Венецијански карневал

(Пренасочено од Карневалот во Венеција)

Венецијанскиот карневал — годишен фестивал кој се одржува во Венеција градот во Италија. Фестивалот е светски познат по своите прекрасни костими и маски.

Историја

уреди
 
Карневал во Венеција, од Џовани Доменико Тјеполо, 1750 година

Според легендата, карневалот во Венеција започнал по воената победа на Венецијанската Република над патријархот од Аквилеја, Улрико ди Тревен во 1162 година. Во чест на оваа победа, народот почнал да игра, да се радува и да се собира на прекрасниот плоштадот Свети Марко. Во 17 век, карневалот ја зачувал престижната слика на Венеција во светот. Карневалот бил многу познат во текот на 18 век. Меѓутоа, под власта на владетелот на Светото Римско Царство, а подоцна и царот на Австрија, Франц II, фестивалот бил целосно забранет во 1797 година и употребата на маски станала строго забранета. Карневалот повторно се појавувал постепено во 19 век, но само за кратки периоди и пред се за приватни гозби.

По долго отсуство, Карневалот се вратил во 1979 година.[1] Италијанската влада одлучила да ги врати историјата и културата на Венеција и се обидела да го искористи традиционалниот карневал како центар на нејзините напори. Оттогаш, приближно 3 милиони посетители секоја година доаѓаат во Венеција за карневалот.[2] Еден од најважните настани е натпреварот за la maschera più bella („најубавата маска“), која се оценува од меѓународни модни дизајнери.

Карневалски маски

уреди
 
Типични маски кои се носат на карневалот во Венеција, кои ги прикажуваат сатиричните лица

Маските отсекогаш биле важна одлика на венецијанскиот карневал. Традиционално, на луѓето им било дозволено да ги носат маските помеѓу фестивалот Санто Стефано (Денот на Свети Стефан, 26 декември) и крајот на сезоната на карневалот на полноќ на Кралскиот вторник. Бидејќи маските биле дозволени и на Спасовден и од 5 октомври до Божиќ, луѓето можеле да поминат голем дел од годината маскирани.

Изработувачите на маски (маскерари) уживале посебна позиција во општеството, со свои закони и свој еснаф, со свој статут од 10 април 1436 година. Во нивната задача им помогнале и сликари на знаци кои цртале лица на гипс во низа различни форми кои обрнувале големо внимание на деталите.

Венецијанските маски може да се направат од кожа или порцелан, или со користење на оригиналната техника на стакло. Оригиналните маски се прилично едноставни по дизајн, декорација и често имаат симболична и практична функција. Во денешно време, повеќето италијански маски се направени со примена на златни листови и се рачно насликани со помош на природни пердуви и скапоцени камења за украсување. Сепак, ова ги прави прилично скапи во споредба со широко распространетите, неквалитетни маски. На карневалот се носат неколку различни стилови на маски. Луѓето со различни занимања носат различни маски.[3]

Потекло

уреди

Има малку докази кои го објаснуваат мотивот за првата маска што се носела во Венеција. За време на карневалот, луѓето можеле да се облекуваат како што сакаат, наместо според правилата што биле утврдени во законот за нивната професија и социјална класа.

 
Маскирани мажи фрлаат лушпи од јајца исполнети со парфем за време на карневалот.

Првите документирани извори кои ја спомнуваат употребата на маски во Венеција може да се најдат уште во 13 век.[4] Големиот совет го прогласил за кривично дело фрлањето на миризливи јајца од страна на маскираните луѓе.[5] Имено, лушпите од јајца кои обично се полнеле со парфем од розова вода, младите мажи ги фрлале на нивните пријатели или на младите жени на кои им се восхитувале.[6] Меѓутоа, во некои случаи, јајцата биле полни со мастило или други штетни материи.[6] Коцкањето на јавно место вообичаено било нелегално, освен за време на карневалот.[6]

Друг закон во 1339 година им забранувал на Венецијанците да носат вулгарни маски и да ги посетуваат манастирите додека се маскирани. Законот, исто така, забранувал сликање на лицето или носење лажни бради или перики.[4]

Наводи

уреди
  1. Alessandro Bressanello, Il carnivale in età moderna: 30 agni di carnivale a Venezia 1980-2010 (in Italian), Studio LT2, 2010; Fulvio Roiter, Carnaval de Venise, Lausanne, Payot, 1981.
  2. Adams, William Lee (4 March 2014). „What's with those mysterious masks? The dark drama of Venice Carnival“. CNN.
  3. „Venetian Masquerade Ball - Hawthorne Hotel“. Hawthorne Hotel (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 2017-08-18.
  4. 4,0 4,1 Janet Sethre, The souls of Venice, 2003. Page 132.
  5. Johnson, James H. (2011). Venice incognito: masks in the serene republic. стр. 54. ISBN 9780520267718.
  6. 6,0 6,1 6,2 Burke, Peter (2005-11-17). The Historical Anthropology of Early Modern Italy: Essays on Perception and Communication (англиски). Cambridge University Press. стр. 186. ISBN 9780521023672.