Family Aerodrom (македонски: Фамилија Аеродром) е заедничкото име за сите навивачи на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром[1]. Навивачката група е формирана во пролетта 1997 година како легитимен наследник на Service Crew и Пирамида-Аеродром[1].

Family Aerodrom
Основање1997
ВидНавивачка група
ЕкипаКК МЗТ Скопје
ОпштинаОпштина Аеродром, Скопје, Македонија
ArenasСпортски центар „Јане Сандански“
StandNorth
Colorsсина и бела

Service Crew е првата организирана навивачка група која застанала зад МЗТ Аеродром во далечната 1987 година[1]. Во времето на експанзија на тифо-движењето на Балканот се јавува оваа група која за краток период успева да изгради респектабилно име во навивачките кругови претежно истакнувајќи се по силината, инцидентите и начинот на дејствување[1]. Инаку името „Service Crew“ е позајмено од навивачите на Leeds United[1].

Екипата на МЗТ Аеродром во тој период настапувала во првата југословенска лига па така со Service Crew имаат можност да се запознаат и дел останатите групи во СФРЈ[1].

Во 1997 година Service Crew се ребрендира[1]. Новото име на групата е Family Aerodrom[1]. Асоцијацијата на името е јасна – сите во Аеродром се однесуваат како да се едно семејство, без разлика на годините или пак нешто друго[1]. Тоа се години во кои клубот е во најголема експанзија бележејќи ги најголемите успеси на мак-баскетот на европската сцена[1]. Јане Сандански стана неосвоива тврдина за екипи од европскиот крем како Реал Мадрид, Порто, Улм и Бенфика, а навивачите биле едни од најзаслужните за тие подвизи[1]. Нешто подоцна МЗТ Аеродром почнува да бележи послаби резултати но многу парадоксално бројноста на трибините станува сè поголема[1]. На 31 март 2007 година била прославена 10-годишнината од активноста на групата[1]. На роденденот биле присутни сите оние што биле дел од трибината па така покрај кореографијата, пиротехниката и паролите, групата се претстави со дотогаш незабележана бројност[1].

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 „Историја на Фамилија Аеродром“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-08-10.

Надворешни врски уреди