Џизија
Џизија [1] (турски: Cizye, главарина, арач, намет) — данок што го плаќало немуслиманското население во Отоманското Царство. Џизија бил данок што го плаќале еднаш годишно, во замена за невршење воени должности. Плаќањето можело да се врши во готово или во натура, а децата, жените, старците и физички или психички неспособните лица биле ослободени од џизија.
Собирачите на џизија се нарекувале џизједари и биле назначувани од везирот. Во 1855 година бил донесен закон со кој тој вид на обврска се заменил со плаќање на воен данок, но сепак се наплатувала. Дури во 1908 година, по Младотурската револуција, воената обврска во Турција била проширена на христијаните и престанала наплатата на џизија.