Библиски хебрејски јазик

Библискиот хебрејски јазик или Класичниот хебрејски јазик — еден потомок на современиот хебрејски јазик кој се користел во Израел од страна на евреите. Во денешно време овој јазик не е во употреба, туку се користи само за проучување на евреиската култура од страна на археолозите. Исто така, овој јазик е и во официјална употреба како предмет кој се изучува низ училиштата во Израел. Библискиот хебрејски јазик од современиот хебрејски јазик најмногу се разликува во употреба на граматиката.

Библиски хебрејски јазик
ŝəpat kənáʕan, yəhudit, ʕibrit
Застапен воИзраел
Јазично семејство
ПисмоБиблиска хебрејска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Историја

уреди

Класичниот хебрејски јазик, или попознат како библиски хебрејски јазик, во поширока смисла на зборот бил во својот подем од 10 век п.н.е. до 4 век.[1] Самиот поим „библиски хебрејски“ опфаќа неколку значајни и меѓусебно совпаѓачки дијалекти. Така, етапниот развој на јазикот, односно неговите фази се именувани според одредени значајни книжевни дела:

  • архаичен библиски хебрејски јазик - развојниот период на хебрејскиот од 10 до 6 век п.н.е., кој патем се совпаѓа со т.н. „монархиски период“ (Јудејското Царство и Израелското Царство) па сè до Вавилонското ропство. Овој период се создале одредени дела од Еврејската Библија, Танах, особено Мејсеевата песна и Деборината песна. Овој период исто така се именува и како старохебрејски или палеохебрејски и се запишувал на палеохебреско писмо. Од ова писмо произлегло самаритското писмо, кое и денес се користи.
  • библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 8 до 6 век п.н.е., кој пак се совпаѓа со доцниот монархиски период. За време на овој перид бил напишан поголем дел од содржината на Еврејската Библија. Формата на јазикот е зачувана и денес во светите дела на Јудаизмот. Оваа фаза на јазикот е позната и како ран библиски хебрејски, класичен библиски хебрејски или само класичен хебрејски.
  • доцен библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 5 до 3 век п.н.е. Овој период се совпаѓа со персискиот период и е претставен со помал број дела од Еврејската Библија, како што се книгите според Езра и Нехемија. Воглавно овој период е скоро ист со библискиот период, само што на пример во овој период се забележуваат странски зборови од законодваната сфера (поради влијанието на помоќните држави). Покрај тоа, во овој период се користо претставката „ше-“ наместо „ашер“ (кој, кое). Во овој период се прифатило арамејското писмо како осново писмо за пишување на јазикот, што како директна последица го имаме денешното современо хебрејско писмо.
  • израелски библиски јазик - предложен дијалект на библискиот хебрејски јазик.

По т.н. библиски период на хебрејскиот јазик, јазичарите опишуваат уште два „пост-библиски“ периоди:

 
Монети издадени од времето кога се дигнало востанието. Се забележува палехебрејски текст.
  • хебрејскиот јазик од Свитоците од Мртвото Море - според јазичните описи овој период е од 3 век п.н.е. па до 1 век. Овој период се совпаѓа со хеленскиот и римскиот период, пред разрушувањето на Храмот во Ерусалим. Кумрановите свитоци се претставници на овој период, кои пак се составен дел од Свитоците од Мртвото Море. Поради тоа, понекогаш овој период се именува и како „кумранов хебрејски период“. Империското арамејско писмо од 3 век п.н.е. се развило во современото хебрејско квадратно писмо.
  • мишнајски хебрејски јазик - историски период на хебрејскиот јазик од 3 или 4 век. Овој период се совпаѓа со римскиот период и падот на Храмот во Ерусалим. Периодот е претставен од делата Мишна и Тосефта од Талмудот, како и од Свитоците од Мртвото Море. Периодот исто така е познат како „танајски период“ или „ранорабински хебрејски“.

Понекогаш, горе напоменатите развојни фази на јазикот се сместуваат во „библискиот хебрејски“, вклучително и дијалектите од 10 век п.н.е. па до 2 век, како и мишнајскиот хебрејски, вклучувајќи ги дијалектите од 3 век п.н.е. па до 3 век.[2] Како и да е, денес, повеќето хебрејски јазичари ги класифицираат дијалектите од Свитоците од Мртвото Море како дијалектна група која се развила од доцниот библиски хебрејски јазик во мичнајскиот хебрејски, па така вклучувале елементи и од двете фази но сепак ја задржале својата посебност и одделност.[3] Со почетокот на византискиот период во 4 век, класичниот хебрејски престанал да се употребува како секојдневен јазик за општење, односно грубо кажано еден век по објавувањето на Мишна. Ова е делумно како директна последица на Востанието на Бар Кохба во 135 година и катастрофалниот прогон о терор врз еврејското население од страна на Римското Царство.

Наводи

уреди
  1. William M. Schniedewind, "Prolegomena for the Sociolinguistics of Classical Hebrew", The Journal of Hebrew Scriptures vol. 5 article 6 Архивирано на 4 февруари 2012 г.
  2. M. Segal, A Grammar of Mishnaic Hebrew (Oxford: Clarendon Press, 1927).
  3. Elisha Qimron, The Hebrew of the Dead Sea Scrolls, Harvard Semitic Studies 29 (Atlanta: Scholars Press 1986).

Поврзано

уреди