Средна самогласка
Средна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за средната самогласка е тоа што јазикот се става на половината (средината) помеѓу положбата на отворената и затворената самогласка. Единствената средна самогласка со свој симбол во Меѓународната фонетска азбука (МФА) е средната самогласка од среден ред [ə], чиј симбол се користи и за гласот наречен „шва“.
Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
Оваа самогласка е присутна во македонскиот јазик како „темен глас“ во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно дело. стр. 61.