Предна самогласка
Предна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за предната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и светли самогласки бидејќи оддаваат впечаток како да звучат посветло од задните.[1]
Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
Во македонскиот јазик, предни самогласки се а, е и и.[2][3] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве предни самогласки:
- затворена предна незаоблена самогласка [i] (мак. и)
- затворена предна заоблена самогласка [y]
- полузатворена предна незаоблена самогласка [e]
- полузатворена предна заоблена самогласка [ø]
- полуотворена предна незаоблена самогласка [ɛ] (мак. е)
- полуотворена предна заоблена самогласка [œ]
- речиси отворена предна незаоблена самогласка [æ]
- отворена предна незаоблена самогласка [a]
- отворена предна заоблена самогласка [ɶ]
Наводи
уреди- ↑ Tsur, Reuven (февруари 1992). The Poetic Mode of Speech Perception. Duke University Press. ISBN 0-8223-1170-4.
- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 60.
- ↑ Кепески ја наведува „а“ како задна самогласка