Ирски јазик

(Пренасочено од Ирскиот јазик)

Ирски јазик (Gaeilge, мктр. гелѓе) — матичен јазик на Ирска од гојделската група на келтски јазици во индоевропското семејство. Како мајчин јазик го говори сам мал дел од населението, но истиот е многу позастапен како втор јазик. Јазикот ужива уставен статус како национален прв службен јазик на Република Ирска. Ужива и статус на службен јазик на ЕУ и законски признат како малцински јазик во Северна Ирска.

Ирски
Gaeilge
Изговорˈɡeːlʲɟə
Застапен воИрска
ПодрачјеГелтахт
Говорнициоколу 133.000 во Ирска и помал број во странство  (2011)[1]
како втор јазик:
Јазично семејство
Претходни облици:
Писмоирска азбука (латинична)
Статус
Службен во Ирска
 Европска Унија
Признаен како малцински во Обединето Кралство (Северна Ирска)
Регулативен органСовет за ирски јазик
(Foras na Gaeilge)
Јазични кодови
ISO 639-1ga
ISO 639-2gle
ISO 639-3gle
Linguasphere50-AAA
{{{mapalt}}}
Говорници на ирскиот јазик во Република Ирска и Северна Ирска во 2011 г.

Ова бил единствен (или главен) јазик на ирскиот народ во најголемиот дел од негова историја, ширејќи се со преселбите и во други земји како Шкотска и на островот Ман, каде постепено се претвориле во шкотски гелски и мански јазик.[4][5][6] Ирскиот ја има најстарата книжевност на народен јазик во цела Западна Европа.[7]

Понатамошната судбина на јазикот претежно се должи на зголемувањето на влијанието на англиската држава. Опаѓањето почнало во XVII век, а го доживеало својот врв во подоцнежниот дел од XIX век, со драстичното намалување на бројот на говорници предизвикано од Големиот глад (1845–1852), кога населението на Ирска се намалило за 20-25% поради смрт или иселување. Најпогодени биле подрачјата каде ирскиот бил најзастапен. На крајот од британското владеење со земјата, јазикот го говореле помалку од 15% од населението на Ирска.[8] Од тогаш наваму, ирскиот јазик е малцински, дури и во местата во ирскојазичното подрачје Гелтахт (Gaeltacht). Направени се доста усилби од државата, поединци и организации за зачувување, обнова и унапредување на јазикот, но со мешани резултати.

На почетокот на XXI век ирскиот бил мајчин јазик на 20.000 до 80.000 луѓе.[9][10][11] На пописот од 2006 г. во Република Ирска, 85.000 испитаници рекле дека секојдневно го користат ирскиот вон образовниот систем, а 1,2 милиони рекле дека го користат барем повремено во училиштата или вон нив.[12] На пописот од 2011 г. овие бројки се искачиле на 94.000 односно 1,3 милиони.[13] Во Северна Ирска има неколку илјади говорници. Се проценува дека активните говорници сочинуваат 5 до 10 отсто од населението на Ирска.[14]

Изминатите некоклу децении бележат значаен пораст во бројот на говорници на ирскиот јазик во градски средини, особено во Даблин. Ова се должи на зголемувањето на бројот на училиштата каде наставата се одвива на ирски јазик[15]

Има повеќе говорници на ирскиот јазик и во странство, особено во САД и Канада.[16][17]

Историја

уреди

Први писмени наоди од ирскиот јазик среќаваме на огамски написи од IV век; јазикот во оваа фаза се нарекува примитивен ирски. Ваквите записи се среќаваат ширум Ирска и западното крајбрежје на Велика Британија. Во V век примитинвниот ирски се развил во староирски. Веќе во VI век староирскиот се пишува на латиница и присвоил доста латински зборови, особено во црковниот живот. Такви примери се: easpag (епископ) од episcopus и Domhnach (недела, од dominica). Кон X век, староирскиот прешол во средноирски, кој се говорел во Ирска, Шкотска и на островот Ман. Оваа фаза на јазикот има дадено голем книжевен фонд, со дела како Алстерскиот циклус. Во XII век почнал развојот на ирскиот во Ирска, шкотски гелски во Шкотска и мански на Ман. Средноирскиот од XIII век претставува основа за книжевниот јазик во Ирска и гелските краишта во Шкотска. Ирскиот во денешната потесна смисла почнува некаде од XVII век и е познат како класичен ирски.

Почнувајќи од XVIII век, јазикот почнал да слабее во источните делови од земјата, особено поради напорите на британските власти да се отстрани од образованието, правосудството и управата, наметнувајќи двојазичност и јазична асимилација.[18]. Кон средината на XVIII век, англискиот веќе навлегол како матичен јазик на католичката средна класа, црквата и интелигенцијата, но и големо значење за сите што доаѓале во градовите.[19] Конечниот катастрофален пад на јазикот се случил со Големиот глад (1845–1849).

Кон крајот на XIX век интелигенцијата почнала да се освестува и да се залага за „Гелска преродба“, обидувајќи се да го поттикнат изучувањето на јазикот.[20] Главен двигател на јазичната преродба била Гелската лига, со особен нагласок на народните преданија, а направени се и усилби за разој на новинарството и современата книжевност.

Фонологија

уреди

По изговор, ирскиот е сличен на, шкотскиот гелски и манскиот. Една значајна особина е (освен /h/) постоењето на согласни парови — една „широка“ (веларизирана, се изговара со вовелкување на заднината на јазикот кон мекото непце) и една „тенка“ (палатализирана, се изговара со поткревање на средината на јазикот кон тврдото непце). Вакви парови среќаваме и во рускиот јазик.

Согласни фонеми
Уснени Преднојазични Среднојазични Гласилни
Двоуснени Уснен.-
заднеп.
Уснено-
забни
Забни Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
широки тесни широки широки тесни широки широки тесни тесни тесни широки
Избувни безвучни t̪ˠ c k
звучни d̪ˠ ɟ ɡ
Струјни/
Приближни
безвучни ʃ ç x h
звучни w j ɣ
Носни n̪ˠ ɲ ŋ
Едноударни ɾˠ ɾʲ
Странични l̪ˠ
Самогласни фонеми
Предни Средни Задни
кратки долги кратки кратки долги
Затворени ɪ ʊ
Средни ɛ ə ɔ
Отворени a ɑː

Дифтонзи: iə, uə, əi, əu.

Синтакса и морфологија

уреди
 
Сообраќаен знак во Донегол

Граматиката на ирскиот јазик се одликува со извесни особености кои се необични за индоевропските јазици. Меѓу нив можат да се издвојат мутациите на првичните согласки, збороредот прирок-подмет-предмет и употребата на два различни облика на глаголот „да се биде“.

Овие особености не се единствени во ирскиот. Се среќаваат кај другите келтски јазици, но и кај некои од други групи: морфосинтаксички предизвикани мутации на првата согласка се среќаваат во фуланскиот и шошонскиот; збороредот „прирок-подмет-предмет“ се среќава во класичниот арапски и библискиот хебрејски; португалскиот, шпанскиот, каталонскиот и галисискиот ги користат двата облика на глаголот „да се биде“. Употребата на предлошки заменки се среќава во семитските јазици, но и во помалку познати европски јазици како венетскиот.

Состојбата е усложнета поради дијалектните разлики, препорачаниот стандард и упростувањето на граматиката и изговорот од страна на секојдневните говорници во градските средини.[21]

Синтакса

уреди

Ирскиот се одликува со збороредот прирок-подмет-предмет и користи два глагола „да се биде“. Едниот е помошниот глагол (an chopail) служи за опшишување на нечија постојана особина или идентитет онаспроти привремена состојба.

Придавката стои по именката (освен кај присвојните придавки), но има и извесен број придавки и честички што можат да имаат улога на претставки.

Морфологија

уреди

Ирскиот е флективен јазик и ги користи следниве падежи: општ (стариот номинатив и акузатив), вокатив и генитив. Во манстерските говори се има задржано дативот, но помладите говорници го отфрлаат. Сегашниот систем на збороизмена претставува драстично упростување на староирската граматика.

Именките можат да бидат во машки или женски род (средниот се има изгубено). Родовата разлика е донекаде изразена во завршетоците на зборовите: -án и -ín за машки, а -óg за женски.

Друга особеност што ирскиот ја дели со останатите келтски јазици е употребата на предлошки заменки (forainmneacha réamhfhoclacha), кои во суштина се изменети (конјугирани) предлози. На пример, зборот за „кај“ е ag, кој со право лице еднина станува agam „кај мене“. Кога се користи со глаголот („да се биде“) ag означува своина, односно македонското „има“.

  • Tá leabhar agam. „Јас имам книга.“ (букв. „Има книга [кај] мене.“)
  • Tá leabhar agat. „Ти имаш книга.“
  • Tá leabhar aige. „Тој има книга.“
  • Tá leabhar aici. „Таа има книга.“
  • Tá leabhar againn. „Ние имаме книга.“
  • Tá leabhar agaibh. „Вие имате книга.“
  • Tá leabhar acu. „Тие имаат книга.“

Мутации

уреди

Како и сите келтски јазици, ирскиот се одликува со мутација, при што се менуваат првичните и последните согласки за изразување на нијанси во граматичкиот однос и значењето. мутацијата важи за глаголите, именките и придавкит. Некои согласки се менуваат на два начина, зависно од контекстот.

Ирскиот има две мутации на првичната согаска:

  • Ослабување или лениција (séimhiú) — избувните согласки преоѓаат во струјни. По стариот правопис, ова се означува со точка над согласката (buailte), а според новиот, со додавање на -h:
    • caith! „фрлај!“ — chaith mé „фрлив“ (ова е пример за ослабувањето како означувач на минато време со зборчето do, кое денес се испушта)
    • margadh „пазар“, „спогодба“ — Tadhg an mhargaidh „човек на улица“ (букв. „Тајг на пазар“; тука го гледаме ослабувањето како го означува генитивот на именка од машки род)
    • Seán „Шон (Јован)“ – a Sheáin! „Јоване!“ (тука го гледаме ослабувањето како дел од вокативот, поточно вокативното ослабување предизвикано од a или вокативниот означувач пред името Sheáin)
  • Затемнување или еклипса (urú) — озвучување на безвучните избувни согласки и назализација на звучните избувни согласки.
    • athair „татко“ – ár nAthair „наш татко“
    • tús „почеток“, ar dtús „на почетокот“
    • Gaillimh „Голвеј“ – i nGaillimh „во Голвеј“

Мутациите честопати се единствениот начин на разликување на сличните граматички облици. На пример, присвојните заменки „нејзин“, „негов“ и „нивен“ се разликуваат исклучиво по мутациите на првичните согласки, бидејќи значенски сите се претставени со истиот збор a. Ова може да се види во пример со зборот bróg (чевел):

  • нивен чевел – a mbróg (затемнување)
  • негов чевел – a bhróg (ослабување)
  • нејзин чевел – a bróg (неизменето)

Правопис

уреди
 
Gaelach („Гелах“) напишано со традиционални гелски слогови

Современиот ирски се пишува со обична латиница без буквите j, k, q, w, x, y и z (со исклучок на прилагодени англизми), но со употреба на остар акцент (á é í ó ú), наречена síneadh fada, „долг знак“. (Буквата v е присвоена во јазикот и има иста звучност со „bh“, но не е дел од традиционалната азбука). Остриот акцент ја издолжува самогласката и, во извесни случаи, ја изменува. На пример, во манстерскиот говор, a има звучност /a/ или /ɑ/, додека á има звучност /ɑː/. Во алстерскиот пак, истата á има звучност /æː/.

Традиционалниот правопис користи и надредна точка над извесни согласки за да изрази ослабување. Современиот ирски ова го изразува со придодавање на буквата h кон согласката шо се ослабува. На пример „Gaelaċ“ [на сликата] денес се пишува „Gaelach“.

Денешниот стандарден правопис (Caighdeán Oifigiúil) е осмислен во 1940-тите како упростување на дотогашниот начин на пишување. Во него се отстранети немите согласки, а самогласните комбинации се поверни на говорниот јазик.

Стандардниот правопис не секогаш го одразува изговорот на зборовите кај поединечните дијалекти.

Дијалекти

уреди
 
Карта на ирскојазичните подрачја во Ирска, наречени со збирниот назив Гелтахт.

Ирскиот има неколку традиционални дијалекти и разни облици на градски говори. Второспоменатите имаат влијанија од граматиката и фонологијата на англискиот. Дијалектите се разликуваат по нагласокот, интонацијата, зборовите и структурните особености.

Трите наречја соодветствуваат на трите покраини кајшто е зачуван јазикот: Манстер (Cúige Mumhan), Конахт (Cúige Chonnacht) и Алстер (Cúige Uladh). Постојат изаписи за дијалектите во Ленстер, направени пред нивното исчезнување.

Поврзано

уреди

Историски фази

уреди

Наводи

уреди
  1. Keith Brown, уред. (2005). Encyclopedia of Language and Linguistics (2. изд.). Elsevier. ISBN 0-08-044299-4.
  2. http://www.nisra.gov.uk/Census/key_report_2011.pdf 2011 Census, Key Statistics for Northern Ireland, UK Govt, December 2012
  3. Vaughan, Jill. „The Irish language in Australia - Socio-cultural Identity in Diasporic Minority Language Use“. School of Languages and Linguistics University of Melbourne. Посетено на 2 August 2012.
  4. Robert D. Borsley; Ian G. Roberts (1996). The Syntax of the Celtic Languages: A Comparative Perspective. Cambridge University Press. стр. 2–3. ISBN 978-0-521-48160-1.
  5. Gillies, William (1993). „Scottish Gaelic“. Во Ball, Martin J.; Fife, James (уред.). The Celtic Languages. London: Routledge. стр. 145. ISBN 9780415280808.
  6. Broderick, George (1993). „Manx“. Во Ball, Martin J.; Fife, James (уред.). The Celtic Languages. London: Routledge. стр. 228. ISBN 9780415280808.
  7. Maureen O'Rourke Murphy, James MacKillop. An Irish literature reader. Syracuse University Press. стр. 3.
  8. Price, Glanville (2000). Languages in Britain and Ireland. Wiley-Blackwell. стр. 10.
  9. Christina Bratt Paulston. Linguistic Minorities in Multilingual Settings: Implications for Language Policies. J. Benjamins Pub. Co. стр. 81.
  10. Pierce, David (2000). Irish Writing in the Twentieth Century. Cork University Press. стр. 1140.: 20.000 to 80.000 speakers out of a population of 3,5 до 5 милиони.
  11. Ó hÉallaithe, Donncha (1999). Cuisle. Отсутно или празно |title= (help)
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-25. Посетено на 2014-07-21.
  13. „Census 2011 – This is Ireland“ (PDF). Central Statistics Office.
  14. Suzanne Romaine, “Irish in a Global Context” in A New View of the Irish Language, edited by Caoilfhionn Nic Pháidín and Seán Ó Cearnaigh. Dublin: Cois Life Teoranta, 2008. ISBN 978-1-901176-82-7
  15. McCloskey, James: 'Irish as a World Language,' 2006, based on a talk presented at the seminar Why Irish?, held at the University of Notre Dame in September 2005: http://ohlone.ucsc.edu/~jim/PDF/notre-dame.pdf Архивирано на 17 мај 2017 г.
  16. O Broin, Brian. „An Analysis of the Irish-Speaking Communities of North America: Who are they, what are their opinions, and what are their needs?“. Посетено на 31 March 2012.
  17. Податоците од 2006-8 г. укажуваат дека во САД 22.279 Американци говорат ирски во домот. Погл. „Table 1. Detailed Languages Spoken at Home and Ability to Speak English for the Population 5 Years and Over for the United States: 2006-2008“: figures released 2010. http://www.census.gov/hhes/socdemo/language/ (Подробни табели).
  18. De Fréine, Seán (1978). The great silence. Mercier Press. ISBN 0-85342-516-7. ISBN 9780853425168.
  19. Ó Gráda 2013.
  20. McMahon 2008, pp. 130-131.
  21. Ó Broin, Brian. „Schism fears for Gaeilgeoirí“. irishtimes.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2014-07-21.

Литература

уреди
  • Caerwyn Williams, J.E. & Ní Mhuiríosa, Máirín (ed.). Traidisiún Liteartha na nGael. An Clóchomhar Tta 1979.
  • McCabe, Richard A.. Spenser's Monstrous Regiment: Elizabethan Ireland and the Poetics of Difference. Oxford University Press 2002. ISBN 0-19-818734-3.
  • De Brún, Pádraig. Scriptural Instruction in the Vernacular: The Irish Society and Its Teachers 1818-1827. Dublin Institute for Advanced Studies 2009. ISBN 978-1-85500-212-8

Надворешни врски

уреди