Свети Стефан
древен римски светец
Свети Стефан, наречен Првомаченик (1 век - околу 36) — првиот христијански маченик.
ЖивотописУреди
Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противење, бил изведен пред Синедрионот. Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување. Еден од тие кои се согласиле со погубувањето бил Саул од Тарс (наречен Свети Павле по неговото преобраќање).[1]
НаводиУреди
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 178