Флективен јазик, или познат како фузионален јазик, е вид на синтетички јазик кој се разликува од аглутинативниот јазик по тоа што има тенденција да користи голем број морфеми кои тешко можат да се сегментираат. Примери за флективни јазици се санскритскиот и индоариските јазици, грчкиот и старогрчкиот јазик, латинскиот јазик, литванскиот јазик, рускиот јазик, германскиот јазик, полскиот јазик, словачкиот јазик, чешкиот јазик и др. Покрај овие јазици, кои се индоевропски, во оваа типолошка класификација може да се сместат и семитските јазици. Висок степен на физија може да се сретне и кај лапонските јазици.

Јазична типологија
морфолошка типологија
изолативен јазик
синтетичен јазик
полисинтетичен јазик
флективен јазик
аглутинативен јазик
морфосинтаксна типологија
морфосинтаксно порамнување
номинативно-акузативен јазик
ергативно-апсолутивен јазик
поделба на ергативност
австронезиско порамнување
активно-статичен јазик
тродолен јазик
номинативно-апсолутивен јазик
директно-спротивен јазик
синтаксен центар
улога тета
збороред
прирок-предмет
подмет-прирок-предмет
прирок-подмет-предмет
прирок-предмет-подмет
предмет-прирок
подмет-предмет-прирок
предмет-подмет-прирок
предмет-прирок-подмет
време-начин-место
место-начин-време

Како пример за тоа како функционираат овие јазици земен е латинскиот јазик со примерот „bonus“ што значи „добар“. Наставната -us означува дека придавката е во машки род, во номинатив и во единина. Со промената на наставката се менуваат одликите на придавката. Така на пример, ако се додаде наставната -um наместо -us, тогаш се добива зборот „bonum“ што значи дека придавката или е во машки род во акузатив во единина, во среден род во акузатив еднина или среден род во номинатив единина.

Историја

уреди

Денес се верува дека флективните јазици се настанати од аглутинативните јазици, иако нема јазични докази преку јазични промени. Од другата страна пак, флективните јазици, општо гледано, имаат тенденција да ја загубат флексијата.[1] Така на пример, словенечкиот, латинскиот, литванскиот и санскритскиот се флективни јазици исто како праиндоевропскиот, но англискиот, македонскиот и африканс се скоро аналитички.

Наводи

уреди
  1. Deutscher, Guy (2005) The Unfolding of Language, William Heinemann, London.

Поврзано

уреди