Рајнска област-Пфалц
(Пренасочено од Рајнската област-Пфалц)
Знаме | |
---|---|
Статистика | |
Главен град: | Мајнц |
Површина: | 19,846 км2 |
Жители: | 4,059,604 (2005) |
Густина на насел.: | 196 жит./км2 |
Мрежно место: | http://www.rlp.de/ |
ISO 3166-2: | DE-RP |
Политика | |
Премиер: | Курт Бек (СДП) |
Владеачка партија: | СДП |
Мапа | |
Рајнска област-Пфалц (германски: Rheinland-Pfalz) — една од шеснаесетте сојузни покраини (држави) на Германија. Зафаќа површина од 19.846 км2 и околу четири милиони жители. Главен град е Мајнц.
Географија
уредиПфалц се граничи (од север и во наскока на стрелките на часовникот) со Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Баден-Виртемберг, Франција, Сар, Луксембург и Белгија.
Главната оска на земјата е реката Рајна, која ја образува границата со Баден-Виртемберг и Хесен во југоистокот, пред да помине во северниот дел на Пфалц. Долината на Рајна е опкружена со планински венци и формира фасцинирачка околина со некои од најзначајните места во Германија.