Лезбос (грчки: Λέσβος) е трет по големина остров во Грција (после Крит и Евбеја) и најголем од Северноегејските Острови. Административно островот сочинува една општина под истото име Лезбос и се наоѓа во Периферијата Северен Егеј. Најголемиот град на островот, Митилена, е и управен центар на округот. Помали градови се: Калони, Моливос, Пломари, Ајазос, Ерезос и Петра. Зафаќа површина од 1.632 км2 и население од 92.000.

Назив и значења

уреди
 
Сателитска снимка на Лезбос
 
Планина Олимп на Лезбос со највисок врв на островот
 
Заливот Калонис во јужниот дел на островот
 
Најважна населба на островот, градот Митилена

Во старогрчката митологија, заштитник на островот исто така се нарекувал „Лезбос“, син на Лапит кој за жена ја зел Метимна. Зборот лезбејски се изведува од името на островот. Оваа придавка потекнува од делата на познатата поетеса од Лезбос, Сапфо, во кои е опишана љуботав помеѓу жени. Жители наи Лезбос се нарекуваат Лесвонијани (место Лезбијанци) или „по грчки“ Лесвиоти

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди