Луксембуржани ( луксембуршки: Lëtzebuerger ) се мали германски жители кои живеат во Луксембург и во соседните земји (Франција, Белгија и Германија). Надвор од нивната матична земја, ги има најмногу во САД, Бразил и Канада . Луксембужаните по религија се христијани и се католици. Службениот јазик е луксембургшки, член на германската гранка на индоевропското семејство на јазици.

Локација

уреди

Повеќето етнички Луксембуржани живеат во Големото Војводство од Луксембург, мала држава во Европа помеѓу Германија, Франција и Белгија и се од келтско/гало-римско и германско (француско) потекло. Повеќето зборуваат луксембуршки јазик, како свој мајчин јазик, покрај францускиот и германскиот. И покрај прилично малиот број Луксембуржани, постои релативно голема дијаспора, во Европа и на други места. Особено има популација во околните земји на Белгија, Франција и Германија. Во најголем дел ова се должи на историски причини, особено на трите Поделби на Луксембург, што доведуваат до тоа поранешните територии на Луксембург да бидат вклучени во секоја од трите околни земји.

Исто така, има значајно население во Америка, со најголем контингент во Соединетите Американски Држави. Сепак многу луѓе со Луксембуршко потекло исто така живеат во Канада и Бразил, на кои големи бранови се иселиле Луксембуржаните во XIX век, како и Германците во исто време. Други мигрирале во Унгарија заедно со Германците, за време на првата фаза на Продорот на исток во 12 век. Трансилванските Саксонци и Банатските Германци се потомци на овие доселеници.

Историја

уреди

Луксембуржаните имаат силно чувство за национален идентитет што го рефлектираат во своето национално мото Мir wëlle bleiwe wat mir sin, односно Ние сакаме да останеме оние кои сме . Луксембург е мала држава во Западна Европа. Затворена е од границите на Франција, Германија и Белгија, воспоставено во 963 година станува големото војводство од 1815 година, но во 1839 година губи голем дел од територијата во корист на Белгија. Целосна независност стекнува во 1867 година. Наследството на современите луксембуржани произлегува во најголем дел од Келтите, Франките и другите германски народи кои ја минале оваа важна крстосница за време на пред и после римската окупација.

Јазик

уреди

Луксембуршкиот јазик ( луксембуршки: Letzeburgesch , англиски: Luxembourgisch ) е германски дијалект со многу позајмени зборови од француски јазик, тоа е јазик на луѓето, нивниот идентитет и припадност на заедницата. Сепак, покрај луксембуршкиот има иште два службени јазика, германски, што се користи во трговија, новинарство и црква, и француски во администрација, влада и суд, соодветно.

Култура

уреди

Прослави и празници

уреди

Луксембуржаните имаат еден од највисоките стандарди во светот. Нивните најзначајни празнувања се составен дел од културата на Луксембуржаните. Покрај карневалите кои се одржуваат шест дена по Божиќ, има и луксембуршки: Buergbrennen (следниот ден по Божиќ) кога запалуваат голем оган под отворено небо. Традиционално, уште од античко време ( 1340 година ) се одржува луксембуршки: Shueberfouer основана од Јован Слепи, Национален ден ( 23 јуни ), Гензефест и Белата недела англиски: Whitsunday  ; 7 недели по Велигден), и винските фестивали кои почнуваат во август.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Kurian, George T. (1990). Encyclopedia of the First World. 2 vols. New York: Facts on File.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди