Класичен арапски јазик

Класичен арапски или курански арапски јазик — облик на арапскиот јазик кој го наоѓаме во Куранот како и мноштво пишани дела од умајадско и абасидско време (VI до IX век). Денешниот стадарден арапски е современа верзија на пишување и формално говорење (како подготвени говори и радио емисии). Овие јазици се разликуваат минимално во нивната морфологија, но синтаксата и лексиконите им се значително различни, како одраз на влијанијата на современите дијалекти.

Стихови од Куранот на класичен арапски, со ракописна арабица

Често се смета дека класичниот арапски јазик е мајка на сите варијанти на арапскиот јазик, но скорешните истражувања Клајв Холс (2004), велат дека другите дијалекти постоеле засебно во тоа време и дека тие може да се претходниците на денешните варијанти.

Треба да се напомене дека статијава користи макрони за разликување на долгите согласки од нивните кратки варијанти.

Историја

уреди

Класичниот арапски јазик се ширел со ширењето на Исламот, станувајќи јазикот на ученоста и верноауката како јазик на Куранот. Неговиот однос со денешните дијалекти е донекаде аналоген на врската помеѓу латинскиот и романските јазици или пак средниот и современиот кинески јазик.

Морфологија

уреди

Класичниот арапски е семитски јазик, и затоа дели многу сличности во коњугацијата изговорот со хебрејскиот, акадскиот, арамејскиот и амхарскиот. Неговата коњугација е слична на онаа кај библискиот хебрејски со неговата употреба на самогласки за менување на базична група на согласки. На пример, к-т-б значи пишува, и од оваа група имаме:

  • катаба, -пишува-
  • јактубу, тој пишува
  • китāб, книга
  • кутуб, книги (некои, неколку)
  • мактаба, библиотека
  • миктāб, машина за пишување

Фонологија

уреди

Арапскиот јазик има три кратки и три долги самогласки - А, И и У, секоја со различни должини. Оваа таблица го илустрира тоа:

Самогласки Кратки Долги
Високи и /i/ у /u/ ӣ /iː/ ȳ /uː/
Ниски а /a/ ā /aː/

Како и современиот, класичниот арапски има 28 согласни фонеми:

СОгласни фонеми[1]
  Двоуснени Меѓу-
забни
Забни Предно-
непчени
Задно-
непчени
Ресични Голтнички Гласилни
 прости  истак.
Носни m   n            
Избувни безвучни     t   k   ʔ
звучни b   d ɟ 2   ɢˠ    
Струјни безвучни f θ s 1 ɕ   χˠ ħ h
звучни   ð z ðˠ     ʁˠ ʕ  
Странични     l~ɫ 3 ɮˠ          
Едноударни     ɾˠ~ɾ~r 4            
Приближни         j w      

Видете Арапска азбука за повеќе за МФА-симболите во графава.

  1. Во денешниот арапски, /dʒ/ се изговара како [ɡ] од некои говорници. Ова е особено карактеристично за египетскиот и јужнојеменскиот дијалект. Во многу делови од северна Африка и во Левантот, ова се изговара како [ʒ]. Меѓутоа, вистинскиот класичен изговор најверојатно бил звучна палатална плозива ([ɟ]) или палатизиран веларен плозив ([gʲ].
  2. /l/ се изговара [lˁ] само кај зборот /ʔalˁːɑːh/, името на Бог, т.е. Алах, кога зборот следи по а, ā, у или ȳ (по и или ӣ истото е е невелазизирано: бисми л-лāх /bɪsmɪlːæːh/).
  3. /ʕ/ обично е фонетска апроксиманта.
  4. Кај многу варијанти (ако не и сите), /ħ, ʕ/ се всушност епиглотални [ʜ, ʢ] (наспроти кажаното во многу претходни книги). Меѓутоа, во класичниот арапск овие се изговараат како фарингијали.
  5. Дорсалните фрикативи во класичното време биле увуларни но подоцна се развиле како повеќе веларни или поствеларни.
  6. /ʃ/ можеби била нешушкава палатална фрикатива ([ç]), додека неемфатичното /s/ било /ʃ/

Согласките обично наречени „емфатични“ /tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ/ се или веларизирани [tˠ, dˠ, sˠ, ðˠ] или фарингијализирани [tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ].

Библиографија

уреди
  • Holes, Clive (2004) Modern Arabic: Structures, Functions, and Varieties Georgetown University Press. ISBN 1-58901-022-1
  • Versteegh, Kees (2001) The Arabic Language Edinburgh University Press ISBN 0-7486-1436-2 (Глава 5, во врската подолу)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Watson 2002, стр. 13