Историја на Евреите во Грција

Евреите биле присутни во Грција уште од 4 век п.н.е. Најстарата и најкарактеристична еврејска група што ја населила Грција се Романиотите, исто така познати како „грчки Евреи“. Сепак, терминот „грчки Евреи“ претежно се користи за секое лице од еврејско потекло или вера што живее или потекнува од современиот регион на Грција.

Грчки Евреи
Έλληνες Εβραίοι
יהודיםיוונים
Вкупен број
4,500[1]
Јазици
грчки, хебрејски, ладино
Вероисповед
Јудаизам

Настрана од Романиотите, посебно еврејско население кое историски живеело во заедници низ цела Грција и во соседните области со големо грчко население, Грција имала голема популација на еврејски Сефарди и земјата била историски центар на сефардскиот живот, главно во градот Солун, Македонија, кој бил познат како „Мајка на Израел[2]. Грчките Евреи одиграле важна улога во раниот развој на христијанството и биле извор на образование и трговија за Византија и во текот на периодот на Отоманска Грција, додека не пострадале од катастрофата во Холокаустот откако Грција била освоена и окупирана од Силите на Оската, и покрај напорите на Грците да ги заштитат[3][4]. По завршувањето на холокаустот, голем процент од преживеаните заедници емигрирале во Израел или во САД.

Еврејската заедница во Грција изнесува околу 8.000 луѓе, концентрирани главно во Атина, Солун, Лариса, Волос, Халкис, Јанина, Кавала и Родос[5]. Грчките Евреи денес во голема мера „живеат рамо до рамо во хармонија“ со христијанските Грци[6], продолжувајќи да соработуваат со другите Грци и Еврее ширум светот борејќи се против секаков пораст на антисемитизмот во Грција. Еврејската заедница на Грција вложува големи напори за основање на музеј за Холокауст во земјата[7]. Делегација и претседателот на еврејската заедница на Грција се состанале во ноември 2016 година со грчки политичари и побарале поддршка за нивното барање да се вратат архивите на заедницата на Еврејската заедница во Солун од Москва[8].

Еврејски култури во Грција

уреди

Повеќето Евреи во Грција се Сефарди, но Грција е исто така дом на уникатната култура на Романиотите.Покрај овие, постојат и некои северно-италијански, сицилијански, апулиски заедници во Солун и на други места. Сите овие заедници немале само сопствени обичаи (minhag), туку исто така имаат и свои сидури печатени за собранијата во Грција. Големиот избор на еврејски обичаи во Грција бил уникатен[9].

Романиоти

уреди

Романиотските Евреи живееле на територијата на денешна Грција повеќе од 2000 години.Нивниот историски јазик бил еврејскиот, дијалект на грчки јазик, но на еванички јазик денес нема зачувано каков било документ.Денешните грчки Романиоти зборуваат грчки јазик.Големи заедници на Романиотите се наоѓале во Јанина, Теба, Халкис, Крф, Арта, Коринт и на островите Лезбос, Хиос, Самос, Родос и Кипар.Романиотите историски се разликуваат од Сефардите, од кои некои се населиле во Грција по протерувањето на Евреите од Шпанија во 1492 година. Сите освен мал број на Романиоти од Јанина биле убиени во Холокаустот. Јанина денес има 35 жители Романиоти[10].

Сефарди

уреди

Мнозинството Евреи во Грција се Сефарди чии предци ја напуштиле Шпанија, Португалија и Италија.Тие во голема мера се населиле во градовите како Солун. Традиционалниот јазик на грчките Сефарди бил ладино, и до Холокаустот, заедницата „била единствена мешавина на влијанија од отомански, балкански и шпански влијанија[11]“ познати по нивното ниво на образование. Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура ја нарекува сефардската заедница во Солун „неоспорно едно од најважните во светот“[2].

Историја на јудаизмот во Грција

уреди
 
Мозаик на подот на еврејската синагога во Грција - 300 г., Егина

Првото забележано споменување на јудаизмот во Грција датира од 300-250 пр.н.е.на островот Родос. Во 2 век пр.н.е., Хиркан, водач во еврејската заедница во Атина, бил почестен со подигнување на статуа во агора[12].

Според Едмунд, Ганимед бил семит, и неговите браќа Ил и Асарак не се сомневале во тоа[13]. Според Јосиф Флавиј (Contra Apionem, 176-183), најраното спомнувањето на хеленизиран Евреин од еден грчки писател, требало да се најде во делото „Де Сомно“ од грчкиот историчар Клеарх од Соли. Овде Клеарх ја опишува средбата меѓу Аристотел (кој живеел во 4 век пр.н.е.) и еден евреин во Мала Азија, кој зборувал грчки јазик:

Археолозите откриле антички синагоги во Грција, вклучувајќи ја и Синагогата во Агора во Атина и онаа во Делос, која датира од 2 век пр.н.е.

Грчките Евреи играле важна улога во грчката историја, од раната историја на христијанството, преку Византија и од Отоманска Грција, сè до трагичното уништување на заедницата откако Грција била окупирена од Нацистичка Германија во Втората светска војна.

Хеленистички период

уреди

Македонското Царство под Александар Велики го освоило поранешното Јудејско Кралство во 332 п.н.е., поразувајќи ја Персија.По смртта на Александар, додека наследниците на Александар се бореле за контрола над персиските територии, регионот бил контролиран од династијата на Птолемеј, а областа сè повеќе станувала хеленистичка. Евреите од Александрија создале „уникатен спој на грчката и еврејската култура[14], додека Евреите во Ерусалим биле поделени меѓу конзервативни и проелински фракции. Заедно со влијанието на оваа хеленистичкото влијание врз Евреите, Карен Армстронг тврди дека турбуленцијата на периодот помеѓу смртта на Александар и II век пр.н.е.довела до оживување на еврејскиот месијанизам[14], што подоцна инспирирало револуционерно расположение кога Ерусалим станал дел од Римското Царство.

Римска Грција

уреди
 
Св. Павле од Ел Греко.

Хеленистичка Грција била ставена во составот на Римското Царство во 146 п.н.е. Евреите што живееле во Римска Грција имале поинакво искуство од оние во провинцијата Јудеја.Новиот завет ги опишува грчките Евреи како посебна заедница од Евреите од Јудеја, а Евреите од Грција не учествувале во Првата еврејско-римска војна. На евреите од Солун, зборувајќи дијалект на грчки јазик, и живеејќи во хеленизирано општество, им се придружиле нова еврејска колонија во 1 век од н.е. Евреите од Солун „уживале широка автономија“ во римско време[2].

Првично гонител на раните еврејски христијани до неговото преобраќање на патот кон Дамаск, Павле од Тарс, самиот хеленизиран Евреин од Тарс, имал значајна улога во основањето на многу христијански цркви низ цело царство, вклучувајќи ја и Мала Азија и Грција. Второто мисионерско патување на Павле вклучило прозелитизам во синагогата во Солун додека не бил истеран од градот од страна на неговата еврејска заедница.

Византија

уреди

По распаѓањето на Римското Царство, еврејската популација бргу се распространила на територијата на новото Источно Римско Царство познато како Византија.Нивната положба драстично се влошила во периодот кога христијанството било признаено за официјална религија во Византија од страна на Константин I Велики по укажениот Милански едикт.Голем дел од еврејското население било принудено да го прифати христијанството односно да се христијанизира.Во 351 година, евреите, револтирани од големите притисоци, организирале востание против гувернерот по име Гал во Галилеја.По задушувањето на револтот, голем број на градови во Галилеја биле уништени.Градовите Ципори и Лида никогаш не се обновиле повторно.

Во почетокот на 5 век, императорот Теодосиј I наложил збир на официјални декрети кои главно биле насочени против Евреите. На евреите не им било дозволено да имаат приватни робови, изградба на нови синагоги, да работат во јавна администрација и слично.Брак помеѓу Евреин и верник на друга религија не бил дозволен.Теодосиј, освен тоа, го укинал и Синедрионот. Во времето на императорот Јустинијан I, граѓанските права на евреите [15], како и религиозните привилегии уште толку биле намалени[16]. На евреите им било забрането да градат сингога|синагоги [17], да го употребуваат хебрејскиот јазик. За непочитувањето на овие работи следувало или прогонство или одземање на имотот. Евреите во Бориум, кои се противиле на Велизар во неговиот поход против Вандалите, биле принудени да го прифатат христијанството и нивната синагога била претворена во црква.[18] Во целина, Евреите од Грција започнале да се посветуваат на зголемено внимание од раководството на Византија во Цариград.Некои византиски цареви сакале да го искористат богатството на Евреите од Грција и им наметнале посебни даноци, додека други се обиделе присилно да се преобратат во христијанство. Вториот притисок се соочил со мал успех, бидејќи бил отпорен од еврејската заедница и од грчките христијански синоди[2].

Сепак, Византија не била доволно силна да се справи со целосното христијаниззирање на евреите во Анадолија.[19] Точната слика на статусот на евреите во Мала Азија за време на византиското владеење од страна на некои историчари се истражува до ден денес. Иако има некои докази за повремено непријателство од страна на византиското население и органи, сепак тие не се доволни.[20].

Првата населба на Ашкеназите во Грција била основана во 1376 година, најавувајќи ја ашкеназиската имиграција од Унгарија и Германија за да го избегне прогонот на Евреите во текот на 15 век.Еврејските имигранти од Франција и Венеција, исто така, пристигнале во Грција и создале нови еврејски заедници во Солун.

Четвртата крстоносна војна ја деградирала положбата на Евреите во новите земји на грчка земја, кои претходно биле делови на Византија. Евреите во тоа време биле економски моќни, иако мали, сочинувале заедница, одделно од христијаните, и се занимавале со позајмување на пари[21].

 
Белата кула во Солун.
 
Внатрешност на синагога во градот Родос

Грција била управувана од Османлиите од средината на XV век, до завршувањето на првата грчка војна за независност која завршила во 1832 година.Во овој период, центарот на еврејскиот живот на Балканот бил Солун. Сефардите од Солун биле ексклузивни кројачи за османлиските јаничари и уживале економски просперитет преку комерцијално тргување на Балканот.

По нивното протерување од Шпанија, меѓу петнаесет и дваесет илјади Сефарди се населиле во Солун. Според Еврејската виртуелна библиотека: „Грција станала рај на религиозна толеранција за Евреите кои бегаат од шпанската инквизиција и други прогони во Европа. Османлиите ги поздравија Евреите затоа што ја подобрија економијата. Евреите заземаа административни позиции и одиграа важна улога во интелектуалниот и комерцијален живот низ целата империја[22]. Овие имигранти ја основале првата печатарска преса во градот, а градот станал познат како центар за трговија и учење.Прогонството на другите еврејски заедници го засилило еврејското население во градот, додека Евреите не биле мнозинско население во 1519 година.Отоманските Евреи биле обврзани да им платат посебни еврејски даноци на османлиските власти, како џизија, испенче, арач и рабински данок.

Во 1519, Евреите претставувале 56% од населението во Солун, а во 1613 година нивниот удел бил 68%[23].

Во 1523 година, во Венеција било објавено првото печатено издание на Махзор Романија од страна на константинополитски Евреи. Ова претставува веројатно најстар европски молитвен ритуал. Полиглотското издание на Библијата, објавено во Цариград во 1547 година, го содржи хебрејскиот текст на средината на страницата, со превод на ладино (јудео-шпански) на едната страна и превод на еврејски јазик од друга страна.

Меѓутоа, средината на 19 век донела промена во грчкиот еврејски живот. Јаничарите биле распуштени во 1826 година, а традиционалните трговски патишта биле загрозени од Големите сили на Европа. Сефарското население во Солун се искачило на дваесет и пет до триесет илјади членови, што довело до недостиг на ресурси, пожари и хигиенски проблеми. Според историчарот Миша Глени, Солун бил единствениот град во Отоманското Царсво, каде што некои Евреи „употребиле насилство против христијанското население како средство за консолидирање на својата политичка и економска моќ[24], бидејќи трговците од еврејското население ги затвориле вратите за трговците од грчкото и словенското население и физички ги заплашувале своите соперници. Со настапувањето на модерниот антисемитизам со имигранти од запад подоцна во текот на векот, некои од солунските Евреи наскоро станале мета на грчките и ерменските погроми.Еврејската заедница во Солун опфаќала повеќе од половина од населението во градот до почетокот на 1900-тите.Како резултат на еврејското влијание врз градот, многу не-еврејски жители на Солун говореле ладино, јазикот на сефардските Евреи, а градот практично бил затворен во саботата, еврејската сабота, поради кое чессто се нарекувал „Мал Ерусалим“. Многу патници од морето кои допатувале до пристаништето во Солун хумористично се сеќавале дека Солун бил град каде што луѓето работеле само четири дена додека се одморале три последователни денови, поради тоа што се појавиле трите главни религии кои се придржувале кон населението и нивните денови на одмор: Петок за муслиманите, сабота за евреите и недела за христијаните.

Грција

уреди

Генерално лојални на Отоманското Царство, Евреите од јужна Грција немале позитивен став кон грчката војна за независност; поради кое тие често биле мета на револуционерите.

Отоманската власт во Солун завршила многу подоцна, во 1912 година, кога грчките војници влегле во градот во последните денови од Првата балканска војна. Статусот на Солун не бил донесен од страна на Балканскиот сојуз пред војната, а Глени пишува дека некои од еврејското мнозинство во градот најпрво се надевале дека градот би можел да биде контролиран од Бугарија[25]. Меѓутоа, по ослободувањето, грчката влада ја добила поддршката на градската еврејска заедница, а Грција под Елефтериос Венизелос беше една од првите земји што ја прифатиле Балфоровата декларација[12].

Во 1934 година, голем број Евреи од Солун се преселиле кон Палестина, во Тел Авив и Хаифа.

Втора светска војна

уреди
 
Еврејски војник (десно) на Албанскиот фронт за време на [Грчко-италијанската војна
 
Фалсификувана лична карта со христијанска дознака за време на окупацијата

За време на Втората светска војна, Грција била освоена од Нацистичка Германија и окупирана од Силите на Оската. 12.898 грчки Евреи се бореле во грчката армија, еден од најпознатите меѓу нив бил полковник Мордехаи Фризис, кој првично успешно ја одбивал италијанската армија, но подоцна бил поразен од германските сили[12]. Германците собрале разузнавачки податоци за еврејската заедница на Солун од 1937 година[26]. Околу 60.000-70.000 грчки Евреи, или најмалку 81% од еврејското население во земјата, биле убиени; особено во јурисдикциите окупирани од Нацистичка Германија и Бугарија. Иако Германците[27] депортирале голем број грчки Евреи, некои биле успешно скриени од нивните грчки соседи. за разлика од Германците, и покрај некои локални команданти, италијанската војска ги заштитила Евреите во нивната зона. Германците биле наводно вознемирени бидејќи Италијанците не само што ги заштитиле Евреите на нивната територија, туку и во делови на окупирана Франција, Грција, Балканот и на други места, каде што, исто така, ги штителе локалните еврејски популации. На 13 декември 1942 година, Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Хитлер, во својот дневник напишал: „Италијанците се крајно лабави во третманот на Евреите. Тие ги штитат италијанските Евреи во Тунис и во окупирана Франција и нема да дозволат да бидат подготвени за работа или да бидат принудени да ја носат Давидовата ѕвезда. Ова уште еднаш покажува дека фашизмот навистина не се осмелува да се фати во основите, но е многу површен во однос на проблемите од витално значење[28]. Загубите биле значајни во места како што се Солун, Јанина, Крф или Родос, каде што повеќето од еврејското население биле депортирани и убиени.Спротивно на тоа, поголем процент од Евреите можеле да преживеат, каде што месното население било корисно и ги криеле прогонетите Евреи, како Атина, Лариса или Волос. Можеби најважните напори за спасување се случиле во Атина, каде што околу 1.200 Евреи добиле лажни лични карти по напорите на Архиепископот Дамаскин Папандреу и шефот на полицијата, Ангелос Еверт[29].

На 11 јули 1942 година, Евреите од Солун биле опкружени во подготовката за робна работа.Заедницата платила надомест од 2 милијарди драхми за нивната слобода. Сепак, во Аушвиц биле испратени 50.000 луѓе, а најголемиот дел од нивните 60 синагоги и училишта биле уништени, заедно со старите еврејски гробишта во центарот на градот. Само 1.950 преживеале[3][30]. Многу преживеани подоцна емигрирале во Израел и во САД. Денес еврејското население во Солун брои околу 1.000 и одржува две синагоги[30].

Општо и еврејско население во Солун[30]
Година Вкупно население Евреи Процент
1842 70,000 36,000 51%
1870 90,000 50,000 56%
1882/84 85,000 48,000 56%
1902 126,000 62,000 49%
1913 157,889 61,439 39%
1943 53,000
2000 363,987 1,400 0.3%

На Крф, по падот на италијанскиот фашизам во 1943 година, нацистите ја презеле контролата врз островот. Градоначалникот на Крф во тоа време, Колас, бил познат соработник и нацистите усвоиле различни антисемитски закони кои ја формирале окупаторската влада на островот[31]. На почетокот на јуни 1944 година, додека сојузниците го нападнале Крф, Гестапо ги обиколила Евреите од градот, привремено ги затвориле во старата тврдина и на 10 јуни ги испратиле во Аушвиц каде што многумина не преживеале[31][32]. Сепак, околу двесте од вкупното население од 1.900 успеало да побегне. Многумина од месното население во тоа време обезбедило засолниште на оние 200 Евреи кои успеале да ги избегнат нацистите[33]. Исто така, голем дел од стариот град е до ден денешен наречен Еврејски што значи еврејско предградие во знак на еврејскиот придонес и континуираното присуство во градот Крф.

На 4 март 1943 година, бугарските војници со помош на германските војници ги депортирале Евреите од Комотини и Кавала на еден патнички брод, каде ги масакрирале и го потонале подоцна бродот. Бугарите ги конфискувале сите еврејски имоти[34].

Во Солун, поединечните полицајци ги спасувале своите еврејски пријатели, додека во Атина шефот на полицијата, Ангелос Еверт, и неговите луѓе активно ги поддржувале и ги спасувале Евреите.

Сепак, 275 Евреи од островот Закинтос го преживеале Холокаустот. Кога на градоначалникот на островот му било наредено со германскиот налог да ја предаде списокот на Евреи, митрополитот од Закинтос се вратил каај Германците со список на две имиња; сопственото и онаа на градоначалникот.Населението на островот ги криело сите членови на еврејската заедница. Во 1947 година, голем број на Евреи од Закинтос заминале во Палестина (подоцна Израел), додека други се преселиле во Атина[35]. Кога островот бил речиси целосно срушен од големиот земјотрес во 1953 година, првата помош дошла од Израел, со порака во која се вели: „Евреите од Закинтос никогаш не го заборавија својот градоначалник или својот сакан епископ и она што тие го направија за нас[4]“.

Градот Волос, кој бил во италијанската зона на окупација, имал еврејско население од 882, а голем број солунски Евреи што бегале од нацистите барале во Волос засолниште. До март 1944 година таму живееле повеќе од 1.000 Евреи. Во септември 1943 година, кога градот бил преземен од нацистите, рабинот работел со архиепископот Јоаким и движењето за отпорот на ЕАМ, за да најдат засолниште за Евреите во Пелион. Поради нивните напори, 74% од градските Евреи биле спасени. Од повеќе од 1.000 Евреи, само 130 биле депортирани во Аушвиц. Еврејската заедница останала во Волос по војната, но серијата земјотреси во 1955-57 година ги принудиле на многумина од преостанатите Евреи да заминат, а повеќето од нив имигрирале во Израел или во САД. Денес во Волос живеат само 100 Евреи[31].

Наводи

уреди
  1. „The Virtual Jewish World — Greece“. The Virtual Jewish Library. Посетено на 11 December 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Samuel Usque, The Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p. 1
  3. 3,0 3,1 The Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p.2
  4. 4,0 4,1 Zakynthos: The Holocaust in Greece Архивирано на 21 мај 2014 г., United States Holocaust Memorial Museum, URL accessed May 25, 2014.
  5. „Short History Of The Jewish Communities In Greece (pdf), publicized by the Central Board of Jewish Communities in Greece“ (PDF). kis.gr. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 септември 2007. Посетено на 3 април 2018.
  6. Current Activities of the Jewish Museum of Greece Архивирано на 9 октомври 2006 г., The Central Board of Jewish Communities in Greece. URL accessed April 15, 2006.
  7. Makris, A. „Holocaust Museum to Be Build [sic] in Greece - GreekReporter.com“. GreekReporter.com. Посетено на 21 March 2017.
  8. Matathia, Rachel. „ΠΟΛΙΤΙΚΕΣ ΣΥΝΑΝΤΗΣΕΙΣ ΓΙΑ ΤΑ ΘΕΜΑΤΑ ΤΟΥ ΕΛΛΗΝΙΚΟΥ ΕΒΡΑΪΣΜΟΥ“. KIS.gr. Архивирано од изворникот на 2020-04-01. Посетено на 21 March 2017.
  9. "Chronika" Vol. 57, Periodical of the Central Board of Jewish Communities in Greece, Athens March 1983, transl. from Goldschmidt, D. In "Sefunot" Vol. 13, Jerusalem, Ben Zvi Institute 1971-1978
  10. The Holocaust in Greece: Ioannina. URL accessed April 15, 2006. Архивирано на 20 октомври 2004 г.
  11. Glenny, p.512
  12. 12,0 12,1 12,2 The Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p. 3
  13. Veckenstedt, Johann Albrecht Edmund (1882). "Ganymedes: Als Beilage Zu D. Nachrichten uber den Bestand und die Thatigkeit des Nicolai-Gymnasiums zu Liben im Laufe des Jahres 1881.". Liepaja: Verlag von Rudolph Puhze. стр. 10.
  14. 14,0 14,1 Armstrong, Karen (2006). The Great Transformation: The Beginning of our Religious Traditions (First. изд.). New York: Knopf. стр. 350–352. ISBN 978-0-676-97465-2.
  15. Cod., I., v. 12
  16. Procopius, Historia Arcana, 28
  17. Nov., cxlvi., Feb. 8, 553
  18. Procopius, De Aedificiis, vi. 2
  19. G. Ostrogorsky, History of the Byzantine State
  20. The Oxford History of Byzantium, C. Mango (Ed) (2002)
  21. Tsougarakis, N. I. and Lock, P. A Companion to Latin Greece, pp. 128, 142 and a chapter about the Jews.2014
  22. [1], Jewish Virtual Library The Virtual History Tour of Greece.
  23. Gilles Veinstein, Salonique 1850–1918, la "ville des Juifs" et le réveil des Balkans, pp. 42–45
  24. Glenny, p. 183
  25. Glenny, p.236
  26. Misha Glenny. The Balkans: Nationalism, War and the Great Powers 1804-1999. Page 512
  27. Glenny, p.508
  28. Brownfeld (2003)
  29. Athens -- United States Holocaust Museum Архивирано на 15 јули 2015 г., Athens -- United States Holocaust Museum, URL accessed July 15, 2015.
  30. 30,0 30,1 30,2 Molho, Rena. The Jerusalem of the Balkans: Salonica 1856-1919 Архивирано на 26 декември 2008 г. The Jewish Museum of Thessaloniki. URL accessed July 10, 2006.
  31. 31,0 31,1 31,2 United States Holocaust Memorial Museum Архивирано на 8 декември 2012 г. on the Holocaust in Corfu. "[...]two hundred of the 2,000 Corfu Jews found sanctuary with Christian families[...]" Also contains information about the Nazi collaborator mayor Kollas.
  32. From the interview of a survivor interviewed in the film "Shoah"
  33. Central Jewish Council of Greece website Архивирано на 17 октомври 2007 г.
  34. „Cuomotini“. JewishVirtualLibrary.org. Посетено на 21 March 2017.
  35. „Bird flu confirmed in Jordan Valley“. JPost.com. Посетено на 21 March 2017.

Надворешни врски

уреди