КК МЗТ Скопје

Кошаркарски клуб од Македонија
(Пренасочено од КК МЗТ 2000)

МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот ги игра натпреварите во Спортскиот центар Јане Сандански.

МЗТ Скопје Аеродром
ПрекарШтркови
Металци
Family
ЛигаАБА Лига Прва Дивизија
Прва лига мажи
Основан9 март 1966; пред 58 години (1966-03-09)
СалаСпортски центар Јане Сандански
Сала Капацитет7,500
МестоОпштина Аеродром, Македонија
Бои на клубот         
ПретседателОгнен Христов
ТренерДраган Николиќ
Прваци10 Прва лига мажи
12 Куп на Македонија
6 Суперкуп на Македонија
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), десет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019, 2021, 2022, 2023), како и единаесет титули во Кошаркарскиот куп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018, 2021, 2023).

Историја

уреди

1966 - 1990

уреди

Кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром бил формиран во 1966 година и до 1984 година бил активен во рамките на Младинското спортско друштво, а потоа преминал под покровителство на „Металскиот завод-Тито“. Оттогаш, клубот постојано настапувал под името „МЗТ“, со чести измени на некои додавки, кои ги одразувале спонзорите.

Кошаркарскиот клуб бил формиран од група ентузијасти, предводени од првиот претседател на клубот Миле Меловски. Во клубот веднаш се зачлениле голем број младинци, кои почнале да тренираат на асфалтното игралиште во населбата „Автокоманда“. Во првата екипа биле Трпезановски, Атанасовски, Стрезовски, Лазаревски и Домлевски, кој бил и првиот тренер. За две години, клубот станал член на Македонската лига, а набрзо, во периодот од 1970 до 1974 година, екипата станала републички првак. Тоа ѝ обезбедувало учество во квалификациите за учество во Втората сојузна лига, но на квалификационите натпревари (двапати на домашен терен и по еднаш во Титоград и во Младеновац), клубот не успевал да избори учество во Втората лига.

Во 1971 година за претседател на клубот бил изран Урош Маљковиќ, а во 1972 година за тренер бил ангажиран Борис Соколовски. Со реорганизација на лигите, во 1974 година, клубот добил право да се натпреварува во Втората лига - Југ. Во првата сезона во оваа конкуренција, клубот го освоил седмото место, но поради лошата финансиска состојба постојано биле доведувани во прашање патувањата на туѓ терен. Тогаш со првата екипа наизменично работеле Домлевски и Стерули Андоновски, кој бил големо име во македонската кошарка.

Веќе следната година откако се натпреварувал во Втората лига, клубот стигнал до прволигашките квалификации. Но, поради пристрасноста на судиите, клубот го напуштил теренот во Иванград, така што првиот обид не се успеал, а по тој инцидент уследила и казна со одземање осум бодови за следната година. Во овој период, за клубот настапувале повеќе познати македонски кошаркари, како: Черепналковски, Кафеџиски, Ристевски, Никифоровиќ, Кардалев, Бошковски и Лазаров. Во тие години, за младинскиот погон бил одговорен Димитар Трпезановски.

Сепак, подоцна, клубот западнал во криза и повторно се нашол во Републичката лига. Тогаш за тренер бил ангажиран Таки Џиков, кој претходно работел како одбојкарски тренер. Со него, во 1979 година било освоено првото место во Македонската лига, а екипата имала успех и во квалификациите, па така повторно се вратила во Втората лига. Урош Маљкович успешно ја извршувал функцијата на претседател, а Трпезановски и натаму бил одговорен за пионерите и младинците. Тогаш, при крајот на 1970-тите, „Металскиот завод Тито“, барајќи и сопствена афирмација, почнал да вложува во клубот и на претседателската фотеља дошол Слободан Муцунски, еден од водечките луѓе во „МЗТ“. Комплетното преземање под патронот на „МЗТ“ било реализирано во 1984 година, кога за шеф на стручниот штаб бил ангажиран познатиот стручњак Лазар Лечиќ, а за тренер бил назначен Александар Књазев. Во составот на екипата во тој период се наоѓале уште: Дуковски, Зивчевиќ, Блажевски, Петровиќ, Мирчевски и Марковски. На овие играчи им се приклучиле уште неколку засилувања, па така, тимот под новото име „МЗТ“ во 1986 година станал член на Првата југословенска лига.

По осамостојувањето на Македонија

уреди

По прогласувањето на независноста на Македонија, „металците“ веднаш станале еден од најрелевантните фактори во македонската кошарка, освојувајќи девет победи во Купот на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018 година), три во Супер купот и шест шампионски титули (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019). Притоа, клубот бил познат под различни имиња, меѓу кои:[1]:

  • КК Скопје - 1966
  • КК МЗТ Хепос - 1992-1995
  • КК МЗТ Аеродром - 1996-1998
  • КК МЗТ Бос - 1998-1999
  • КК МЗТ Аеродром - 1999-2000
  • КК МЗТ Аеродром 2000 - 2000 до 2006
  • КК МЗТ - 2006 до 2007
  • КК МЗТ Фон Универзитет - 2007 до 2009
  • КК МЗТ Аеродром - 2009 - денес

Во октомври 2014 година, по поразот од „Фени индустри“ на домашен терен со 73-80, тренерот на „МЗТ Аеродром“ Змаго Сагадин добил отказ, а на неговото место дошол Врбица Стефанов.[2] Во ноември 2014 година, во тимот на „МЗТ“ се вратил Дамјан Стојановски, а една недела претходно и Сеад Шеховиќ и Дион Диксон.[3][4] По оставката на Стефанов, на тренерското место дошле уште Боби Митев и Александар Јончевски. На 1 март 2015 година, во „МЗТ“ се вратил поранешниот тренер, Алеш Пипан (од сезоната 2012-2013), кој дошол во клубот откако претходно добил отказ од тимот на „Олимпија“. Со неговото враќање на тренерското место, Алекандар Јончевски се преместил на местото помошник во стручниот штаб. На тој начин, за само една сезона, „МЗТ“ сменил дури пет тренери.[5] Сепак, дури и во такви услови, „МЗТ“ успеал да ја освои четвртата шампионската титула по ред, победувајќи го трипати КК „Куманово“ во финалето, и тоа: со 94:79 на домашен терен, 107-102 во гости и 94:85 на домашен терен.[6] За најкорисни играчи во финалната серија биле прогласени Марко Симоновски и Сеад Шеховиќ.[7]

На 25 септември 2016 година, „МЗТ“ го повторил ланскиот успех и повторно го освоил Суперкупот на Македонија. Во финалето, „МЗТ“ бил подобар од „Карпош Соколи“ со резултат 87-84 (23-16, 25-14, 25-23, 15-29), а најефикасен играч на „МЗТ“ бил Тори Томас, со постигнати 19 бода. Токму Томас ја добил и наградата за најкорисен играч на Суперкупот.[8]

Во сезоната 2016-2017, кошаркарите на „МЗТ“ повторно ја освоиле шампионската титула, откако во „мајсторката“ од финалното доигрување ја совладале екипата на „Карпош Соколи“, со резултат 86:82. На тој начин, тие ја освоиле својата шеста последователна титула првак на Македонија. Најефикасен играч на натпреварот бил Шарлон Клоф, кој постигнал 29 бода, а имал и седум скока и пет асистенции.[9]

Меѓународни настапи

уреди

Сезона 2012-2013

уреди

Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во ФИБА Еврокупот. Во сезоната 2012-2013, во АБА лигата, „МЗТ Аеродром“ успеал да ги порази „KK Цибона“ и „ХКК Широки ВВин“, а изгубил од „КК Будуќност Воли“, „КК Раднички Крагуевац“, „КК Сплит“, „КК Црвена Ѕвезда“ и „КК Игокеа“, а забележал големите победи против „КК Унион Олимпија“, „КК Цедевита“ и „КК Задар“. На крајот од првиот круг од сезоната, „МЗТ Аеродром“ доживеал убедлив пораз од „КК Партизан“, но и убедлив триумф над унгарскиот претставник „Шолнок Олај“.

Сезона 2014-2015

уреди

Во сезоната 2014-2015 година, тимот на „МЗТ Аеродром“ повторно играл во АБА лигата. На 7 октомври 2014 година, во првиот натпревар одигран на домашен терен, „МЗТ“ го победиле тимот на „Задар“ со 72:58.[10] Во третото коло, на гостувањето во Подгорица, „МЗТ Аеродром“ бил убедливо поразен од домаќинот „Будуќност“ со 69-96.[11] Потоа, тренерот Сагадин бил сменет и под водство на новиот тренер, Врбица Стефанов, во следното коло, одиграно на 18 октомври 2014 година на домашен терен, „МЗТ Аеродром“ го победил унгарскиот клуб „Шолнок“ со 74-58. Најефикасни играчи во тимот на „МЗТ Аеродром“ биле Александар Цветковиќ и Ненад Зивчевиќ, со по 14 бода.[12] Во петтото коло, на гостувањето во Ново Место, Словенија, „МЗТ Аеродром“ бил убедливо поразен од „Крка“ со 52-85 (15-23, 16-20, 12-21, 9-21).[13]

Поразите на „МЗТ“ продолжиле и во шестото коло, кога на домашен терен загубил од тимот на „Цедевита“ од Загреб со 61-76.[14] Во седмото коло, одиграно на 9 ноември 2014 година, „МЗТ“ му гостувал на „Партизан“ во Белград при што загубил со 50-65 (15-11, 14-18, 11-21, 10-15). Најефикасен во тимот на „МЗТ“ бил новото засилување Дамјан Стојановски, кој постигнал 10 бода.[15] Во 12. коло, на гостувањето кај „Цибона“, „МЗТ“ загубил со 61-70, со што го претрпил осмиот пораз во сезоната. Најефикасни во редовите на „МЗТ“ биле Дион Диксон, со постигнати 18 бода и Сеад Шеховиќ, со 12 бода.[16] По одиграните 12 кола во АБА-лигата, тимот на „МЗТ“ бил на последното место во лигата според ефикасноста, со постигнати 66,33 бода по натпревар, со најслаб шут во лигата (реализација од 40,11%), најслаб шут за два бода (реализација од 46,06%) и најмал број асистенции (13,33 по натпревар).[17] Непосроедно пред 23. коло, во тимот на „МЗТ“ се вратил тренерот Алеш Пипан, но и покрај тоа, „МЗТ“ претрпел тежок пораз од „Унион Олимпија“ од 57-76 (14-20, 14-19, 13-18, 16-19).[18]
По завршувањето на сезоната, во согласност со барањата на ФИБА за трансформација на лигата „АБА“, „МЗТ“ станал еден од нејзините сопственици.[19]

Сезона 2015-2016

уреди

Во февруари 2016 година, во рамките на 24. коло од лигата „АБА“, екипата на „МЗТ Аеродром“ загубила на гостувањето кај КК „Задар“ со резултат 72-84. Со тоа, екипата на „МЗТ Аеродром“, со однос од 9 победи и 15 порази се доближила до зоната за испаѓање од лигата.[20]

Сезона 2016-2017

уреди

Во 22. коло на лигата „АБА“, екипата на „МЗТ“ извојувала победа над „Крка“ со резултат 89-65, во директна борба за опстанок. Најдобар играч на натпреварот бил Џош Скот, кој постигнал 24 бода и имал 13 скока (вкупно, 34 индексни бодови), поради што бил прогласен за најкорисен играч на колото. По ова коло, „МЗТ“ имал резултат од 8 победи и 14 порази, со што се наоѓал на 11. место во лигата, од вкупно 14 екипи.[21]

Раководство

уреди
Позиција Име
Сопственик   Општина Аеродром
Претседател  

Спонзори

уреди
Овластен покровител на дресовите Општина Аеродром
Овластен покровител на дресовите УНИ Банка
Овластен покровител на дресовите Триглав осигурување

Соперништва

уреди

Навивачи

уреди
 
„Family Aerodrom“ во 2012 година

Навивачите на МЗТ АеродромFamily Aerodrom“ се добро познати низ Македонија за нивниот фанатизам.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Профил на МЗТ Аеродром на eurobasket.com“. Посетено на 2010-11-23.
  2. „Стефанов: Ќе го вратиме победничкиот дух кај шампионот“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 24-25.
  3. „Дамјан на располагање на дербито со Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5608, вторник, 4 ноември 2014, стр. 22.
  4. „Скопјани освежени со Диксон и Шеховиќ ќе ја нападнат Цедевита“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 23.
  5. „Пипан се врати во МЗТ Скопје за двобојот со неговата Олимпија“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 26.
  6. Македонска кошаркарска федерација - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015)
  7. „ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ЗА МЗТ СКОПЈЕ ЧЕТВРТИ ПАТ ПО РЕД“ (пристапено на 6.6.2015)
  8. „Суперкупот за МЗТ, увертира пред почетокот на АБA“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 26.
  9. „МЗТ Скопје Аеродром по шести пат кошаркашки шампион на Македонија“, Општина Аеродром, година XII, број 77, јули-август 2017, стр. 29.
  10. „Новиот тренер дебитираше со победа“, Општина Аеродром, број 61, година IX, ноември-декември 2014, стр. 3.
  11. „Сагадин: Нè скрши цврстата одбрана на домаќинот“, Дневник, година XVIII, број 5591, вторник, 14 октомври 2014, стр. 22.
  12. „Играчите го фалат Стефанов, а тој го истакнува колективот“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22.
  13. „МЗТ беше само статист во Ново Место“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 22.
  14. „МЗТ Скопје продолжува со стилот стани-падни“, Дневник, година XVIII, број 5608, вторник, 4 ноември 2014, стр. 22.
  15. „Партизан му го нанесе третиот пораз во низа на МЗТ Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 22.
  16. „Митев: Жалам за поразот од Цибона, се надевам дека ќе победиме на следниот меч“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 22.
  17. „Неефикасноста главен проблем за кризата кај МЗТ сезонава“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 26-27.
  18. „Пипан: Се извинувам, ќе биде подобро“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 19.
  19. „МЗТ Скопје стана дел од сопствениците на АБА-лигата“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 27.
  20. „МЗТ Скопје со една победа е над опасната зона“, Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 24.
  21. „Скот од МЗТ со МВП признание во АБА-лигата“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21.

Надворешни врски

уреди