Северна Рајна-Вестфалија

Северна Рајна-Вестфалија или СРВ (германски: Nordrhein-Westfalen, скрат. NRW) — сојузна покраина на западот на Германија и најголема по население и стопанство. Има преку 18 милиони жители, придонесува со 22% од германскиот бруто-домашен производ и зафаќа површина од 34.083 км2. Северна Рајна-Вестфалија се наоѓа во западниот дел на Германија и се граничи со Белгија и Холандија.

Северна Рана-Вестфалија
Nordrhein-Westfalen
сојузна покраина
Знаме на Северна Рана-ВестфалијаГрб на Северна Рана-Вестфалија
Карта
ЗемјаГерманија
Главен градДиселдорф
Управа
 • ОрганСобрание на СРВ
 • ПремиерАрмин Лашет (ДХС)
 • Владејачки партииДХС / СлДП
Површина
 • Вкупно34.084,13 км2 (1,315,996 ми2)
Население (2017-12-31)
 • Вкупно17.912.134
 • Густина5,3/км2 (14/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-NW
БДП (номинален)702 млд (2018)[1]
БДП/жител39.358 (2018)
NUTS-регионDEA
ИЧР (2017)0,934[2]
многу висок
Мреж. местоland.nrw
Топографска карта на Северна Рајна-Вестфалија со поважните градови и реки.

Главен град е Диселдорф, а други поголеми градови се Келн, Есен, Дортмунд, Дујсбург, Билефелд, Бон и Минстер.

Географија уреди

Во средиштето на покраината се наоѓа метрополитенска регион Рајна-Рур, каде се наоѓаат градовите Келн, Диселдорф и Бон, како и рурскиот индустриски комплекс. Рурската област се состои, меѓу другите, од градовите Есен, Дортмунд, Дујсбург, Бохум и Гелзенкирхен.

Покраината покрива растојание од 291 км север-југ и 266 км исток-запад.

Вкупната должина на границите ѝ е 1,645 км. Следниве земји и покраини се граничат со неа:[3]

За многу луѓе Северна Рајна-Вестфалија е синоним за индустриска област. Но најголемиот дел од покраината се состои од шуми и полиња. Јужните делови од Тевтобуршката Шума се наоѓаат североисточно. На северозапад, Северна Рајна-Вестфалија помалку зафаќа и од Ајфел, кој се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Рајнската област-Пфалц. Југоистокот е ретко населен. Тоа се областите Зауерланд и Зигерланд. Северозападните области на покраината се дел од Северноевропските Низини.

Најважните реки кои макар делумно течат низ Северна Рајна-Вестфалија се: Рајна, Рур, Емс, Липе и Везер. Реката Падер, која тече низ градот Падерборн, се смета за најкратката река во Германија.

Покраината се состои од 5 управни окрузи (Regierungsbezirke), поделени на 31 округ (Kreise) и 23 урбани окрузи (kreisfreie Städte). Вкупно, Северна Рајна-Вестфалија има 396 општини (1997), вклучувајќи ги оние кои се општини сами за себе.

Окрузи во Северна Рајна-Вестфалија:

 

  1. Ахен
  2. Боркен
  3. Косфелд
  4. Дирен
  5. Енепа-Рур
  6. Рајнско-ерфтски округ
  7. Ојскирхен
  8. Гитерсло
  9. Хајнсберг
  10. Херфорд
  11. Горен Зауерланд
  1. Хекстер
  2. Клеве
  3. Липе
  4. Марковски округ
  5. Метман
  6. Минден-Либеке
  7. Рајнски округ Нојс
  8. Горнобершки округ
  9. Олпе
  10. Падерборн
  1. Реклингхаузен
  2. Рајнско-бершки округ
  3. Рајна-Зиг
  4. Зиген-Витгенштајн
  5. Зост
  6. Штајнфурт
  7. Уна
  8. Вирсен
  9. Варендорф
  10. Везел

Слободни градови кои не му припаѓаат на ниеден округ:

  1. Ахен
  2. Билефелд
  3. Бохум
  4. Бон
  5. Ботроп
  6. Келн
  7. Дортмунд
  8. Дујсбург
  1. Диселдорф
  2. Есен
  3. Гелзенкирхен
  4. Хаген
  5. Хам
  6. Херне
  7. Крефелд
  8. Леверкузен
  1. Менхенгладбах
  2. Милхајм на Рур
  3. Минстер
  4. Оберјхаузен
  5. Ремшајд
  6. Золинген
  7. Вупертал
 
Дујсбуршкото езеро Мазурен во индустрискиот регион Рур

Петте административни региони кои им припаѓаат на, еден од двата Landschaftsverbände:

Историја уреди

 
Августусбургшкиот дворец во Брил, Северна Рајна-Вестфалија.

Покраината Северна Рајна-Вестфалија била основана од британската воена администрација во 1946. Првобитно оваа се состоела од Вестфалија и северните делови од Рајнската област, поранешни територии на Прусија. Во 1947 поранешната покраина Липе била припоена кон Северна Рајна-Вестфалија, така сочинувајќи ги денешните покраински граници.

Знаме уреди

Знамето на Северна Рајна-Вестфалија е зелено-бело-црвено со комбинираните грбови на пруската Рајнска провинција (лела линија пред зелена позадина), Вестфалија (белиот коњ) и Липе (црвената роза).

Според една легенда коњот во вестфалискиот грб е коњот кој саксонскиот водач Видукинд го јавал по неговото крштевање. Други пак сметаат дека коњот е поврзан со Хајнрих Лавот.

Образование уреди

Образованието во северно вестфалискиот систем се одликува со четири годишно основно образование. Потоа учениците се насочуваат според успехот во неколку типа на средни училишта. Помеѓу кои се вбројуваат училишта кои претставуваат припрема за стручно образование, гимназија и неколку типа средни училишта ( интегрирано средно училиште и др.). Само некои од овие училишта овозможуваат продолжување на образованието.

До 1950-тите имало само неколку универзитети во оваа покраина (во градовите Минстер, Келн и Бон). Започнувајќи од шеесеттите години отворени сè поголеми број други универзитети. Некои од универзитетите од оваа покраина се вбројуваат помеѓу најголемите во Германија.

Во рамките на научноистражувачките центри се вбројува и „Макс Планк“ институтот во Јулих.

Премиери на Северна Рајна-Вестфалија уреди

Ова се премиерите (германски: Ministerpräsident) на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалја:

Премиери на Северна Рајна-Вестфалија
Бр. Име и презиме Слика Партија Од До
1 Рудолф Амелунксен   ПЦ 1946 1947
2 Карл Арнолд   ДХС 1947 1956
3 Фриц Штајнхоф   СДП 1956 1958
4 Франц Мајерс   ДХС 1958 1966
5 Хајн Кин   СДП 1966 1978
6 Јоханес Рау   СДП 1978 1998
7 Волфганг Клемент   СДП 1998 2002
8 Пер Штајбрик   СДП 2002 2005
9 Јирген Ритгерс   ДХС 2005 2010
10 Ханелора Крафт   СДП 2010 2017
11 Армин Лашет   ДХС 2017

Наводи уреди

  1. „GDP NRW official statistics“. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 17 February 2019.
  2. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  3. Length of borders taken from Statistisches Jahrbuch NRW 2005, 47. Jahrgang, Landesamt für Datenverarbeitung und Statistik Nordrhein-Westfalen, p. 22

Надворешни врски уреди