Географија на Луксембург
Луксембург е планинска земја во Западна Европа.
Граници
уредиВкупната површина на земјата изнесува 2 586 км2, и според тоа се наоѓа на 166 место по големина во светот. Се граничи со Белгија на север и запад, со Германија на исток и со Франција на југ.
Главниот град Луксембург е најголемиот во државата со околу 90 000 жители.
Население
уредиСпоред пописот, вкупното население во Луксембург изнесува 465.000 жители. Густината на населеноста е 171 жит/км2.
Клима
уредиНа северниот дел на државата се наоѓаат Ардените. Тоа е место со ниски планини. Т.н. Кноф го формира највисокиот дел од земјата со 560 метри, иако Бургплац е многу по познат. Останатиот дел од земјата е низински. Јужниот дел на земјата е погоден за градежништво. Овој дел од земјата е познат и како Гутленд. Границата со Германија е создадена од реките Оур, Алзет и Мозел. Други поголеми места се Еш на Алзет и Ехтернах.
Климата во Луксембург е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска.