Карневал
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Карневал (Carnaval, Carnevale, Carnaval, Karneval, и Carnaval на португалски, италијански, француски, холандски и шпански јазик) е празничен период кој се одржува веднаш пред Божиќниот пост; главните настани обично се случуваат во јануари и февруари. Карневалот вклучува јавна прослава или парада комбинирана со некои елементи од циркус, маски и јавна улична забава. Во текот на овие прослави луѓето често се маскираат, што не е случај во секојдневниот живот.
Карневалот е фестивал кој традиционално се одржува во католичките и православните општества. Протестантите обично немаат карневалски прослави или имаат изменети традиции, како што се Данскиот карневал или други настани како денот Дебел вторник. Бразилскиот карневал е еден од најпознатите прослави денес, но многу градови и региони ширум светот се прославени со големи и популарни настани кои траат со денови. Овде се вкучени Карневалот во Венеција, Италија, германските карневали Ринеланд, со ставен акцент на карневалот во Келн; карневалот во Санта Крус де Тенерифе, Канарски Острови; карневалот во Капе Верде; во Торес Ведрас, Португалија; Рио де Жанеиро, Бразил; Риека, Хрватска; Баранквила, Колумбија; Јамајка; Карневал и Љамадас во Монтевидо, Уругвај и карневалот во Тринидад и Тобаго. Во Соединетите Американски Држави, познатите Марди Гра прослави во Њу Орлеанс, Луизијана и Мобил во Алабама, нè враќаат во времињата на француските и шпанските колонии.
Историја
уредиТрадиционално, во христијанството, карневалот ја означува последната можност да се прослави со специјална храна пред да започне Божиќниот пост. Периодот на Божиќен пост во црковниот календар, кој е шест недели пред Божиќ, е одбележан со постење и други побожни обичаи. Традиционално, за време на Божиќниот пост не се одржуваат никакви забави ниту пак прослави и луѓето се воздржуваат од јадење богата храна како месо, млеко, маснотии и шеќер. Четириесет денови пост, што ни даваат приказ за четириесетте дена што Исус ги поминал во немилост, служат да го означат годишното обраќање кон Господ и религиозната дисциплина. Во деновите пред Божиќниот пост, богатата храна и пијалак треба да бидат отстранети. Потеклото на карневалот е всушност од овие гигантски забави во кои е вклучено целото општество.
Карневалите се составен дел од Христијанскиот календар, особено во католичките региони, но некои карневалски традиции датираат уште од времето пред Христос. Веројатно, древните римски фестивали Сатурналија и Баханалија се вклучени во денешниот италијански карневал. Сатурналија пак, веројатно е заснована на грчките фестивали Дионисија и Ориентал. Средновековните церемонии и фестивали, како што е Корпус Кристи, беа прослави прифатени од црквата, а и карневелот беше манифестација на средновековната фолк култура. Многу локални карневалски обичаи се засновани на локални ритуали од времето пред Христос, како на пример деталните обреди кои вклучуваат маскирани ликови во Швапско - Алеманскиот карневал.
Некои од најпознатите обичаи како што се карневалските паради и маскенбали, прво беа забележани во средновековна Италија. Долго време карневалот во Венеција беше најпознат карневал. Од Италија, карневалските традиции се раширија во католичките народи во Шпанија, Португалија и Франција. Од Франција, се проширија во Ринеланд во Германија и до Нова Франција во Северна Америка. Од Шпанија и Португалија, со католичката колонизација, се проширија до Карибите и до Јужна Америка. Карневалот во Бинче се прославува на источниот брег на Австралија, каде традиционална храна се морковите и јаболките. Во Велика Британија, западно-индијанските имигранти со себе ги донеле традициите од Карипскиот карневал. Карневалите кои сега се слават во Нотинг Хил, Лондон; Лидс, Јоркшир и на други места, се одделени од својот циклус во религиозната година и станаа целосно световен настан кој се одржува во летните месеци.
Траење и поединечни празници
уредиПоради тоа што почетниот ден на Карневалот варира, фестивалите обично се подготвуваат за крешендо во неделата пред постите, а завршуваат на Марди Гра (Дебел вторник), пред Пепелава среда, почетокот на постите. Според Амброзиските обреди на Милано (Италија), карневалот завршува во саботата по Пепелава среда (Ash Wednesday). Во областите каде луѓето се приврзаници на источно-православното христијанство, карневалот завршува во недела, седум недели пред Велигден, бидејќи во Источните традиции постот започнува на Чист понеделник. Најчесто, сезоната започнува на Септуагесима, првата недела пред Пепелава среда. Во некои места започнува рано како и Дванаесетта ноќ (Twelfth Night) (6 јануари) или пак во ноември. Обично, најважните прослави се одржуваат во последните денови од сезоната пред Пепелава среда.
Потекло на поимот
уредиПотеклото на името „карневал“ е спорно. Според теоријата, потекнува од старогрчката претставка carn („јадач на месо“), а се однесува на кола во религиозните паради, како и на кола во религиозна колона при годишните празнувања во чест на Богот Аполон. Други извори покажуваат дека името доаѓа од италијанското carne levare, што значи „да се отстрани месото“, бидејќи за време на постот месото е забрането. Сосема друга теорија тврди дека зборот доаѓа од доцнолатинскиот израз carne vale што значи „збогување со месото“ и ги означува последните денови во кои може да се јаде месо пред да започне прославувањето на постите. И друг превод го опишува carne vale како „збогување со месото“, фраза прифатена од одредени карневалски прослави кои го поттикнуваат напуштањето на поранешната (или секојдневната) и прифаќањето на безгрижната природа на фестивалот.
Карневал во различни места
уредиМакедонија
уредиСтрумички Карневал
уредиСтрумичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери. Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија, посветена на армасаните (верени) девојки. Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник. Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка, маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник. Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патописец Евлија Челебија. До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал, а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување, но по неколку годишна успешна организација, организираната форма е укината, но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано.[1]
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на Струмичкиот Карневал. Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските градови FECC а во 1998 година беше домаќин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови. Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка и размена на групи со повеќе земји.
Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име к а р н е в а л, од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се направи реска дистинкција, односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејќи по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време. Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ), како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови, желбата за здравје, плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата првична односно изворна, паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска, која што сѐ уште ја паметат најстарите струмичани, бидејќи карневалот од кои и да е причини, кои се сѐ уште во сферата на претпоставки, се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните, а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно верените, потоа циган и циганка со бебе, со значење како циганите имаат по многу деца, така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со, со опашка од вол или некое друго животно, со вила во рацете, кого сите го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.
Друга одлика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со претходната е наследството на бројните еротски елементи, песните исполнети со еротски мотиви, содржини и зборови, препознавањето на момчето по големиот фалус, направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка, односно упатување и подготвување на невестата за идниот брачен и сексуален живот. Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти, гитарата, армониката, дајрето, кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение.
Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија, односно една посовремена, модерна димензија, со некои влијаниjа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер, добива една друга посовремена конотација, меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува. Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани, кои се исто познати и како големи љубовџии, а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат, односно се вклучени сите структури, социјална, старосна и полова структура на учесниците. Маските се по избор на самите учесници. Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање, додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група.Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски. Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци, па и повеќе пред самиот карневал. Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Во овие денови целиот град живее со и за карневалот. Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот, како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката, па и од странство, кои ја гледаат оваа многу привлечна и прекрасна традиција. Така бројот на учесниците во карневалот, како и посетителите од година на година почна енормно да се зголемува.
Вевчански карневал
уредиВевчанскиот карневал стар повеќе од 1800 години претставува интересен спој меѓу паганското и современото. Се одржува на 13-ти и 14 јануари( во очи на Новата Година според стариот календар). Главни одлики на карневалот се: архаичноста, мистичноста и импровизацијата. По своите специфични особини се разликува од сите останати карневали во светот. Местото на карневалското случување е Вевчани, кое за време на неговото одржување се претвора во своевиден „тетатар без граници“ каде што секоја куќа и улица е сцена каде маскираните ги изведуваат своите игри како вистински глумци. Постојат три традиционални маски: Зет и Невеста, Глупи Август и Музичари. Останатите маски во суштина се помали или поголеми карневалски групи кои со костимите, гестовите и движењата обично ги исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од секојдневниот живот. Особено е крактеристична улогата на Глупи Август. Оваа маска обично ја носат млади луѓе полни со енергија кои со публиката комуницираат со невообичаени движења и гестови но и со карактеристичен врисок.[1]
За времетраењето на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода и занес во „ Поставувањето на светот наопаку“, слобода во која до израз доаѓа креативноста на духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање. Службено, во карневалот не учествуваат жени. Тие сепак се маскираат, но на крајот не ги симнуваат маските како останатите.
Во 1993 година, Вевчанскиот карневал, односно Вевчани станува член на ФЦЦ-асоцијација на светските карневалски градови во кое Вевчани на големо негодување на Грција, ја внесе Македонија под своето уставно име. Веднаш потоа се оживотворува иницијативата на Вевчани за национална карневалска асоцијација, во која влегуваат и Струмица, Прилеп и други места каде се настојува да се оживее карневалската традиција. Прв претседател на Македонската карневалска асоцијација беше сегашниот градоначалник на Вевчани- Васил Радиноски. Вечанскиот карневал набрзо потоа преку своите претставници и карневалски групи се претставува и на други места во светот, но и во Вевчани се претставуваат карневалски групи од други земји.
Карневалот во Вевчани беше повод во 1996 година на местото на настанот да се одржи семинар на тема – “Обичаи под маски”, со учество на домашни и етнолози од повеќе европски земји, кои од карневалот, на јавноста и ги издвоија основните одлики- традиционалните маски, појавата на ликови од општествениот живот, но и елементите кои го сочинуваат првобитниот слој на обичајот. Се разбира тие дадоа и свое видување и за новините инкорпорирани во традиционалниот обичај. На вевчанскиот карневал, своевиден “театар без ѕидишта”, не му се случило да ја одложи претставата. Тој од година на година сè повеќе го предизвикува интересот на јавноста како во земјата така и во светот.
Покрај самите глумци во неговата афирмација учествуваат бројни новинарски екипи, сниматели и фоторепортери. На почетокот на осумдесеттите години Вевчани го посети и францускиот етнолог и фоторепортер Жан –Мари Стенлен, кој во 1984 година во париски “Бобур”, но и во други културни центри во Европа на културната јавност и понуди репортажа од Вевчани, во која тој со чувство на уметник ги овековечи карневалските настани. Маските и сеансите тој ги има снимено спонтано и со голема вештина и на светот му понуди документ за вевчанската посебност, во која моделите егзистираат во совршената едноставност на вевчанските екстериери. Неколку фотографии на оригинални маски од вевчанските карневали, од овој автор, најдоа свое место и во големата енциклопедија на европските карневали, публикувана во Париз во 1986 година.
За времетраењето на карневалот,вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во единствената претстава обилно залиена со црвено вино, во која има место за секој добронамерник со карневалски дух.
Азија
уредиИндија
уредиВо Индија, карневалот се слави во две држави: Гоа и Керала.
Гоа (што беше португалска колонија) има долга традиција во славење „Carnivaal“ со шарени маски и украсени подвижни платформи. Во градот Лоутулим се одржува најголемиот карневал каде што можат да се видат расположени жители на улиците на кои се слуша удирање на тапани и одекнувачка музика. Прославата трае три дена и кулминира со карневалска парада која се одржува на „Дебел вторник“.Учествуваат и голем број на туристи. Танчерските групи ги изведуваат скитовите пред да почнат да се прскаат со вода. По веселбата, песните и танците, одличната храна и доброто вино се добредојдени. Кога ќе заврши забавата, народот ужива во вкусната гоанска кујна на шведска маса за вечера. Спротивно на тоа пак, државата Керала има многу поинаков начин на прославување. Фестивалот се вика „ Раса“ (што на санскрит и на раномалајски значи забава). Не се носат маски, но има музика и веселба, понекогаш придружени и со огномети. Раса се организира во вторникот пред Пепелава среда од страна на локалните католички цркви и обично кулминира со јавна маса или маса водена од црквата. И покрај тоа што најголемиот број сириски и римско-католички христијани само земаат учество во Раса парадата (што се смета за религиозен дел), и хиндусите и муслиманите се приклучуваат на христијанската јавна маса за да гледаат или да слават со нив. На крајот на прославата нема храна, но некои цркви организираат огномети. И покрај тоа, за церемонијата „ Чембедупу“ (Chembeduppu), луѓето служат недоварен или воопшто неварен ориз во големи бакарни садови („Chembu“) кои се чуваат во црквата. Бакарните садови со недоварен ориз се земаат за Раса процесијата од страна на верниците придружени од традиционален црковен оркестар. Исто така, при Раса процесијата се носат и златниот и сребрениот крст како и папското и католичкото знаме.
Европа
уредиБелгија
уредиМногу белгиски градови слават карневали, обично со паради во костими, забава и огномети. Главната парада за карневалот во Бинче се одржува три дена пред постите. Најважните учесници се Гилите кои на Марди Гра излегуваат во своите традиционални костими и фрлаат црвени портокали на народот. 3 Карневалот во Бинче има историја која датира уште од 16 век. Во 2003 година тој беше признаен за едно од ремек-делата на усно и неопипливо наследство на човештвото од страна на УНЕСКО. 4 Други големи карневалски прослави се одржуваат во Ааласт и Малмеди. Во некои белгиски градови карневали се одржуваат подоцна, за време на постите. Еден од најпознатите е Ставелот, каде што Карневал де ла Лаетаре се одржува во четвртата недела од постите. Најпознатите учесници се Бланкс-Маусис (Blancs-Moussis), кои се облечени во бело и носат долги црвени носови. Тие парадираат низ градот, фрлаат конфети и ги удираат гледачите со исушени бешики од свињи. Друга голема карневалска прослава во неделата, се одржува во Хале.
Босна и Херцеговина
уредиВо Босна и Херцеговина, градот Љубушки има традиционален карневал (на хрватски: Karneval). Љубушки е град кој е член на FECC или Федерација на европски карневалски градови (Federation of European Carnival Cites).
Хрватска
уредиГлавна статија: Карневалот во Риека Хрватскиот град Риека има долга и богата традиција на славење на карневалот (на хрватски: „ karneval“, но периодот во кој се одржува карневалот обично се нарекува „ maškare“).За време на карневалот, градоначалникот на Риека му ги предава клучевите од градот на господарот на карневалот („meštar od karnevala“) и духот на карневалот се шири насекаде. Во текот на карневалот има многу забавни моменти, а нивната кулминација е познатата процесија на маски која се одржува последната недела од карневалот. Церемонијата е меѓународна и има учесници од многу различни држави. Има многу гледачи, а и големи шатори со храна, пијалаци и музика кои се поставени во градот. Исто така, постои и церемонија под маски за деца која се одржува во сабота, една недела пред главната церемонија.
Иако карневалот во Риека (Riječki karneval) е најпозната манифестација во Хрватска, многу градови и села од хрватскиот регион Приморје (северниот крајбрежен регион, наречен уште и Кварнер) на некој начин го следат карневалскиот период и многу области од Приморје имаат свои посебни традиции (на пр. „ maškaroni“ во областа Нови Винодолски). Карневалот е период исполнет со локални традиции, па тогаш целиот регион ужива во многу поголеми количини на изложена локална храна, локална музика и локални нестандардни варијанти на хрватскиот јазик: „ чакавштина“ (сè што е поврзано со „карневал“ се однрсува на „ čakavština“). Пред завршувањето на карневалот и почетокот на постите, секој град во регионот Кварнер ја пали својата кукла што личи на човек, наречена „месопуст“ (mesopust) или скратено „ pust“ која всушност е „виновна“ за сите лоши настани кои се случиле во изминатата година и и е дадено иронично име кое обично алудира на политика. Една од најпознатите традиции на карневалот се „ звончари“ (zvončari).Тие земаат учество во многу прослави кои се одржуваат во овој период и „ звончари од Халубје“ е последната група од главната церемонија на карневалот во Риека. Тоа се мажи со гласни ѕвонци закачени на нив, дебели стапови во рацете, морнарски мајци и некаков вид свечени капи на главата. Свечените капи на главата зависат од тоа од каде доаѓаат - оние од Халубје, кои се најпознати, носат големи капи што потсетуваат на глави од животни, а на пример оние од Фрланија носат големи конусни капи покриени со цветни декорации. Традицијата на „ звончарите“ е долготрајна и започнала пред многу векови кога мажи ритуално се обиделе да ја избркаат зимата со капи во вид на глави од животни и со гласно свирење на ѕвонците на начин кој треба да предизвика страв. Популацијата ужива во многу концерти и забави кои се одржуваат во овој период и носат различни нетрадиционални маски. Многу училишта им дозволуваат на учениците и студентите еден ден да се маскираат, а основните училишта организираат игранки. Маскираните деца одат по куќите. Се јаде традиционална карневалска храна како што е „ фритуле“ (fritule). Иако карневалските традиции на Кварнер се најпознати, во Хрватска постојат и други карневалски традиции меѓу кои најпознати се „ покладе“ (poklade) и „ фашник“ (fašnik), карактеристични за регионите во внатрешноста на Хрватска. Најзабележливи се прославите во областа на градот Самобор.
Кипар
уредиВо Кипар, карневалот се слави 10 последователни денови пред почетокот на постите. Со векови, карневалот на островот се прославувал со облекување костими и одржување маскенбали или со посета на пријателите облечени во костим за маскенбал. Се верува дека оваа традиција била воведена за време на Венецијанското владеење, а можеби и Старите Грци имале некаков удел. Сепак, во последните стотина години, фестивалот се организира секоја година. Фестивалот се слави само во градот Лимасол, каде што се одржува најголемиот годишен карневал на островот. Постојат три главни паради. Првата е на првиот ден од карневалот, кога „Кралот на карневалот“ во својата кочија оди низ центарот на градот. Кралот може да биде реална личност или вештачки создаден лик. Втората е во првата недела од фестивалот и учесниците најчесто се деца. Третата парада е најголема и се одржува на последниот ден од карневалот, неделата пред почетокот на постите. За време на оваа парада, неколку групи, понекогаш составени и од стотина луѓе, одат по најдолгата улица во градот. Важно е да се спомене дека во секоја од неделните паради секој може да земе учество.
Чешка
уредиВо Чешка, фестивалот Масопуст (Masopust) трае од денот на Светите три крала (Den tří králů) до Пепелава среда (Popeleční středa). Старите Чеси буквално го преведуваат зборот масопуст и значи „збогување со месото“. Фестивалот често вклучува гозби со свинско месо, со што се подготвуваат за постот. Оваа традиција е карактеристична и за Моравија, но не и за Бохемија. Традицијата се менува од регион во регион, но маските и костимите се присутни секаде.
Германија, Швајцарија и Австрија
уредиГерманија, посебно западниот дел (Северна Рајна-Вестфалија и Рајнската област-Пфалц) е позната по карневалите, како и по парадите и баловите под маски. Карневалот во Келн е најголем и најпознат. Келн, заедно со Диселдорф и Мајнц во јавноста се нарекуваат трите германски „тврдини“.Сепак, карневалските прослави се распространети секаде во регионот, како на пример во Ватеншајд, Хаген, Крефелд, Ахен, Менхенгладбах, Дисбург, Бон, Ешвајлер, Бохолт и Клевес. Во источна и јужна Германија и Австрија, карневалот е наречен Фашинг (Fasching), а во Минхен има и посебен вид на прослава. Во Франконија и јужнозападните делови, како и во други делови на Германија, карневалот е наречен Фастнахт (Fastnacht) или Фаснет (Fasnet). Фестивалот и сезоната за забава во Германија започнуваат на самиот почеток на јануари, а вистинската карневалска недела започнува во четврток („Вајберфахстнахт“) пред Пепелава среда. Германските карневалски паради се одржуваат викендот пред и за време на Rosenmontag (Розов Понеделник), денот пред Голем вторник, а понекогаш, во предградијата на поголемите карневалски градови и на Голем вторник („Faschingsdienstag “).Карневалската сезона секоја година започнува на 11 ноември во 11:11 часот, а завршува на Пепелава среда со најголемиот фестивалски настан кој се случува околу Розов понеделник и овој период е наречен „Петтата сезона“. Германските карневалски обичаи најмногу се прославуваат во романско-католичките јужни и западни делови од државата, а кај протестантите на север, фестивалот традиционално е познат по долносаксонските имиња Fastelavend, Fastelabend и Fastlaam. Традиционално, тоа е поврзано со слугите на фармите или општо со млади луѓе кои во селата одат од куќа на куќа и собираат колбаси, јајца и сланина кои се конзумираат за време на прославата што се одржува истата вечер. Кога одат од куќа на куќа носат маски и прават врева. Во многу места старата традиција се изгубила, а во други, пак, под дејство на германската карневалска традиција, карневалот наликува на неговите паради.
Ринеланд
уредиВо Ринеланд, прославите биле жестоки, бидејќи тоа било начин да се изразат субверзивните антипрусијански и антифранцуски мислења за време на окупацијата, преку пародија и мајтапење. Модерниот карневал започнал во 1823 година со формирањето на Карневалскиот клуб во Келн. Повеќето градови и села во Ринеланд имаат свои поединечни карневалски традиции. Национално познати се карневалот во Келн, Диселдорф и Мајнц. Во Ринеланд, карневалската сезона се смета за „петта сезона во годината“ и почнува на 11 ноември, точно во 11:11 часот. (на германски: am elften elften um elf Uhr elf). Клубот организира „средби“, шоу настани наречени Прункзитцунг (Prunksitzung) со своите членови или поканува гости кои изведуваат танци, комедија или песни во костими. За време на овие „сезони“, најчесто изведувано парче музика е „Нархалмарш“ (Narrhallamarsch). Карневалскиот дух е забранет за време на Божиќните пости и за Божиќ и потоа пак се враќа за Нова Година. Времето за честитање на улиците е официјално отворено на Алтер Маркт за време на карневалот во Келн, во вторникот пред да започнат постите. Главниот настан е уличниот карневал кој се одржува во периодот помеѓу четвртокот пред Пепелава среда и Пепелава среда. Четврточниот карневал е наречен Altweiber (ден на стара жена) во Диселдорф или Wieverfastelovend (ден на жената) во Келн. Со ова се прославува почетокот на „женското учество на карневалот“, кое започнало во 1824 година, кога една перачка прослави „неработен ден“ во четвртокот пред карневалот. Тие, во 1824 г., основаа друштво за да го зајакне нивното присуство во карневалските прослави каде што сè уште доминирале мажите. Во секој град, жена во црно бесно трча низ градскиот совет за од градоначалникот да го земе „клучот“ за градскиот совет/собрание. На многу места „будали“ го преземаат градскиот совет или општинската власт, а „диви“ жени им ги сечат вратоврските на мажите каде и да ги сретнат. Исто така, по традиција, на жените им е дозволено да го бакнат секој маж кој ќе помине покрај нив. Наредните денови, на улиците има паради кои се организирани од локалните карневалски клубови. Најважен дел од карневалскиот период е Розов понеделник. Иако Розов понеделник не е службен празник во Ринеланд, најголем дел од јавниот живот доаѓа до закочување и речиси сите работни места се затворени. Најголемите паради се на Розов понеделник, познатата Rosenmontagszug (Розова понеделничка парада), на пр. во Келн, Диселдорф, Мајнц и во многу други градови. За време на овие настани, стотици илјади луѓе прославуваат на улиците на ниски температури, најголем дел од нив облечени во костими. Скоро секој град има посебен карневалски извик (Келн, Бон и Ахен: Алааф!; Диселдорф и Мајнц: Хелау!; Менхенгладбах: Халт пол! (се држи за стап); Рајт: Ал Рајт!).
Алеманик Фастнахт
уреди„Швапско-Алеманскиот“ карневал започнува на 6 јануари (Денот на светите три крала). Оваа прослава е позната како Фастнахт. Варијанти се Фаснет, Фаснахт или Фасент. Фастнахт се одржува во Баден-Виртемберг, делови од Баварија и Алсаце. Оваа прослава се одржува и во Швајцарија и Форалберг во Австрија. Фестивалот започнува во четврток пред Пепелава среда, во овој регион позната како Шмутцигер Донерстаг (Schmutziger Donnerstag) или Фетдонерстаг (Fettdonnerstag). Во стандардниот германски јазик, schmutzig (шмутциг) значи „гадно“, но всушност името доаѓа од локалниот дијалект каде што schmutzig значи „дебел“.На секое друго место денот се нарекува „Женски карневал“(Weiberfastnacht) и тоа е денот кога според традицијата жената презема контрола. Во одредени региони како Тирол, Салцбург и Баварија, традиционални процесии од Перхтен ја поздравуваат пролетта. Schönperchten („убавиот Перхтс“) го претставува раѓањето на новиот живот со будење на природата, а Schiachperchten („грдиот Перхтс“) [1] ги претставува мрачните зимски духови. Фармерите копнеат по потопло време и Perchtenlauf (трчањето на Перхтс) е магичен израз на таа желба. Ноќите помеѓу зима и пролет, кога лоши духови се појавуваат наоколу, се наречени и Rauhnächte („тешки ноќи“).
Италија
уредиЗборот карневал, наречен Карновале во Тоскана, доаѓа од латинското carnem levare, израз употребуван во средниот век кој го обележа почетокот на постите. Период од годината кога не беше дозволено да се јаде месо (carne на латински). Но како и многу други фестивали од нашиот календар, тој произлегува од древниот римски култ Сатурналија, пагански обреди за плодност кои биле прославувани во чест на Богот Сатурн. За време на тие прослави било дозволено сè, па дури и непочитување и промена на правилата. Карневалите беа дополнително променувани поради нивната магична и ритуална природа со христијанството, но сè уште беа толерирани од страна на свештенството. За време на 15 и 16 век некои традиции беа вратени и употребата на маски се раширила насекаде во земјата.
Карневалот во Венеција е најголемиот и најважниот венецијански фестивал, една мешавина од традиција, забава, историја и трансгресија во уникатен град, фестивал кој секоја година привлекува илијадници луѓе насекаде од светот. Карневалот има многу старо потекло. Тоа е фестивал што го прославува преминот од зима во пролет, време кога наизглед сè е можно, вклучувајќи ја и илузијата, каде што најскромните од класата стануваат најмоќни со носењето маски на лицето. Официјалниот карневал во Венеција датира од 1296 година, кога Сенатот на Републиката го направи карневалот официјален со прокламирање на денот пред постите за јавен празник. По прекинувањето кое траеше скоро два века, карневалската традиција беше повторно откриена од Општината во 1980 година и оттогаш секоја година се одржува со успех. 2009-тото издание кое ќе се одржи од 13-ти до 24 февруари, ќе биде наречено «Сензација, 6 сетила за 6 области». Тоа ќе ги воведе посетителите во заносната атмосфера, повик потполно да се вдлабочите во емоционалното доживување што само Венецијанскиот карневал може да ви го пружи. Програмата е богата со настани и забава за сите возрасти, од натпревар за најдобра маска за деца на плоштадот Свети Марко, до музичка програма обезбедена од ALL MUSIC во Санта Маргерита, концерти на средновековна и музика од седмиот век во Кампо Сан Барнаба и повторното воведување на историските паради на Свети Марко. Карневалот во Масафра се смета за еден од поважнитe. Тоа е така поради тоа што најголемиот дел од маскираните не се разголени, со исклучок на другите карневали, а граѓаните директно учествуваат во сите анимации и забави, стимулирани од кореографите и сценографите на вагоните и алегоричните групи парадираат низ главните улици на државата.
'Semel in anno licet insanire', 'лудило е дозволено еднаш во годината' — оваа древна римска изрека е посебно пригодна за Фано, домот на најпознатите карневали во Италија. Таму се слави повеќе од месец дена, кога улиците во градот и неговите жители ги забораваат своите дневни рутини и се втурнуваат во бранот на веселбата и процесијата. Карневалот Фано се одвива без посебни трошоци и секој се препушта на веселата атмосфера. Секако, тој има долга историија. Не многу луѓе знаат дека карневалот Фано започнал уште од средновековните времиња, или поточно, по повод одбележување на помирување помеѓу две угледни фамилии, во тоа време Дел Касерос и Да Карињанос.
Меѓутоа, историјата и традицијата не се единствените важни одлики на карневалот кој доаѓаат да го видат илијадници луѓе. Карневалот Фано е «најслаткиот» карневал на светот и единдтвениот каде што можеш да гледаш и да земеш учество во борбата со…да, чоколада! Стотици килограми на колачи, карамели и чоколади се истурани од алегоричните украсени платформи врз гледачите кои се придружуваат, млади и стари подеднакво, ја фрлаат својата «муниција» едни на други, па дури и на гужвата која е на спротивната страна на процесијата. Процесијата завршува со прекрасно светлечко шоу, фестивал на светлина и бои од околу два километри кои создаваат фантазија на преубави сенки. Со зборовите на Фано карневалскиот слоган: bello da vedere, dolce da gustare, или убаво да се види, слатко да се проба. Карневалот исто така функционира и како културна и популарна традиција. Училиштето Папире Махе (Papière Mâche) ги учи младите на уметноста во работењето со папире махе. Градот има богато популарно музичко богатство — бендот «Музика Арабита», опишан од писателите како Гвидо Пиовене и Курцио Малапарте, кои свират од 1922 г. на чудни импровизирани инструменти создадени од секаков вид на предмет. Во 2000 година, градот Фано го забранил плаќањето влез, на секој му е дозволено бесплатно да земе учество на карневалот, со што уште еднаш се покажува дека прославите се направени од луѓето за луѓето. Исто така, големата вечерна маскирана веглионе го претвора целиот стар градски центар во место за забава. Постојат и две други големи традиционални настани на Голем вторник и четврток кои ги следат истите принципи и кои му имаат донесено екстравагантен успех на целиот карневал.
Англија
уредиГлавна статија: Голем вторник За вовед, сезоната непосредно пред постите беше наречена Shrovetide (Шроувтајд). Тоа беше време за исповедување гревови (shriving) со помалку веселби од континенталните карневали. Дебел вторник се слави како Ден на палачинките (Pancake Day), но освен тоа што се служат палачинки и што понекогаш има натпревар во палачинки и фудбалски натпревари, многу малку приврзаници на постите ја преживеаја Англиската реформација. Еден од ретките, ако не и единствен Шроувтајд карневал во Велика Британија, се одржува во Каус и источен Каус на островот Вајт Ова е првиот карневал во годината на островот и е почеток на долг и пополнет карневалски календар. Традиционалните англиски карневали се одржуваат подоцна во годината, како што се карневалот Лидс во август и Вест Кантри карневалот во ноември, поврзан со Гај фокс најт Во Лондон има неколку поголеми карневали, како на пр. Нотинг Хил карневалот, Нигерискиот и карневалот Дел Пуебло и сите се одржуваат во август. Карневалот Лутон започнал во 1976 година и се одржува во мај. Карневалот Св.Паул/Пол, африканско-карипски карневал во својата 41 година (до 2008 г.) обично се одржува првата сабота од јули во Бристол
Грција
уредиПатрас во Пелопонез, е најголемиот годишен карневал во Грција. Познатиот Патрас карневал започнува во неделата пред почетокот на големиот грчки православен пост, кој е помеѓу февруари и март. Тоа е голем спектакл кој трае три дена и завршува на денот познат како Чист понеделник. Во многу други региони се организираат веселби од помал размер кои се фокусирани на повторното воведување на традиционалните костими. Други поважни карневали во Грција се Трново (Тесалија), Кожани (Западна Македонија), Ретимно (Крит) и Скеча (Источна Македонија и Тракија). Конкретно во Трново се одржува годишен фестивал, традиционален фоклклорен настан во првите денови од постот. [5]
Унгарија
уредиВо Монакс во Унгарија, Busójárás вклучува локално облекување во волнени костими со страшни маски и крешталки. Тие изведуваат погребен ритуал кој го симболизира крајот на зимата и набодуваат крофни на оружје, што пак го симболизира поразот на Османлиите.
Италија
уредиВиареџио Карневалот во Виареџио е еден од најпознатите во Италија: Трае месец дена со ноќни и дневни прослави, украсени подвижни платформи, паради, регионални прославувања, маскенбали и други настани. Во 2001 година беше прогласен за отворен новиот „Ситадел“ (карневалски град): полифункционален и со одлична архитектонска структура што вклучува нови хангари за создавање платформи, папир-махе училишта и голема арена, каде што во текот на летото се одржува освртот на „Ситадел под ѕвездите“, што вклучува претстави, концерти и културни манифестации.
Венеција
уредиКарневалот во Венеција за првпат е забележан во 1268 година. Револуционерниот карактер на фестивалот се рефлектира во многу закони создадени низ вековите во Италија, кои се обиделе да ги запрат прославите, често забранувајќи носење маски. Маските отсекогаш биле главен белег на венецијанскиот карневал; обично, на луѓето им било дозволено да ги носат помеѓу фестивалот Санто Стефано (Свети Стефан, 26 декември), на почетокот на карневалскиот период до полноќ на Голем вторник. Маските биле дозволени и за време на Вознесение и од 5 октомври до Божиќ, па така луѓето можеле да поминат голем дел од годината под маски. Изработувачите на маски (mascareri) уживале посебно место во општеството, со свои сопствени закони и посебни сметки. Во 1797 г. Венеција стана дел од Австриското Кралство на Ломбардија-Венеција, кога Наполеон го потпиша Договорот од Кампо Формио. Австријците ја преземаа контролата врз градот на 18 јануари 1798, тој почна да опаѓа, со што карневалските прослави беа прекинати многу години. Така беше сè до 1970-тите, кога беше отворена модерна продавница за маски и со тоа започна враќањето на старите традиции.
Ачиреале
уредиПарадите од алегорични и цветни платформи во барок стил, се едни од најголемите атракции на најдобриот карневал во Сицилија, типична карневалска ноќ. Карневалот во Ачиреале секоја година привлекува посетители од целиот свет.
Ивреа
уредиДруг познат италијански карневал е Историскиот карневал во Ивреа, повеќе познат како Борба на портокалите. Се смета за еден од најстарите карневали во светот: за време на 1000-та год., жена на воденичар го уби тиранинот на градот, Крал Ардуино; оттогаш започна граѓанската војна помеѓу угнетените луѓе и поддржувачите на кралот која заврши со победа на народот и до сега, секоја година луѓето си спомнуваат за ова ослободување со Борбата на портокалите. Овде, тимови од „Аранчери“ одат и стрелаат со портокали, со што ги претставуваат некогашните стрели и камења врз Аранчерите на коли, кои ги претставуваат здруженијата Ардуино. За време на француската окупација на Италија во 19 век, карневалот во Ивреа беше изменет со додавање на претставници од француската армија кои и помагале на жената на воденичарот.
Други
уредиВо Милано, карневалот трае четири дена повеќе и завршува во саботата по Пепелава среда, поради Амброзискиот ритуал. Карневалот во Верона се слави со парада на "carri allegorici" на "Venerdi Gnocolar", кој се одржува во последниот петок од карневалот, кога луѓето јадат традиционален гночи домат.
Малта
уредиКарневалот во Малта (познат како Karnival) првпат бил воведен во 1535 година од главаторот Пјеро де Понте, пет години откако витезот ги преземал атија: Малтешки островите. Главната прослава се одржува во главниот град Валета, но во секој град и село, многу луѓе, посебно деца, се облекуваат во шарени алишта за да го прикријат својот идентитет. Парадата во Вилета ја вклучува подвижната платформа на кралот на карневалот, следена од голем број луѓе. До пред неколку години, карневалот беше настан на годината за танци и маскенбали. Под водство на витезите, Аубергес беа отворени и прекрасно украсени. Карневалот во Малта е доста популарен. Со тек на време, популарноста расте, а и бројот на учесници во настаните се зголемува. Карневалот во Малта обично се одржува помеѓу февруари и почетокот на март.
Холандија
уреди’Вастенавонд’ или ’Вастелаовенд’ последниот ден од карневалот, денот пред Пепелава среда, се одржува точно 40 дена (без неделите) пред Велигден. Холандскиот карневал најмногу се слави во католичките региони, претежно во јужните покраини Северен Брабант и Лимбург, каде што исто така е познат како Вастенавонд или Вастелаовенд (буквално „забавна ноќ“ иако името укажува само на последниот ден). Најпопуларни места каде што се одржува карневалот (иако тој се прославува во скоро секој град или село) се Русендал, Берт, Мастрихт, Рурмонд, Херлен, Ситард, Фенло, Тилбург, Хертогенбос, Берген оп Цум, Ајндховен, Бреда, Олденцаал и Принсенбек. За време на карневалот, местата имаат различни имиња, на пр. Принсенбек е наречен Боемелдонк, а Ајндховен – Лампегат. Овде карневалот се слави уште од средновековието, а беше модернизиран по Втората светска војна, кога продолжи да се слави во внатрешноста на Берген оп Цум. За време на карневалот се зачувани многу традиции. Како прво, овде е парадата со маскирани групи, музичари и детално украсени подвижни платформи. Традициите вклучуваат и лажен принц, како и свечена поворка, боеренбруилофт (венчавка на фармерот) и харинг хапен (јадење харинги) на Чиста Среда. Меѓутоа, традициите се разликуваат од град до град. Во Холандија се слават неколку типови на карневали. Најпознат тип е Ријнландше карневалот кој може да се види во покраината Лимбург. Тој споделува многу фолклорни традиции со своите германски и белгиски колеги. Мастрихт е познат не толку многу по своите паради, како што е познат по уличниот карневал со раскошни костими, на кои луѓето работат во текот на целата година. Тоа потсетува на јужноамериканскиот стил, но со ставен акцент на хуморот,а има сличност и со италијанските, односно венецијанските традиции, култура и костими. Други разлики можат да се најдат во покраините Норд-Брабант, на пр. во Тилбург, Хертогенбос, Бреда, Штеенберген и Берген оп Цум. Карневалот во Хертогенбос (наречен „Оетелдонк“ што значи жаба Хил) е познат како најстариот карневал во Холандија. Неколку слики на светски познатиот ликовен уметник Јероним Бос, кој живеел во овој град во 15 век, се засноваат на карневалските свечености во градот во текот на средниот век. Најстарите карневалски свечености во Хертогенбос датираат од 1385 година. Во 1882 г. беше формиран клубот Де Оетелдонкше, за да ја заштити иднината на карневалот во Хертогенбос. Карневалот во Берген оп Цум споделува најмногу традиции со Хертогенбос, а многу малку традиции и фолклор со остатокот од Холандија и тие го прославуваат карневалот на свој специфичен начин учте од 1839 година. Летен карневал Ротердам (од 1984 г.) и Арнем (од 2001 г.), секоја година на крајот на јули, го прославуваат бразилскиот карневал. Со 900.000 (2006 г.) и 120.000 (2006 г.) посетители, и на двата настана им се зголеми популарноста. Карневалот во Ротердам, секоја година вклучува избор на кралица и најдобар дувачки оркестар, во неделата пред одржување на настанот.
Полска
уредиСезоната на полскиот карневал го вклучува Мрсен Четврток (на полски: Tłusty Czwartek), денот на кој се јадат pączki (крофни) и Śledziówka (Светите три крала) или Ден на харингите. Вторникот, пред почетокот на постите, често е наречен Ostatki (буквално „остатоци“), што го означува последниот ден од забавата пред почетокот на постите. Традиционален начин на славење на карневалот е kulig, возење со санка влечена од коњ низ снежните краеви. Денес, сè повеќе, особено помеѓу младите генерации, карневалот станува изговор за интензивно прославување и ноќно дружење и станува сè покомерцијализиран со многуте продавници кои за време на карневалската сезона изложуваат посебна стока и дречлива облека.
Португалија
уредиКарневалот во Португалија се слави во целата земја, најпознати се оние во Овар, Мадејра, Лоуле и Торес Ведрас. Оние од Поденце и Лазарим имаат пагански обичаи. Имено, карневалите во Карето и Торес Ведрас се најтипични португалски карневали. Парадоксално, Португалија со воведувањето на христијанството и католичките обичаи во Бразил, почна да прифаќа некои аспекти од бразилското славење на карневалот, посебно оние од Рио де Жанеиро, со раскошни паради, самба и други бразилски музички елементи.
Русија
уредиМасленитса (руски: Масленица, исто наречена и Pancake Week или „недела на сирењето“) е руски фолклорен празник кој вклучува некои традиции кои датираат уште од паганските времиња. Тој се слави последната недела пред Големите пости, односно седмата недела пред Велигден. Масленитса е директен аналог на Римско-католичкиот карневал. Масленитса има двојно потекло: Паганско и христијанско. Основен елемент на Масленитса се блини, руски палачинки, кои го симболизираат сонцето. Округли и златни, тие се направени од богати производи кои според православните обичаи се дозволени во текот на таа недела: путер, јајца и млеко (според православните обичаи, консумирањето месо престанува една недела пред консумирањето млеко и јајца). Масленитса исто така вклучува и маскенбали, борби со снежни топки, санкање, лулање на лулашки и многу возења со санки. Маскотата на прославата обично е Госпоѓа Масленитса, сламена кукла облечена во светла облека, позната како Кострома. Како врв на прославата, во недела навечер, на Госпоѓа Масленитса и се одземаат украсите и се става во логорскиот оган. Во Санкт Петербург, модерното прославување на фестивалот е организирано секоја година да биде на иста дата (недела, најблиску до 27 мај).
Словачка
уредиВо Словачка, Фашианги се одржува од Денот на трите крала (Traja králi) до полноќта пред Чиста Среда (Škaredá streda или Popolcová streda). На полноќ, како крај на фашианги, се изведува симболична погребна церемонија за контрабас, бидејќи за време на постот не треба да има музика.
Словенија
уредиСловенија има богат и различен циклус на празници. Се зачувало големо етничко наследство преку широката туристичка посетеност на настаните. Словенскиот крај покажува разновидни маскирани групи и поединечни ликови, меѓу кои најпознат и најкарактеристичен е Курент (множина: Куренти), влакнеста грозна фигура која личи на ѓавол. Најзначајниот етнолошки карневал, традиционално, секоја година се одржува во градот Птуј. 100 Одлика на настанот во Птуј и на неговата околина се самите Куренти, магични суштества од друг свет кои ги посетуваат сите поголеми настани во целата земја, членови на Парламентот, претседателот и градоначалниците и се обидуваат да ја протераат зимата и да го најават доаѓањето на пролетта, плодноста и новиот живот со голема врева и танцување. Потеклото на Курентот е мистерија и не се знае многу за времето, верувањата или намерите поврзани со неговото прво појавување. Потеклото на името е нејасно. Друг град, еднаков по важност на Птуј, каде што традицијата на карневалот е жива, е Церкница. Карневалот се навестува со традиционалната фигура наречена „Погањич“ која носи камшик. Во текот на карневалот, кој го организира „друштвото Пуст“, од планината Сливница се донесува монструозна вештерка, наречена Уршула за да биде спалена на клада на Чиста Среда. Единствена за овој регион е групата на смрдулки, предводена од Ѓаволот и огромен змеј кој испушта оган. Церкно и неговата околина се познати по Лауфарји, карневалски фигури со уметнички изрезбани дрвени маски. Мачкарите од Добрепоље претставуваат троен карактер: убавиот, грдиот (претставени од старец, стара жена, грбавко и Корант) и благородниот (кој ја имитира урбаната елита). Најголемиот дел од популацијата, особено младите луѓе и децата, уживаат кога се облекуваат во обични неетнички костуми, кога одат на училиште, на работа и кога организираат настани каде што се доделуваат награди за најдобар и најоригинален костум. Маскираните деца понекогаш одат од куќа на куќа и бараат подароци, што е нешто слично на американската Ноќ на вештерките.
Шпанија
уредиВеројатно, најпознати места во Шпанија се Сиџес, Тарагона, Санта Крус де Тенерифе, Кадис, Бадахос, Лаза, Ксинзо де Лимиа (најдолгиот карневал во Шпанија). Карневалот во Санта Крус де Тенерифе е светски познат по тематските костуми. Најважниот момент на прославата е изборот на кралица на карневалот, но постојат и детски забави, парада и други настани. Сиџес: Овој карневал е еден од најважните карневали во автономната заедница Каталонија. Фолклорните танци и ксатонадес (традиционална месна салата на Сиџес, што се служи со разни омлети) се исто така карактеристични елементи на карневалот. Двата најважни моменти на карневалот во Сиџес се Руа де ла Дисбауха или Парадата на развратот, во недела навечер и Руа де л’Екстермини или парада на уништувањето, во вторник навечер. Околу четириесет украсени подвижни платформи и повеќе од 2500 учесници парадираат во Сиџес. Карневалот во Виланова и ла Гелтру е многу важен поради Лес Компарсес (во недела), каде што хумористични сопернички групи фрлаат колачи едни на други. Во Тарагона може да се забележи една од најритуалните секвенци во Каталонските карневали. Настаните започнуваат со градење на голема бочва, а завршува со нејзино спалување заедно со куклите на кралот и кралицата на карневалот. Главната парада се одвива во сабота. Тогаш има маскирани групи, зооморфични ликови, музика и ударни бендови и традиционални групи со огномети (ѓаволите, змејот, волот, жената-змеј). Карневалските групи се истакнуваат со нивната фантастична облека полна со елеганција и одлични примери на материјални конструкции во саботните и неделните паради. Околу 5000 луѓе се членови на парадните групи.
Карневал во Санта Крус де Тенерифе
уредиКарневалот во Санта Крус де Тенерифе, заедно со карневалот во Кадис, е најважниот фестивал за шпанскиот туризам. Илјадници луѓе, секоја година излегуваат на улицата за време на тие две недели. Во 1980 година, Секретаријатот за туризам на државата, го прогласи за фестивал од туристички меѓународен интерес и сега е еден од најважните карневали во светот. Карневалот во Санта Крус де Тенерифе е еден од најголемите и најспектакуларните настани од негов вид во светот. Секој февруари, Санта Крус де Тенерифе, главниот град на најголемиот од Канарските острови – Тенерифе, е домаќин на овој историски настан и привлекува милиони луѓе од сите страни на светот. Оваа прослава може да биде прогласена за Богатство на човештвото за 2009 година од страна на УНЕСКО. Забавата на улиците на Санта Крус де Тенерифе започнува во петокот пред карневалот со спектакуларна воведна парада, која го достигнува својот врв во текот на ноќта, кога илијадници луѓе во свечена облека танцуваат до утринските часови. Забавата продолжува секоја вечер сè до Чиста Среда. Тој ден, луѓето од Санта Крус де Тенерифе го слават „ entierro de la sardine“ (закопување на сардините) и со овој настан карневалот официјално е завршен. Меѓутоа, забавата пак започнува наредниот викенд, познат како викенд на „пињата“.
Гран Канариа карневал
уредиКарневалот во Лас Палмас де Гран Канариа (Гран Канариа), признат хомосексуален остров, е познат и по свеченоста Драг Куин каде што жирито избира победник. Всушност, свеченоста Драг Куин се смета за најважна и најфасцинантна во светот. Таа ноќ, главниот град, Лас Палмас де Гран Канариа, и целиот остров Гран Канариа, покажуваат зошто тие се сметаат за едни од најхомосексуални туристички одредишта во светот.
Карневалот во Кадис
уредиВо Кадис секој носи костум, кој најчесто е поврзан со најновите вести, како на пример со епидемијата на птичји грип во 2006 година, кога многу луѓе беа преправени во кокошки. Овој карневал всушност е претставување на остпа критика, игра на зборови и имагинација во костумите, повеќе од гламурозно облекување. Традиционално, луѓето си ги бојат лицата со кармин како замена за маска.
Најпознати групи се чириготас, хоровите и компарсас. Чириготас се популарни духовити, сатирични групи кои пеат за политика, за нови времиња и семејни/домаќински теми, носат исти костуми кои ги подготвуваат во текот на целата година. Има и официјален натпревар во Театро Фала, каде што се натпреваруваат за награда во група. Музиката на песните е пишувана од секоја група. Секој чиригота има широк репертоар на сатирични текстови. Хоровите се голема група која оди низ улиците на отворени коли и пее придружен од мал оркестар од гитари и лири. Нивна карактеристична композиција е „Карневалското танго“ и тие го менуваат репертоарот од комичен до сериозен. Компарсас се копија на чириготас во Кадис и нивна одлика се поетичните текстови и критиката. Тие имаат поразработена полифонија и лесно се препознаваат по контратенорот.
Јужна Америка
уредиАргентина
уредиВо Аргентина, најпознатите карневалски прослави се одржуваат во аргентинска Месопотамија и на северозапад. Гвалегваичу, која е источно од провинцијата Ентре Риос, е најпознат карневалски град и има една од најголемите паради со слична афроамериканска музичка позадина како и на карневалите во Бразил и Уругвај. Кориентес е уште еден град со жива карневалска традиција (а исто е и „национален главен град на карневалот“) каде што има вклучено чамаме музика, вид на полка, и големи паради за време на карневалскиот викенд. Во северозападниот дел, а посебно во градовите Хумахуака и Тилкара, карневалот е под влијание на локалните обичаи. Карневалот се слави во сите големи градови и во повеќе гратчиња низ државата, но во помали размери отколку веќе споменатите места.
Боливија
уредиКарневалот Ла Диаблада се одржува во градот Оруро во централна Боливија. Тој се слави во чест на светицата која е заштитник на рударите, Вирген де Сокавон (Девица на тунелите). Над 50 парадни групи играат, пејат и свират по стазата долга повеќе од пет километри. Учесниците се облекуваат како демони, ѓаволи, ангели, Инки и шпански освојувачи. Постојат различни видови танци како што се капоралес и тинкус. Парадата трае од утро до доцна навечер, 18 часа на ден, 3 дена пред Чиста среда. Во меѓувреме, низ земјата се одржуваат прослави кои влкучуваат традиционални ритми и водени забави. Во Санта Крус де ла Сиера, на источната страна на земјата, тропското време овозможува бразилски тип на карневал, со луѓе наречени „компарсас“ кои играат на традиционални песни во исти унифирми.
Бразил
уредиНајважниот дел од бразилскиот карневал се одржува во Рио, со парадирање на школи за самба. Тоа е најголемото карневалско случување во државата, а се смета дека е и најголемо во светот од тој вид. Со името „една од најголемите паради во светот“, фестивалот привлекува милиони туристи, Бразилци и странци кои доаѓаат од секаде за да учествуваат во овој настан и да уживаат во одличното шоу. Самба школите се големи, социјални ентитети со илијадници членови, со теми за своите песни и парада секоја година. Блокос се мали неформални групи со дефинирана тема на нивната самба, обично е сатира за постоечката политичка ситуација. Во Рио де Жанеиро исто така има многу од нив, околу 30, кои се многу големи по бројот на учесници и привлекуваат стотици илјади луѓе. Има повеќе од 200 блокос во Рио де Жанеиро. Бандас се самба бендови кои обично се формирани од ентузијастите во околината. Прилагоден камион од Салвадор, со големи звучници и платформа на која музичарите свират локални песни, како на пр. самба-реге, оди низ улиците придружуван од толпата која игра и пее. Тој камион всушност е создаден од двајца салвадорски музичари, Додо и Осмар, во 1950-тите. Во Пернамбуко има големи карневалски прослави кои вклучуваат фрево, музика типична за Пернамбуко. Друг познат карневалски музички стил од Пернамбуко е маракату. Градовите Ресифе и Олинда се исто така домаќини на големи карневалски прослави во Бразил. Најголемата карневалска парада во цел свет, според Гинисовата книга на рекорди, се нарекува Гало да Мадругада, која се одржува во центарот на Ресифе во сабота. Друг познат настан е Ноите дос Тамборес Силенсиосос.. 100
Кариби
уредиПовеќето од Карипските Острови слават карневал. Најголемиот и најпознат карневал се одржува во Тринидад и Тобаго. Доминиканската Република, Антигва, Аруба, Кајманските Острови, Барбадос, Хаити, Доминика, Гренада, Јамајка, Сент Мартин, Санта Лучија, Сент Китс, Сент Томас и Сент Винсент и Гренадините се познати по долгите карневалски сезони и големите прослави. Карневалот е значаен културен настан на островите Аруба, Курачао, Сент Мартин, Саба, Сент Еустатиус (Статиа) и Бонаире. Прославите вклучуваат „скокачки“ паради со прекрасни шарени костуми, украсени подвижни платформи и бендови во живо, како и избор за убавица и други избори. Карневалот на овие острови вклучува и полноќна парада која завршува на изгрејсонце со спалување на сламениот крал Момо, што претставува чистење на островот од гревови и лоша среќа. На Статиа тој е наречен принц Глупав. Од 18 век, карневалот почнува да се слави и ви Куба. Со текот на секоја година, костумите, танците и луксузот растат. По Комунистичката револуција на Фидел Кастро, карневалската религиозна увертира беше потисната. И останатите настани беа гледани со неодобрување од страна на државата. Карневалските прослави во Куба започнаа да опаѓаат од 1960 година.
Антигва
уредиКарневалот во Антигва е прослава на музика и танц и се одржува секоја година од крајот на јули до првиот вторник во август. Најпознат ден е денот „хуве“, на кој дувачки оркестри и музички групи со челични буриња настапуваат за народот од островот. Карневалот во Барбуда, кој се одржува во јуни, е познат како Карибана. Карневалите во Антигва и Барбуда се замена за стариот Божиќен фестивал од 1957 година, со надеж да се зголеми туризмот во Антигва и Барбуда. Некои елементи од Божиќниот фестивал се задржале и во современите карневалски прослави, кои инаку во голем дел се засноваат на карневалот во Тринидад. Карневалот се состои од масовни игри, музички групи со челични буриња како инструменти, различни изведби како калипсо и церемонијални паради.
Барбадос
уредиКарневалот во Барбадос е познат како Кроп Оувер.??? Кроп Оувер е најголемиот фестивал во Барбадос, чии почетоци биле на плантажите на шеќерни трски за време на колонијалниот период. Оваа традиција започнала во 1688 година и се одбележува со пеење, играње придружено со шишенца полни со вода, шек-шек, бенџо, трианал?, виолина, гитара и коски. Други обичаи вклучуваат качување по мрсни столбови, гозба и натпревари во пиење. Всушност, прославата го означува крајот на годишната жетва на шеќерна трска и оттогаш станал национален фестивал на соперништво помеѓу Њу Орлеанс Мардис Гра и карневалот во Тринидад. Во доцниот 20 век, општите одлики на Кроп Оувер започнаа да се пресликуваат во тринидадскиот карневал. Кроп Оувер започнува во јуни и трае до првиот понеделник во август, кога кулминира со завршницата, Гранд Кадоомент. За овие два месеца, жителите на островот имаат голема забава со натпревар во калипсо. Музиката калипсо, која потекнува од Тринидад, користи синкопиран ритам и тематски текстови за да се направи сатира на локалната политика. Калипсо шаторите, кои исто така потекнуваат од Тринидад,....... Има шатори со храна и штандови, улични забави и колони од луѓе кои секоја недела се дополнувани со различни дневни настани на магистралата кај Тим, новиот дом на Кроповер фестивалот во Барбадос. Натпреварот за ’шатор’ е придружен со жестока борба на калипсонијаните за посакуваната награда Калипсо монарх, а воздухот остава егзотичен мирис на барбадоското готвење. Богат со духот на локалната култура, фестивалот Кохоблопот е мешавина од танц, драма и музика со крунисување на кралот и кралицата на маскираните бендови. Шоуто ’Пик-де Кроп’ се изведува секоја вечер сè додека не се круниса кралот на Калипсо. Фестивалот го достигнува својот врв на денот Кадоомент, кој е прогласен за национален празник, и тогаш маскираните бендови ги преплавуваат улиците со пулсирачките барбадиски ритми и со огномети кои го палат небото.
Тринидад и Тобаго
уредиГлавна статија: Карневалот во Тринидад и Тобаго Во Тринидад и Тобаго, карневалот е период на славење кој трае повеќе од месец дена и кулминира со голема прослава во Портофспејн, гчавниот град на Тринидад, во недела, понеделник и вторник пред Чиста среда со Диманче Гра, Жувер и Мас (маскенбали). И славењето во Тобаго кулминира во понеделник и вторник, но во многу помал обем отколку во неговиот главен град Скарбороуф. Карневалот е време на прослава на костуми, танци, музика, натпревари, рум и забава. Музички стилови кои се застапени на карневалот се сока и калипсо. Годишниот карневалски натпревар, познат како Национална панорама, се одржува во неделите кои му претходат на карневалот, а финалето е во саботата пред главниот настан. Пан играчите се натпреваруваат во различни категории како што се „конвенционални стил бендови“ или „сингал пан“ кои прават препеви на калипсосите. Прелиминарниот избор на “конвенционални стил бендови“ неодамна почна да се одржува во поединечните дворови на пановите каде што дувачките оркестри го вежбаат својот избор за натпреварот. „Диманче Гра“ се одржува во неделата пред Чиста среда. Овде се избира Калипсо монарх (преку натпревар) и му се подарува парична награда и возило. Исто така се крунисуваат и кралот и кралицата на групите. Секоја група, два дена парадира во костуми и се избира конечниот победник. Овие костуми обично се огромни, комплексни и убави. Жуверт се одржува пред зајдисонце, во понеделникот (познат како карневалски понеделник) пред Чиста среда. Тоа значи „отворање на денот“.Овде славениците се облекуваат во стара облека и се мачкаат со кал, мрска боја и боја за тело. Карактеристично нешто што може да се виде овде е „јаб-јабс“ (ѓаволи, сини, црни или црвени) со вила, рогови и опашки. И овде се избира крал и кралица, врз основа на нивната застапеност во актуелните политички/социјални прашања.
Понеделничкиот карневал вклучува парада на мас бендови, но во неформална и релаксирана варијанта. Луѓето кои слават, обично носат само дел од нивните костуми и целта е повеќе да се забавуваат отколку да се натпреваруваат. На понеделничкиот карневал, во многу градови, а особено во главниот град, е позната понеделничката Мас ноќ, каде што помалите групи учествуваат во натпреварот. Карневалски вторник е денот кога се одржуваат главните настани од карневалот. На овој ден се носат целосните костуми со шминка и бои за тело/украси. Костумот што го носи секоја група е направен на одредена тема и соржи различни елементи кои ја одразуваат темата. Тогаш се одржуваат и улични паради и евентуално крунисување на најдобрите групи. Откако ќе го изодат патот каде што добиваат различни бодови, мас групите се собираат во паркот на кралицата Савана за да се качат на „сцената“ и да бидат конечно оценети. Исто така на овој ден се крунисуваат кралот и кралицата на Уличниот марш??, каде што пејачот на најслушаната песна за овие два дена се прогласува за победник на карневалот и добива парична награда и возило. Парадите и славењето траат цела ноќ. Чиста среда, која не е прогласена за официјален празник, се одбележува со посета на плажите кои ги обиколуваат Тринидад и Тобаго. Најпознати се плажите Маракас и Манзанила, каде што на секоја Чиста среда се прават големи забави на плажа. Ова е едно освежување од претходните пет дена на напорна журка, паради и натпревари и обично овие забави ги посетуваат сете членови на фамилијата. Многу острови од западна Индија го земале за пример карневалот во Тринидад. Особено карневалите во Барбадос, Сент Винсент и Антигва. Калипсо, сока, стилпан, костумите и натпреварите (како што се Панорама, Калипсо, Монарх, Крал и Кралица на групите), прво се воведени во Тринидад и Тобаго и карневалите на Карибите потоа ги зеле за пример. Корените на карневалите во Торонто, Карибана и Мајами, исто така потекнуваат од карневалот во Тринидад.
Колумбија
уредиГлавна статија: Карневал во Колумбија Иако карневалот е воведен од Шпанците и има вградени елементи од европските култури, успеа повторно да ги инерпретира обичаите кои им припаѓале на африканските и американските култури во Колумбија. Постојат документирани докази дека карневалот во Колумбија постоел уште во 18 век и бил причина за грижа на колонијалните власти, кои ја цензурирале прославата, особено во главните политички центри Картагена, Богота и Попајан. Меѓутоа, карневалот ја продолжил својата еволуција и реинтерпретација во малите и тогаш неважни градови, каде што прославите не ја разлутуваа владејачката елита. Резултатот беше непрекината прослава на карневали во Баранквила, во други села покрај реката Магдалена во северна Колумбија и во Пасто и Нарињо во јужниот дел на земјата. Во модерните времиња, во раниот 20 век, се правеле напори карневалот да се воведе и во главниот град Богота, но не успевале да добијат одобрение од властите. Карневалот во Богота бил оживеан дури во 21 век од страна на властите на градот.
Еквадор
уредиВо Еквадор, прославите имаат историја која започнува уште пред доаѓањето на католоцизмот. Познато е дека Индијанците Хуарангас имале обичај да ја прославуваат втората половина од годината со фестивал на кој фрлаат брашно, цвеќиња и парфимирана вода. Оваа некогашна паганска традиција се поврзува со католичкото славење на карневалот. Општ белег на еквадорскиот карневал се диаблитос (ѓаволчиња) кои си играат со вода. Како што ја сакаат борбата со снежни топки, децата и тинејџерите го сакаат и фрлањето вода врз неочекувани жртви, а возрасните, пак, се плашат од тоа. Фрлањето балони со вода, а понекогаш и јајца и брашно врз пријателите, но и врз непознати луѓе кои минуваат по улицата, може да биде многу забавно, но може и да предизвика лутина кај странците, но и кај месното население кое не е запознаено со ова. Иако владата и училишните власти ги забрануваат ваквите игри, тие сè уште се изведуваат по улиците на државата. Историчарите раскажуваат за бискуп, кој во 1867 година се заканил со казна екскомуникација за гревот кој се правел при играње на овие игри. Во различен дел од земјата се одржуваат различни прослави, каде што мештаните се маскираат со шарени маски и играат на ритамот на живата музика. Обично, прославите започнуваат со изборот на Таита Карневал (татко на карневалот) кој ги раководи прославите и ги води парадите во секој град. Најпознати карневалски прослави се оние во Гваранда и Амбато. Во Амбато, свеченостите се наречени Фиеста де лас Флорес и лас Фрутас (фестивал на цвеќињата и на овошјето). И други градови, како Азгве (кањарска покраина) ги оживеаја карневалските обичаи со шарени паради. Воопшто, во Азогвес и Јужните Анди, таткото на карневалот е типично кањарски облечен за време на прославите. Неодамна, прославата доби важност во северните делови на Сиера во долината Чота во Имбабура, која се наоѓа во зона на строго афро-еквадорско население и карневалот овде се слави со бомба дел чота музика.
Француска Гвајана
уредиКарневалот во Француска Гвајана е главен белег на културата на оваа земја. Иако неговите корени се од креолската култура, учествува секој - Французи, Бразилци (Гвајана граничи со Бразил), Кинези и Креолци. Неговото траење е променливо, одредено според подвижните религиозни фестивали: Карневалот започнува на Богојавление, а завршува на Чиста среда и обично трае во поголемиот дел од јануари и февруари. За време на овој период, од петок навечер до понеделник наутро, целата земја пулсира во ритамот на маскенбалот и уличните паради. Нормалниот живот речиси запира. Петочното поладне е време кога се јаде галете дес роис (тортата на кралевите) и се пие шампањ. Тортата може да има вкус на бадеми, гуава или кокос. Во недела попладне се одржуваат најголемите паради на улиците на Кајене, Коуроу и Сент-Лорен ди Марони. Групите кои се натпреваруваат се спремаат со месеци. Облечени во склад со договорената тема за годината, тие се покажуваат наоколу со карневалски платформи, тапани и дувачки оркестри. Бразилските групи се доста ценети поради нивните раскошни перја и опточени костими. Меѓутоа, тие не се во можност да се натпреваруваат доколку не ги менуваат костимите од година на година. Одредени митолошки ликови постојано се појавуваат на парадите:
- Каролина: Мала личнос облечена како страчка со опашка и капа и јава на ровка.
- Лес Нег’маронс: Група мажи облечена во црвена лавовска облека која носи зрели домати во устите и чии тела се намачкани со маст или меласа. Овие луѓе намерно се обидуваат да дојдат во контакт со гледачите за да им ги извалкаат алиштата.
- Лес макоумес: Мажи облечени како травестити (надвор од карневалскиот контекст, макоуме е пејоративна форма за хомосексуалец).
- Соусоурис (лилјаци): Личност облечена во криласто трико од глава до пети, кое обично е црно. Традиционално злобен, овој лик е одговорен за да ги брка гледачите и да ги „каса“.
Единствена креолска традиција на оваа верзија на карневал се таканаречените тоулоулоуси. Тоа се жени кои носат декоративни фустани, ракавици, маски и капи кои целосно ги покриваат и не само што не само што се непрепознатливи, туку и не може да им се одреди бојата на кожата. Во петок и сабота навечер, за време на карневалот, тоулоулоу баловите се одржуваат во т.н. универзитети – големи сали за танцување кои се отвораат само за време на карневалот. Тоулоулоусите учествуваат бесплатно и дури им се даваат презервативи, што е во интерес на сексуалното здравје на општеството. На баловите учествуваат и мажи, но тие мораат да платат влез и не се покриени. Тоулоулоусите си избираат партнер за танцување, а тој не може да го одбие танцот. Организацијата е направена така, жените да можат да создадат привремена врска со човек за кој фантазираат и тоа во потполна анонимност. Немаскираните жени не се добредојдени на овие балови. По традиција, ако некој почне да игра, оркестарот престанува да свири. Алкохол се служи во баровите – покриената жена исто така одбира маж на кого со шепотење му вели „ тоулоулоу е жедна“ и од него очекува неколку тури пијачки, но пие со цевче за ни најмалку да не си ја растури маската. Во поново време, гвајанските мажи се обиделе да ги сменат улогите со организирање на соирес тололо, каде што мажите се покриени и избираат партнерки од присутните непокриени жени. Последните четири дена од карневалот имаат строга традиција на славење и не се врши никаква работа.
- Недела: Гран парадата, на која групите кои се натпреваруваат го покажуваат она што најдобро го знаат.
- Понеделник: Пародија на бракот, со мажи облечени како невести, а жени како младоженци.
- Вторник: Денот на црвените ѓаволи, кога секој носи црвено или црно.
- (Чиста) Среда: Облеката е само црна и бела, за големата церемонија на спалување на куклата на Вавал и на Кралот на карневалот.
Овој текст главно се заснова на текст од француската Википедија.
Хондурас
уредиВо Ла Сеиба во Хондурас, карневалот се одржува во четвртата сабота од секој мај за да се комеморира Сан Исидро. Тоа е најголемата карневалска прослава во Средна Америка.
Никарагва
уредиНа карипскиот брег на Никарагва, во градот Блуфилдс, карневалот познат како Пало де Мајо (или Мајо Ја!), се слави секој ден од месец мај. Во главниот град на Никарагва, Манагва, тој се слави само 2 дена. Карневалот во Манагва е наречен „Алегриа пор ла вида“, во превод „радост за животот“ и секоја година прикажува различна тема.
Мексико
уредиВо Мексико, карневалот се слави во неколку градови, особено во Мацатлан, Мерида на полуостровот Јукатан и во државата Веракрус, каде што карневалот се слави со традиционална музика и танци. Луѓето се облекуваат во светли, пердувести костими и така ги изведуваат своите точки на улиците. Прославата во Мацатлан понекогаш се споредува со карневалот во Рио де Жанеиро или со оној во Њу Орлеанс. Во Копандаро де Галеана, карневалот се слави со паради, игри, јавање бикови и танцување.
Панама
уредиКарневалот во Панама е вториот по големина фестивал во светот. „Лос карневалес“, како што Панамците ги нарекуваат деновите од карневасот, се слават во речиси цела земја и по традиција започнуваат во петок, а завршуваат во вторник, пред Чиста среда. Карневалската недела во Панама е особено популарна поради луксузноста и големината на Лас Таблас карневалот, како и карневалските прослави во Панама Сити и скоро целиот полуостров Азуеро. Карневалот во Панама е исто така познат и по големиот број концерти, на национални и меѓународни уметници, кои се одржуваат на различни сцени во најпосетените места од земјата.
Уругвај
уредиКарневалот во Уругвај е најдолгиот во светот, со славење кое трае повеќе од 80 дена, започнува во јануари и трае до средината на март. Прославите се најголеми и највесели во главниот град Монтевидео. Фестивалот се изведува во стил на европските паради, со елементи од културите на Банту и Анголска Бенгуела и со робови во колонијалните времиња. Главните атракции на уругвајскиот карневал вклучуваат две шарени паради наречени Десфиле де Карневал (Карневалска парада) и Десфиле де Љамадас (Парада на повици, кандомбе-повикувачка парада). За време на 80 дневните прослави, познатите театри наречени табладос се градат на повеќе места во градовите, особено во Монтевидео. Различните карневалски групи наречени Мургас, Луболос или Пародистас, традиционално составени од мажи, но во поново време и од жени, изведуваат вид на популарна опера во табладос, пејат и играат на песни кои обично се поврзани со социјалниот живот и политичката ситуација во државата. Групите „Колс“, главно се формирани од тапанари кои играат тамборил и изведуваат елементи од кандомбе ритмите. Веселбарите ја носат својата фестивалска облека. Секоја група има своја тема. Жените носат елегантни, свечени фустани наречени ведатес кои им даваат сензуалност на парадите. Европските архитипови (Пјерот, Харлеквин и Колумбина) се спојуваат со африканските поранешни елементи (Старата мајка или Мама Виеха, Гатачот или Грамиљеро и Магеоничарот или Ескоберо) во локалната верзија на фестивалот. Како манифестација на уругвајската култура и голема туристичка атракција, карневалот во Уругвај довива силна владина поддршка.
Венецуела
уредиКарневалот во Венецуела (2 дена веселба, 40 дена пред Велигден) е време кога младите од повеќе рурални места учествуваат во водени борби. Секој што е излезен на улиците, во неделата кога се одржува карневалот, може да биде накиснат. Ова време од годината е најдоброто време таму. Луѓето прават смешки, а вие едноставно се облекувате и се забавувате.! 100
Северна Америка
уредиКанада
уредиКарибана, која се одржува во Торонто првиот викенд од август, влече корени од карневалските традиции на Карибите, особено од Тринидад и Тобаго. Поради климатската нужност, Карибана се одржува во лето кога можат удобно да се носат карипските костуми и не се држи до традиционалното зимско одржување на другите карневали. На парадата Карибана присуствуваат повеќе од милион луѓе. Зимскиот карневал во Квебек Сити е најголемиот зимско-тематски карневал во светот. Тој зависи од снежните врнежи и многу ладното време, за снежните стази да останат во добра форма, а ледените скулптури да останат неоштетени. Поради оваа причина тој не се поклопува со прославата пред започнување на постот и се одржува во последните денови од јануари и првите денови од февруари. Во регионот на Отава, во текот на првите три недели од февруари се одржува Винтерлуд.
Соединети Американски Држави
уредиКарневалските прослави, кои најчесто асоцираат на Марди Гра, прво се славеле во Заливскиот брег на Соединетите Американски Држави, но сега се одржуваат и во многу други држави. Обичаите потекнуваат од некогашните француски колонијални градови Мобил (сега во Алабама), Њу Орлеанс (Луизијана) и Билокси (Мисисипи), кои со години славеле со улични паради и маскенбали. Други поголеми градови во Соединетите Американски Држави кои прославуваат се Тампа, Флорида, Сент Луис, Мисури, Пенсакола, Сан Диего, Калифорнија, Галвестон, Тексас, Остин, Орландо и др.
Луизијана
уредиНајпознатите, најусовршените и најпопуларните настани се во Њу Орлеанс, додека другите градови од Јужна Луизијана, како што се Лафајет, Мамоу и Хоума, кои биле под француска контрола, се градови на познати сопствени карневалски прослави. Големите Марди Гра прослави се прошириле и во другите делови на Соединетите Американски Држави, како на пример во долината на реката Мисисипи во Сент Луис, Мисури, Орландо, Флорида во Јуниверзал Студиос и во квартот Гасламп во Сан Диего, Калифорнија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Petrovska-Kuzmanova, Katerina (2008). Karnevalite vo Makedonija. Inst. za folklor "M. Cepenkov". ISBN 9789989642746.