Крофна
(Пренасочено од Крофни)
Крофна – набабрена мекица од киснато тесто пржена во масло за јадење[1]. Името на ова печиво доаѓа од германскиот збор крафен, кое го има истото значење.
Крофни | |
Дел од оброкот | десерт |
---|---|
Температура на послужување | топло и ладно |
Главни состојки | брашно, вода, сол, фил по желба |
Постојат различни рецепти, но основата е иста. Се прави меко тесто со квасец. Обично, се посипуваат со шеќер во прав, шеќер, џем или пак мармалад. Крофните се пржат во врело масло. Обично, крофната се полни со крем, шлаг, пудинг и слично.
Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло, а пак внатрешно се наполнети со џем од слива во Баварија, а во Австрија џем од кајсија. И тие обично се посипуваат со шеќер во прав.