церје — село во Општина Пустец во Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа.
Церје | |
---|---|
Село | |
Координати: 40°44′58″N 20°58′32″E / 40.74944°N 20.97556°E | |
Држава | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Пустец |
Општинска единица | Пустец |
Население (2000) | |
• Вкупно | 252 |
Час. појас | Средноевропско време (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | Средноевропско летно време (UTC+2) |
Географија и местоположба
уредиЦерје е село во областа Мала Преспа, која денес е под Албанија. Атарот на селото граничи со атарите на следните села: од север со Зрновско, и со територијата на Република Грција, во тој склоп со селата Граждено, и некогашното село Орово, од југ со Ракицко и Мачуришта, на запад со селото Ѕвезда.[1]
Топонимија
уредиОва е список на позначајните топоними во Церје и неговата околина:[2]
Бого Поле, Ваковското, Влашка Вода, Гини Вода, Гробиштата, Гумејнца, Дабјето, Зеленото, Иван, Илија, Јанкулоите, Кленче, Кончината, Крај, Лазоите, Крушите, Орлои Ливади, Пијојте, Преслапката, Репреи Круши, Ридишта, Тодорица, Трлиштата, Тумејнца, Церје.
Историја
уредиЦерје е старо повеќевековно село, за селото се вели дека ја има преместено својата местоположба, за претходна местоположба на селото се спомнува месноста Ридиштата, која се наоѓа 0,3 км источно од денешната. Се вели дека тогаш селото целосно се раселило, а потоа пак било населено со население кое дошло од околните села (Орово, Граждено, Нивици, Зрновско и други)
Во ова село е роден Божин Спасов кој учествувал во Македонското востание.
Пред почетокот на Втората светска војна, во 1939 година, селото останало во Кралството Албанија кое почнало да биде управувано под Италија, со што селото се нашло во зафатот од Грчко-италијанската војна (1940-1941). Церјани биле мобилизирани во албанската војска, а имало и загинати. По капитулацијата на Италија во 1943 година, Церје било слободна територија на НОАД Албанија. Во почетокот на 1943 година, борците на одредот „Даме Груев“ основале НОК, а во април 1944 година, на пат за Дебрца, низ селото поминале и борците на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во текот на оваа војна како борци на албанската НОАБ се вклучиле 4 борци.[1]
Стопанство
уредиДемографија
уреди1900 година според Васил К’нчов селото броело 120 православни Македонци.[3][4]
Година | Население |
1900 | 120 |
1926 | 98 |
1945 | 175 |
1960 | 250 |
1969 | 308 |
1979 | 308 |
1989 | 297 |
2000 | 252 [5] |
Родови
уредиЦерје е чисто македонско православно село, во него живеат следните македонски родови:
Гочевци, Гујовци, Доневци, Журковци (доселени од Пустец), Лазаровци (доселени од Орово), Наумовци, Спировци, Спирковци, Штерјовци (доселени од Нивици), Ридовци, Танасковци (Сотировци), Трповци (доселени од Граждено), Трајковци и Цветковци.[1]
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Ксеанела Сотирофски (р. 9 август 1979) — ректорка на универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч;[6][7]
- Јован Шкмби (р. 28 јануари 1954) — претседател на друштво „Преспа“, огранок Поградец, советник од Македонска алијанса за европска интеграција во советот на општина Поградец;[8]
- Сотир Неделко Јошев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје. стр. 505-506-507-508-509.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 506. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ [1] Архивирано на 15 мај 2007 г.
- ↑ [2] Архивирано на 11 февруари 2012 г.
- ↑ Organet Drejtuese[мртва врска]
- ↑ „Kseanela, dekania që beson te politika e moralshme dhe angazhimi qytetar“. Архивирано од изворникот на 2016-05-12. Посетено на 2016-12-11.
- ↑ Екслузивно интервју за весникот „Илинден”: Јован Шкмби
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)