Отвори го главното мени

Бела кула (Солун)

кула во Солун

Белата кула (грчки: Λευκός Πύργος, Левкос Пиргос, турски: Beyaz Kule, Бејаз куле) - историска забележителност и музеј кој се наоѓа во градот Солун, Грција, на самиот брег од Солинскиот залив.

Бела кула
Λευκός Πύργος
Salonica White Tower.jpg
Поглед кон кулата
Општи податоци
Типтврдина
затвор
музеј
Стилосманлиска архитектура
МестоСолун
ЗемјаГрција
Почната15 век
Завршена16 век
СопственикВлада на Грција
Висина33 м
Димензии
Пречник22,7 м

ИсторијаУреди

Кулата ја заменила стара византиска кула, која била споменета од солунскиот епископ Евстатиј Катафлор во неговиот опис за опсадата на градот од Норманите во 1185 година[1].

Кулата е најисточната од трите кули на морските ѕидини на градот. Таа ги поврзувала источните ѕидини со морските ѕидини на градот, разделувајќи ја евејската населба од муслиманските гробишта[2] . Кулата била изградена од османлискиот султан Сулејман I во периодот од 1535 до 1536 година. Според некои податоци, кулата била изградена од страна на Мурат II по опсадата на градот во 1430 година[3]. Историчарот Франц Бабингер пишува дека е можно оваа кула да била дизајнирана од големиот османлиски архитект Мимар Синан бидејќи слична таква кула во истиот период била изградена на албанското пристаниште во Валона во 1537 година[4].

Од страна на османлиските власти била користена како тврдина и затвор, место во кои лежеле голем број на македонски револуционери и противници на османлиската власт. Во 1826 година по наредба на султанот Махмуд II во кулата масовно започнале да се убиваат затворениците. Поради безбројните жртви од османлиската тортура и егзекуции, кулата била наречена Кула на Јаничарите, Камлакуле - Кулата на крвта и Црвена кула до кон крајот на 19 век.[2]. Турците издале посебна султанска наредба која се викала ираде, со која се забранувало затворот да се нарекува Крвава кула. Во 1890 година кулата била варосани и така се здобила со денешното име. Иако денес фасадата има светложолта боја, таа сеуште се нарекува Бела кула.

По крајот на Балканските војни, Солун станал дел од Грција, и во текот на Првата светска војна, кулата се користела како команден центар и како магацин за археолошки наоди, откриени од британските делови. Подоцна била користена како елемент за воздушна одбрана на градот и како метеоролошка лабораторија на Солунскиот универзитет. Пред кулата работело познатото кафуле и театар "Театарт на Белата кула", срушен во 1954 година за проширување на паркот.

Денес, кулата се наоѓа на крајбрежниот булевар "Ники". Во неа е сместен музејот на византиската култура и претставува една од водечките туристички атракции на градот. Градбата е под управа на грчкото Министерство за култура и Агенцијата за византиските антики.

Кулата е цилиндрична со висина од 33,9 m и дијаметар од 22,7 m. Има приземје и 6 ката, поврзани со 120-метарска скали.

Банкарска контроверзијаУреди

Во раните години на 1990-тите Белата кула била центар на голем спор меѓу Грција и Македонија. Една од големите политички партии во Република Македонија и водечка опозиција ВМРО-ДПМНЕ понудила печатење на банкноти на кои е прикажана Белата кула. Сепак Владата го отфрлила предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и прифатила друг дизајн за македонските банкноти, кои биле пуштени во оптек во 1992 година[5].

По ова во Скопје започнало да се печатат неофицијални банкноти со слика од Белата кула, кои се продавале како сувенири.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Kiel, Machiel. A Note on the Exact Date of Construction of the White Tower of Thessaloniki. „Balkan Studies“ том  14: 325–357. 
  2. 2,0 2,1 Glenny, p.181
  3. Tracy (2000), p.303–307.
  4. Tracy (2000), p.306, note 56.
  5. Roudometof, Victor (2002). „Toward an Archaeology of the Macedonian Question“. Collective Memory, National Identity, and Ethnic Conflict. Greenwood Publishing. стр. 64. ISBN 0-275-97648-3. 

ЛитератураУреди

  • Glenny, Misha (2001). „A maze of conspiracy“. The Balkans: Nationalism, War and the Great Powers, 1804-1999 (Penguin 2001 softcover издание). New York, New York: Penguin. стр. 181. ISBN 0-14-023377-6. 
  • Simons, Marlise. „As Republic Flexes, Greeks Tense Up“, New York Times, 3 февруари 1992.
  • Tracy, James D (2000). City Walls: The Urban Enceinte in Global Perspective. Cambridge University Press. ISBN 0-521-65221-9. 

Надворешни врскиУреди