Ехтернах (луксембуршки: Iechternach или месно Eechternoach) — општина со градски статус во кантонот Ехтернах, во Источен Луксембург. Ехтернах се наоѓа во близина на границата со Германија и е најстариот град во Луксембург.

Ехтернах
Echternach

Iechternach  (луксембуршки)
Општина
Грб на Ехтернах Echternach
Карта на Луксембург со Ехтернах во портокалова и кантонот во темноцрвена боја
Карта на Луксембург со Ехтернах во портокалова и кантонот во темноцрвена боја
Држава Луксембург
КантонЕхтернах
Управа
 • ГрадоначалникКарол Хартман
Површина
 • Вкупна20,49 км2 (7,91 ми2)
Ранг55-ти од 100
Најг. вис.&10000000000000393000000393 м
 • Ранг56-ти од 100
Најм. вис.&10000000000000154000000154 м
 • Ранг9-ти од 100
Население (2023)
 • Вкупно5,870
 • Ранг25-ти од 100
 • Густина290/км2 (740/ми2)
 • Ранг27-ми од 100
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
ЛАЕ 2LU0001005

Историја

уреди

Градот растел околу Опатијата Ехтернах, која била основана во 698 година од Свети Вилиброрд, англиски монах од Рипон, Нортамбрија (во денешен Северен Јоркшир, Англија), кој станал првиот епископ на Утрехт и работел на христијанизирање на Фризите. Како епископ, тој бил опат на манастирот Ехтернах до неговата смрт во 739 година. Во негова чест е што значајната Танцувачка поворка на Ехтернах се одржува секоја година на Духовденски вторник.

Реката Зауер која тече покрај градот сега ја определува границата меѓу Луксембург и Германија. Во подоцнежното Римско Царство и под Меровинзите напротив, Зауер не образувал граница или марка во оваа област. Римската вила во Ехтернах (чии траги биле повторно откриени во 1975 година) била позната како најголемата северно од Алпите. Ехтернах подоцна бил дел од Изборното Кнежевство Трир (денешна Германија) и му бил поклонет на Вилиброрд од Ирмина (Ирмине), ќерка на Дагоберт II, кралот на Франките. Другите делови од римското наследство на Меровинзите ѝ биле поклонети на опатијата од кралот на Франките Пипин Кусиот.

Ехтернах продолжил да има кралско покровителство од куќата на Карло Велики. Иако монасите биле раселени од каноните на епископот од Трир помеѓу 859 и 971 година, и иако зградите на Вилиброрд изгореле во 1017 година, романескната базилика, со своите симетрични кули, во нејзината крипта до ден-денес се наоѓа гробницата на Вилиброрд. Библиотеката и скрипториумот на опатијата биле со европска репутација. Како што цветал, градот Ехтернах се ширел околу надворешните ѕидови на опатијата и добил градска повелба во 1236 година. Опатијата била повторно изградена во убав барокен стил во 1737 година. Во 1794 година црквата била ограбена и опатијата била користена како фабрика за порцелан. Во 1797 година, во пресрет на Француската револуција, монасите биле расфрлени, а содржината на опатијата и нејзината позната библиотека биле ставени на наддавање. Некои од раните ракописи на библиотеката, како што се познатите Евангелија на Ехтернах, сега се наоѓаат во Националната библиотека во Париз. Во 19 век, во опатијата била основана фабрика за порцелан и градот пропаѓал, сè додека појавата на железницата не донела обновен живот и прилив на туристи.

За време на завршните месеци од Втората светска војна во Европа, на 16 декември 1944 година, Ехтернах служел како најјужна точка на борбениот фронт ва обидот на германските сили на Вермахт кои ги напаѓаа сојузниците да го вратат Антверпен, за време на Арденската битка. Градот бил тешко оштетен во Втората светска војна, но бил темелно обновен.

Култура

уреди

Во Ехтернах има две главни цркви. Поголема е опатиската базилика Свети Вилиброрд, која преживеала од изворната опатија и е споменик на романо-готската архитектура.[1] Базиликата сега е опкружена со опатијата од осумнаесеттиот век (денес средно училиште) и се наоѓа во срцето на историското средиште на градот. Другата е парохиската црква Свети Петар и Павле, под чиј олтар лежат посмртните останки на Свети Вилиброрд.[2] Блискиот Праисториски музеј ја следи историјата на човештвото во изминатите милион години.

Галерија

уреди

Знаменити луѓе

уреди
 
Жил А. Хофман, 2011 година

Политичари

уреди
  • Каспар Матијас Спу (1837–1914), луксембуршки индустријалец и политичар.
  • Роберт Шафнер (1905–1979), луксембуршки политичар, двапати градоначалник на Ехтернах, 1945-1947 и 1970-1979 година.
  • Мари-Жозе Франк (родена 1952 година во Ехтернах), луксембуршка политичарка.
  • Марсел Клин (роден 1939), луксембуршки политичар.
  • Фернанд Боден (роден 1943), политичар од Луксембург, министер 1979–2009 година.

Наводи

уреди
  1.   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Echternach“ . Encyclopædia Britannica. 8 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 884.CS1-одржување: ref=harv (link)
  2. Chisholm 1911.

Надворешни врски

уреди