Дел од серијата статии за природата
Време
 
Годишни времиња

Пролет · Лето
Есен · Зима

Сува сезона
Дождовна сезона

Бури

Тропска бура · Торнадо
Ураган · Тајфун
Песочна бура · Леден дожд

Врнежи

Магла · Роса · Дожд
Град · Снег · Слана · Лапавица ·
Иње · Поледица · Суградица

Поврзани тематики

Метеорологија
Временска прогноза
Клима · Загаденост на воздухот

Дожд — течен врнеж, за разлика од нетечните видови врнежи како што се снег, град и лапавица. На земјата, дождот паѓа на површината кога кондензацијата на атмосферската водена пареа создава водени капки доволно тешки за да паднат. Два процеси, кои е можно да дејствуваат заедно, може да го презаситат воздухот што ќе доведе до паѓање дожд: ладење на воздухот или додавање на водена пареа на воздухот. Вирга е врнеж што почнува да паѓа кон земјата, но испарува пред да ја достигне површината на земјата, тоа е еден од начините воздухот да стане презаситен.Врнежите се формираат со судир со други дождовни капки или ледени кристали во облакот. Дождовните капки варираат во големина од сфероидна, кружна форма за поголемите капки,до мали топчиња за помалите капки.

Дожд — Бразил.

Движењето на влагата покрај тридимензионалната температурна зона и разликата во влажноста позната како атмосферски фронт, е главниот метод во создавањето дожд. Ако има доволно влага и нагорно движење, врнежите паѓаат од струевитите облаци (тие со силно нагорно вертикално движење) како што се кумулонимбуси (невреме со грмотевици) којшто можат да се подредат во тесни дождовни појаси. Во планинските места, можни се поројни дождови каде што надолниот ветар е зголемен во спроти ветровите страни на теренот на надморска височина која што ја тера влажноста на воздухот да кондензира и паѓа како дожд, долж планината.Во заветрената страна на планините, може да опстојува пустинска клима заради сувиот воздух предизвикан од надолните ветрови коишто предизвикуваат загревање и сушење на воздушната маса. Движењето на монсунската зона на притисок или интертропска конвергентна зона, носи врнежливи сезони во саванските клими. Дождот е основен извор на слатките води за поголемиот дел од светот, овозможувајќи соодветни услови за различни еко-системи, како и вода за хидроцентралите и за наводнување на земјоделските култури. Врнежите се мерат со користење на дождомер. Количината на врнежи се предвидува активно со метеоролошки радар и пасивно со сателитски метеоролошки станици.

Ефектот на урбана топлинска оаза предизвикува зголемени врнежи, и количински и во интензитет, во насока на ветрот во градовите. Глобалното затоплување, исто така, предизвикува промени во начинот на врнежите, вклучувајќи ги и дождливите временски услови низ источна Северна Америка и сувите временски услови во Тропскиот појас. Врнежите се главен составен дел на водениот циклус, и се одговорни за насобирањето на најголемиот дел од слатките води на планетата. Просечната количина глобални годишни врнежи изнесува 990 mm. Климатските системи за класификација, како што е Кепеновата климатска класификација, ги користат просечните годишни врнежи за да направат разлика помеѓу различните климатски режими. Антарктикот е најсувиот континент на земјата. Познато е или се претпоставува дека дождот на другите планети е составен повеќе од метан, железо, неон и сулфурна киселина отколку од вода.

Формирање

уреди

Воздух заситен со влага

уреди

Воздухот содржи водена пареа и количината на вода во дадена маса на сув воздух, позната како „мешан однос“ се мери во грамови вода на килограм сув воздух (g/kg). Количината на влажност во воздухот често се нарекува релативна влажност, што е процентот на вкупната водена пара во воздухот што може да опстојува на одредена температура на воздухот. Колку водена пара може да содржи еден дел од воздухот пред да стане заситен (100% релативна влажност) и да формира облак (група видливи и мали водени и ледени честички што лебдат над површината на земјата) зависи од неговата температура. Потоплиот воздух може да содржи повеќе водена пара отколку постудениот воздух пред да стане заситен.Според тоа еден од начините да се засити дел од воздухот е да се излади. Точката на росење е температурата на која дел од воздухот мора да биде изладен за да стане заситен.

Има четири главни постапки за ладење на воздухот до неговата точка на росење: адиабатско ладење, кондуктивно ладење, радиационо ладење и испарувачко ладење. Адриабатското ладење се појавува кога воздухот се крева и се шири. Воздухот се крева поради струење, атмосферско движење со големи размери или физичка бариера како планини (орографско кревање на воздухот ). Кондуктивното ладење се појавува кога воздухот доаѓа во контакт со поладна површина, ако е однесен од ветот од водена површина на ладна земја. Радиационото ладење се појавува поради емисијата на инфрацрвено зрачење или од воздухот или од под површината. Испарувачкото ладење се јавува кога се додава влажност во воздухот со испарување коешто ја тера температурата на воздухот да се лади до нејзината најниска температура или додека да се добие заситување.

Главните начини да се зголеми водената пара во воздухот се: ветрова конвергенција во местата со нагорно движење, врнење вирга, вода што испарува од површината на океаните преку дневното загревање, водните површини или мочуришта, испарувањето од растенијата, ладен или влажен воздух што се движи над загреана вода, или воздухот што се крева над планините. Водената пара обично почнува да кондензира во кондензирачко јадро како прашина, мраз и сол за да формира облаци. Високите делови од атмосферските фронтови( коишто се тридимензионални по природа) ги тераат широките места на нагорно движење во атмосферата на земјата да го формираат горниот дел од облаците како што се алтростратуси или циростратуси. Стратус е стабилен облак што се формира кога ладна стабилна воздушна маса ќе биде заробена под топла воздушна маса. Исто така може да се формира заради кревањето на адвекциона магла во ветровити услови.

Спојување

уреди

Спојување се појавува кога водените капки се спојуваат за да создадат поголеми водени капки или кога водените капки замрзнуваат во ледени кристали што е познато како Бергеронов процес. Воздушниот отпор најчесто предизвикува водените капки во облакот да останат неподвижни. Кога ќе се појави воздушна турболенција, водените капки се судруваат, создавајќи поголеми капки. Како што се спуштаат овие големи водени капки спојувањето продолжува и исто така капките стануваат доволно тешки за да го совладаат воздушниот отпор и паѓаат како дожд. Спојувањето главно и најчесто се случува во облаци над точка на замрзнување, и познато е како топол дождовен процес. Во облаци под точка на мрзнење, кога ледените кристали достигнуваат доволна маса тие почнуваат да паѓаат. Ова најчесто бара поголема маса од спојувањето што се појавува меѓу кристалите и соседните водени капки. Овој процес зависи од температурата, затоа што смрзнатите капки вода опстојуваат само во облак што е под точка на смрзнување. Покрај тоа, поради големите температурни разлики помеѓу облакот и земјата како што паѓаат овие ледени кристали можат да се стопат и да создадат дожд.

Дождовните капки имаат големини што се движат од 0,1 mm до 9 mm во пречник, а над таа големина тие се расцепуваат. Помалите капки се викаат росни капки и имаат сферична форма. Како што дождовната капка се зголемува, нејзината форма станува покружна и со најголемиот просек се соочува со следниот воздушен млаз. Големите дождовни капки стануваат значително сплеснати на долниот дел како лебчиња од хамбургер; оние што се многу големи имаат форма на палачинка. Спротивно од распространетото верување, нивната форма не е како од солза. Најголемите дождовни капки беа забележани над Бразил и Маршалските острови во 2004 г. Некои од нив беа поголеми од 10 mm (0.39 in). Големината на капките е објаснета со кондензацијата на големите честички чад, или со судири помеѓу капки во мали региони со особено висок процент на течна вода.

Интензитетот и траењето на врнежите обично е обратно пропорционално т.е невремиња со голем интензитет најчесто траат кратко и невремиња со помал интензитет траат долго. Дождовните капки коишто се придружени со град што се топи обично се поголеми од другите дождовни капки. Дождовните капки влијаат на нивната крајна брзина, што е поголема за поголемите капки, што се должи на нивната поголема маса што ги влече. На морско ниво без ветар, дожд од 0,5 mm се судира со 2m во секунда, додека поголемите капки од 5 мм со околу 9m во секунда. Звукот на дождовните капки што удираат во водата е предизвикан од меурчињата воздух што осцилираат под вода. МЕТАР кодот за дожд е РА (RA), додека кодирањето на рој дождови е СХРА (SHRA).

Причини

уреди

Стратусите се (широк обрач на врнежи со релативно сличен интензитет) динамични врнежи (струевити врнежи што се дождливи, со големи промени во интензитетот за кратко време) што се појавуваат како последица на бавното искачување на воздухот во синоптичките системи како и во близина на ладните фронтови и блиску и долж површината на топлите фронтови. Слично искачување е забележано и околу тропските циклони надвор од ѕидот на окото на ураганот, и врнежите во форма на запирка околу вонтропските циклони. Променливост на времето може да се најде долж фронтот на оклузија, со можни невремиња со грмотевици но најчесто нивниот тек е придружен со влажност на воздушната маса. Фронтот на оклузија најчесто се формира околу места со развиен низок притисок. Тоа што го дели дождот од другите врнежи како што се топчињата мраз и снегот е присуството на дебел слој на воздух горе, што е над точката на топење на водата, што ги топи смрзнатите врнежи пред да ја достигнат земјата. Ако има тенок слој близу до површината што е под точката на смрзнување , ќе се појави смрзнат дожд ( дожд што замрзнува во контакт со површината во средини со ниски температури). Градот станува се поретка појава кога нивото на замрзнување во атмосферата надминува 11.000 стапки (3.400m) над нивото на земјата.

Струење

уреди

Струевитиот дожд, или врнежот во вид на дожд, се создава од струевити облаци, т.н комулонимбус или кумулус конгестус. Паѓа како дожд со брза промена во интензитетот. струевитите врнежи паѓаат над одредено место за релативно кратко време, затоа што струевитите облаци имаат ограничена хоризонтална ширина. Повеќето врнежи во тропскиот појас се струевити, сепак, беше укажано дека се појавуваат и стратусните врнежи исто така. Атмосферскиот талог (помал град) и градот предизвикуваат струење. Во местата со средна географска ширина, струевитите врнежи се повремени и често придружени со фронтови слични на облачни појаси како што се ладни фронтови, тешки бури и топли фронтови.

Орографски врнежи

уреди

Орографски врнежи се појавуваат на спротиветровите страни на планините и се предизвикани од зголеменото движење на влажен воздух низ планинскиот срт, што резултира со адиабатско ладење и кондензација. Во планинските делови од светот изложени на постојани ветрови(на пример пасати) најчесто преовладува повлажна клима наспроти страната на планината, отколку во заветрената страна или страната на насоката на ветрот. Влагата е отстранета со орографското кревање на воздухот, оставајќи посув воздух на надолната и затоплена заветрена страна каде се наидува на дождовна сенка.

На Хаваи, Монт Вијалај на островот Кауаи забележлив е по неговите екстремни врнежи, и има втора највисока просечна количина годишни врнежи на земјата со 460 in(12.000mm). Системите познати како Кона невремиња и влијаат на земјата со силни ветрови помеѓу Октомври и Април. Локалните клими значајно варираат во зависност од нивната топографија, се делат на спротиветрени (Колаи) и заветрени региони (Кона) сместени на локации слични на високите планини. Спротиветровите страни свртени на исток од североисточните пасати добиваат многу повеќе дожд; заветрените страни се посуви и посончеви со помалку дожд и помала облачност. Во Јужна Америка, планинскиот венец Анди ја блокира Тихоокеанската влага што пристигнува на континентот, резултирајќи со пустинска клима во насоката на ветрот низ западна Аргентина. Веригата Сиера Невада го создава истиот ефект во Северна Америка создавајќи го Големиот басен и пустината Мохаве.

Во тропскиот појас

уреди

Влажната или дождлива сезона е време од годината што трае еден или повеќе месеци, кога паѓа поголемиот број просечни годишни врнежи во регионот. Терминот зелена сезона исто така понекогаш се користи како еуфемизам од туристите. Местата со влажни сезони се распространети низ делови од тропскиот појас и суптропскиот појас. Саванските клими и местата со монсунска маса имаат влажни лета и суви зими. Тропските дождовни шуми во потесна смисла на зборот немаат влажни или суви сезони, бидејќи нивните врнежи се еднакво распределени во текот на годината. Некои места со нагласени дождливи сезони ќе го дочекаат прекинувањето на дождот среде сезона кога интертропската зона на конвергенција или монсунот ќе се движат во насока на половите на земјата од нивната локација во текот на средината од топлата сезона. Кога влажната сезона ќе се појави во текот на топлата сезона или лето, дождот главно паѓа во доцното попладне и раните вечерни часови. Влажната сезона е време кога се подобрува квалитетот на воздухот, се подобрува квалитетот на слатката вода и растителноста значително расте. Тропските циклони, извори на многу силни дождови се состојат од големи воздушни маси широки неколку стотини милји (160,9 км) со висок притисок во центарот, и ветрови што дуваат особено кон центарот на секој во насока на стрелките на часовникот, (јужната полутопка) или спротивно од стрелките на часовникот (северната полутопка). Иако циклоните можат да си го земат своето во животи и личен имот, тие можат да бидат важен фактор во масата на врнежи на местата каде што влијаат, како и што можат да донесат многу потребни врнежи во други суви региони. Местата што се на патот на циклонот можат да ја добијат во нивната годишна вредност на врнежи.

Влијанието на човекот

уреди

Ситните посебни материи создадени од издувните гасови на автомобилите и други човечки извори на загадување формираат јадро на кондензација во облакот што води до создавање на облаци и ја зголемува можноста за дожд. Како што честите патувања и комерцијалниот сообраќај, предизвикуваат да се зголеми загадувањето, во текот на неделата, можноста за дожд се зголемува: го достигнува врвот во Сабота, по пет дена од неделата, загадувањето е зголемено. Во многу населените места што се на крајбрежјето како што е Источното крајбрежје на САД, ефектот може да биде драматичен. Постои голема шанса за дожд поголема за 22% во сабота отколку во понеделник. Ефектот на урбана топлинска оаза ги затоплува градовите од 0,6 °C до 5,6 °C ,повеќе од околните предградија и рурални средини. Оваа голема жештина води до зголемено нагорно движење коешто може да предизвика дополнителни врнежи и невремиња. Стапките на врнежи во градовите во насока на ветерот се зголемени помеѓу 44% и 116%. Делумно како резултат на ова затоплување, месечните врнежи се за околу 28% поголеми помеѓу 32 км и 64 км во насока на ветрот на градовите, споредени со спротиветровите. Некои градови предизвикуваат зголемување на вкупните врнежи за 51%.

Зголемените температури водат до зголемено испарување кое што води до повеќе врнежи. Врнежите најчесто се зголемени во места северно од 30° СГШ од 1900г до 2005г но се намалени низ тропскиот појас од 1970г. Општоземено нема статистичко значајна глобална тенденција во врнежите последниот век, иако тенденциите многу варираа во различни региони и одвреме на време источните делови од Северна и Јужна Америка, северна Европа и северна и Средна Азија, станаа посуви. Имаме зголемување во бројот на тешки врнежи низ многу области во текот на последниот век како и на зголемување на сушите од 1970 тите години особено во тропскиот и суптропски појас|суптропскиот појас. Промените во врнежите и испарувањето на океаните се докажани со зголемената соленост на водите на областите средно и далеку оддалечени од екваторот (покажувајќи повеќе врнежи) заедно со зголемената соленост во земјите близу до екваторот (покажувајќи помалку врнежи а повеќе испарување). Преку границите на САД вкупните годишни врнежи се зголемени за просечна стапка од 6.1% за еден век од 1900г, со најголеми зголемувања во Источниот Јужен централен климатски регион (11,6% за век) и на Југот (11,1%). Хаваи е единствениот регион што покажа намалување(-9.25%). Најуспешните обиди за влијание на времето вклучуваат создавање облаци што вклучуваат техники што се користат за да се зголеми врнежливоста во зима на планините и да ја потисне појавата на град.

Одлики

уреди

Начини

уреди

Дождовните облачни појаси се облаци и врнежливи места каде што врнежите се значително продолжени. Дождовните облачни појаси можат да бидат стратуси и струевити, а се создадаваат од разликите во температурата. Кога ќе се забележат на атмосферски радар овие продолжени врнежи се однесуваат како линиска структура. Дождовните облачни појаси пред топлите фронтови на оклузија и пред топлите фронтови се придружени со слабо нагорно движење, и имаат тенденција да бидат широки и во облик на облак стратус.

Дождовните облачни појаси создадени близу и пред ладни фронтови,можат да предизвикаат торнада. Дождовните облачни појаси придружени со ладни фронтови можат да бидат опкружени со бариери од планините, вертикални на фронтовата ориентација што се должи на формирањето на ниско ниво на препреки со млазова вода. Појасите со невреме можат да се формираат на границата на морското ветре и Земјиното ветре ако има присутно доволно влага. Ако дождовните облачни појаси на морското ветре станат доволно активни пред ладниот фронт, тие можат да ја покријат локацијата со ладен фронт.

Кога циклонот ќе предизвика оклузија, ќе се создаде зона на притисок на топлиот горен воздух или ,,тровал’’ на кратко, од силните јужни ветрови на источната периферија што ротираат нагоре околу североисточно и крајнозападна периферија( познато како топол појас) што ја присилува површинската зона на притисок да продолжи во ладна зона со слично извивање на окулацијата.Тровалот создава дел од циклонот на окулација познат како комахед (comma-head) што се должи на формата на запирка на средната тропосферска облачност што ја придружува. Исто така може да биде центар на обилни врнежи со можни грмотевици ако атмосферата низ тровалот е доволно нестабилна за атмосферско струење. Спојувањето со комахед начин на врнење на вонтропскиот циклон може да донесе значајна количина дожд. Зад вонтропските циклони во есен и зима дождовните појаси можат да се формираат во насока на ветрот или како релативно топли маси од вода како Големите Езера . Насоката на ветрот на островите може да се развие како линии на врнежи и невремиња со грмотевици, заради ниското ниво на приближување на ветрот со краевите на островот. Bo (Оffshore) Калифорнија ова било забележано како резултат на ладните фронтови.

Дождовите облачни појаси во тропските циклони се накривени во насоката. Тропските циклонски дождовни облачни појаси содржат врнежи и бури со грмотевици што заедно со ѕидот на окото и окото на ураганот сочинуваат ураган или тропска бура. Проширеноста на дождовните облачни појаси околу тропскиот циклон може да помогне да се одреди интензитетот на циклонот.

Киселост

уреди

Водородниот показател (ph) на дождот варира, особено заради нивното потекло. На американскиот Источен брег, дождот што потекнува од Атлантскиот Океан обично има ph 5.0 – 5.6 ; дождот што доаѓа пред континенталниот фронт од запад има ph од 3.4 – 4.8 и локалните невремиња можат да имаат ph пониска од 2.0 . Дождот станува кисел првенствено заради присуството на две силни киселини, сулфурната (H2SO4) и азотната киселина (HNO3). Сулфурната киселина настанува од природни извори како што се вулканите и мочуриштата ( сулфурот намалува бактерии) и антропогени извори како што се согорување на фосилните горива и рудници каде што е присутен H2S. Азотната киселина се произведува од природни извори како секавици, почвени бактерии, пожарите во природата; исто така настанува интрогено со согорување на фосилни горива и од електричните централи. Во последните 20 г. Концентрацијата на азотната и сулфурната киселина се зголеми во дождовната вода коешто можеби заради значајното зголемување на амонијак ( најверојатно како амонијак од сточарството) што влијае како амортизер во киселиот дожд и растењето на ph вредноста.

Кепенова класификација

уреди

Кепеновата климатска класификација зависи од просечните месечни температура и врнежи. Најчесто употребуваната форма на Кепеновата класификација има пет главни типови обележја од А до Д. Поточно, основните типови се А - тропска, Б - сува, В - топла средна географска ширина, Г - ладна географска ширина и Д - поларна. Петте основни класификации понатаму можат да бидат поделени во споредни класификации како : дождовна шума, монсун, тропска савана, влажна суптропска клима, влажна континентална клима, океанска клима, средоземна клима, степи, субарктичка клима, тундра, поларен вечен мраз, пустина.

За дождовните шуми карактеристични се обилните врнежи, со минимум нормални годишни врнежи помеѓу 1.750 мм (69 in) and 2.000mm(79 in) Тропска савана е праерија биом што се најдува во полу суви до полу влажни климатски региони на суптропски и тропски ширини, со дожд помеѓу 750mm (30 in) и 1.270 мм годишно. Тие се протегаат низ Африка и може да се најдат и во Индија, во северните делови на Јужна Америка, Малезија и Австралија. Сувата суптропска климатска зона, зимските денови ги поврзува со многу невремиња со што западните ветрови се насочуваат од запад кон исток. Најголемиот број од летните дождови се појавуваат во текот на бурите и од повремените тропски циклони . Сувата суптропска клима се протега на источната страна на континентите, оддалечени од екваторот на географска ширина грубо помеѓу 20о и 40о .

Океанската (или морска) клима најчесто се наоѓа низ западниот брег на средна географска ширина на сите континенти, се граничи со ладните океани како и со Југисточна Австралија и е придружена со обилни дождови во текот на годината. Средоземниот климатски режим ја претставува климата на земјиштето во средоземниот базен, делови на западна Северна Америка, делови од западна и Јужна Австралија, во југозападна Јужна Африка и во делови на централен Чиле. Климата се одликува со жешки, суви лета и ладни, влажни зими. Степа е сува прерија. Субарктичките клими се ладни со трајни замрзнати почви и малку врнежи.

Мерење

уреди

Дождомери

уреди

Стандарниот начин на мерење дождови или снег е со стандардниот дождомер, којшто може да биде со 100 mm – пластичен или со 200 mm – метален. Внатрешниот цилиндар се полни со 25 mm дожд,со слевање течност во надворешниот цилиндар. Пластичните мерачи се обележани на надворешниот цилиндар со резолуција до 0.25mm додека металните мерачи вклучуваат употреба на прачка со соодветните 0.25mm обележувања. Откога ќе се наполни внатрешниот цилиндар, внатрешната количина е исфрлена па надворешниот цилиндар е наполнет со останатиот дожд, додека да ја снема целата течност, па ги забележуваме измерените резултати. Други типови на мерачи ги вклучуваат познатиот клинест мерач (најевтиниот и најкршливиот дождомер), типинг букет (tipping bucket) и мерачкиот дождомер. За тие што сакаат да го мерат дождот на најевтин начин, цилиндрична конзерва со рамни страни може да служи како дождомер ако е оставена на отворено, но неговата точност ќе зависи од линијарот што се користи за да се измери дождот. Секој од овие дождомери со доволно вештина може да биде направен дома.

Кога се мерат врнежите, постојат различни мрежи низ САД и секаде каде што мрежите за дожд можат да бидат доставени со интернетот како што се ЦоЦоРАХС(CoCoRHAS) или ГЛОБЕ ( GLOBE). Ако мрежата не е достапна во местото каде што некој живее, најблиската локална метеоролошка станица или главната метеоролошка станица сигурно ќе се заинтересира за мерењето. Еден милиметар дожд е соодветен на еден литар вода на метар квадратен. Ова ја прави едноставна потребата за пресметување на водата во земјоделските култури.

Истражување во далечина

уреди

Една од главните употреби на временскиот радар е да може да ја отцени количината на врнежи што паѓаат над големите базени за хидролошки намери. На пример : контролирање на поплавите на реките, управување со одводните канали и градење на брани се област каде што урбанистите ги употребуваат собраните податоци за дождовите. Радарското пронаоѓање врнежи ги проценува податоците за површинските станици коишто може да се употребат за градација. За да се произведат радарски собрани податоци, стапките на дождовите над одредена точка се проценуваат со користење на вредноста на рефлективните податоци на поединечни точки на координантната мрежа која гласи:

Z=ARb,

Каде што Z ја означува радарската рефлективност, R ја претставува стапката на дождови, и A и b се согласки. Сателитското прогнозирање дождови ја проценува употребата на пасивни микробранови инструменти надвор од поларното орбитирање, како и до геостационарните временски сателити, за индиректно да ги мерат стапките на дождови. Ако некој сака да ги измери насобраните дождови во одреден временски период, тој , мора да ги собере сите акумулирани податоци од секоја координантна мрежа во тоа место и во тоа време.

Интензитет

Интензитетот на дождот се класифицира спиред стапката на врнежи: - Лесен дожд – кога стапката на врнежи е < 2.5 mm (0.098 in)на час - Умерен дожд – кога стапката на врнежи е помеѓу 2.5мм(0.098 in) – 7.6mm (0.30 in) или 10mm (0.39 in) на час - Тежок дожд – кога стапката на врнежи е > 7.6mm (0.30 in) на час или помеѓу 10mm (0.39 in) и 50mm (2.0 in) на час - Разорен дожд – кога стапката на врнежи е > 50mm (2.0 in) на час

Период на повратност

Веројатноста или можноста за настан со одреден интензитет и траење се вика период на повратност или честота. Интензитетот на бурата може да биде предвиден за кој било период на повратност, а траењето на бурата од табелите засновани на историски податоци за местото. Терминот бура 1 во 10 години опишува дожд што е редок и можно е да се појави само еднаш на секои 10 години; па затоа има можност од 10% секоја година. Дождот ќе биде пообилен и поплавата ќе биде полоша отколку најлошата бура очекувана во која било година. Терминот бура 1 во 100 години опишува дожд којшто е екстремно редок и којшто е можно да се појави само еднаш во векот, па има можност од 1% во секоја година. Дождот ќе биде екстремен и поплавата ќе биде полоша од едната бура во 10 години. Како со сите можни настани можно е, иако изгледа невозможно да се случи, повеќекратна ,, бура една во 100 години’’ во една година.

Прогноза

Квантитативната прогноза на врнежите( скратено КПВ) е очекуваната површина на течни врнежи собрани во текот на одреден временски период над одредено место. КПВ ќе биде одреден кога мерлив тип на врнежи што го достигнува максималниот праг ќе биде предвиден за секој час во текот на важечки период на КПВ. Прогнозирањето врнежи се стреми да биде обврзано со синоптички часови како што се 0000, 0600, 1200, 1800 ГТМ (GTM). Тренот на КПВ се разгледува со употреба на топографија или врз основа на климатолошкиот начин на врнење од надгледувањето со ситни детали. Почнувајќи од стедината на доцните 1990-ти КПВ беа користени во хидролошки модели на прогнозирање за да предизвикаат влијание врз реките низ САД. Прогнозирачките модели покажуваат значајна чувствителност на нивоата на влажност во граничниот планетарен слој или во најниските нивоа на атмосферата што се намалува со висината. КПВ може да биде создаден од квантитативни прогнозирачки количини или квалитативни, прогнозирајќи ја можноста за одредена количина. Радарските метафорички , прогнозирачки техники покажуваат поголема стручност отколку прогнозирачките модели во 6 до 7 часа од времето на сликата на радарот. Прогнозирањата можат да бидат потврдени со мерењето со дождомерот , проценување со временски радар или комбинација од двата. Различни бодови за стручност можат да бидат одредени за мерење на вредноста на прогнозата на врнежи.

Влијание

уреди

Ефект врз земјоделството

Врнежите особено дождот имаат драматичнен ефект врз земјоделството. На сите растенија им треба барем малку вода за да преживеат затоа дождот (најефикасниот начин за наводнување) е важен за земјоделството. Додека секојдневниот начин на врнење обично е неопходен за одржување на растенијата, премногу или премалку, може да биде лош. Сушата може да ги уништи земјоделските култури и да ја зголеми ерозијата; додека додека преголемата влажност на времето може да предизвика размножување на штетни габи.На растенијата им треба различни количини дожд за да преживеат. На пример некои кактуси бараат мала количина вода, додека на тропските растенија им треба над 254 см дожд годишно за да преживеат. Во местата со влажни и суви сезони, хранливите материи од земјата може да исчезнат и да се зголеми ерозијата во текот на влажните сезони. Животните имаат стратегии за адаптација и преживување за временските режими. Претходните суви периоди водат до намалување на храната во влажните сезони, затоа што на растенијата им треба уште време за да созреат. Земјите во развој забележале дека нивното население покажало сезонска промена во тежината заради намалувањето на храната пред првата реколта, што се појавува подоцна во влажната сезона. Дождот може да се собира со употребување на резервоари со вода, што е добра за пиење или вода што не е добра за пиење, се користи за надворешна употреба или за наводнување.Претераниот дожд во текот на краткотрајни периоди може да предизвика краткотрајна поплава.

Во културите

Културните ставови за дождот се разликуваат низ светот. Во умерените клими, луѓето најчесто се по стресни кога времето е нестабилно или облачно, со поголемо влијание врз мажите отколку врз жените. Дождот исто така може да донесе радост, некои го сметаат за релаксирачки или уживаат во неговиот естетски изглед. На сувите места, како Индија или во периоди на суша, дождот го подигнува расположението на луѓето. Во Боцвана зборот за дожд се користи како име на државната валута Пула (Setswana), како признание за економската важност на дождот во оваа сушна земја. Неколку култури создадоа средства за соочување со дождот и создадоа многубројни направи за заштита како чадори, дождовни мантили, алтернативни направи како олуци и дождовни одводи што ги носат дождовите во одводни канали. За многу луѓе мирисот во текот на дождот или веднаш по дождот е пријатен или специфичен. Изворот на овој мирис е петрикор, масло од растенијата, апсорбирано од карпите и почвата и потоа ослободен во воздухот во текот на врнежите.

Светска климатологија

Приближно 505.000 km3 (121.000 cu mil) вода паѓа како дожд секоја година низ светот со 398.000 km3 (95.000 cu mil) од нив се во океаните. Дадена за Земјината површина што значи просечните глобални годишни врнежи се 990 mm (39 in). Пустините се дефинирани како места со просечни годишни врнежи помали од 250mm(10 in) годишно, или како места каде што повеќето вода се губи како испарување и дишење што паѓа како врнежи.

Пустини

Северната половина од Африка, содржејќи ја Сахара е првобитно пустина или сува. Низ Азија најголемиот годишен минимум на врнежи се содржи првенствено од пустините што се протегаат од пустината Гоби во Монголија западно- југозападно низ западен Пакистан и Иран во Арабската пустина во Саудиска Арабија.Поголемиот дел од Австралија е полу сува или пустина што ја прави најсув населен континент на земјата. Во Јужна Америка планинската верига Анди ја блокира Тихоокеанската влага што пристигнува во тој континент, што резултира со пустинска клима само во насока на ветрот низ западна Аргентина. Сувите места во САД се региони каде што се протега Сонорската Пустина, Југозападната Пустина, Големиот Басен и централен Вајоминг.

Мочуришта

Екваторскиот регион близу до Интертропската конвергентна зона (ИТКЗ) е највлажниот дел од светските континенти.Годишно , дождовниот појас во Тропскиот појас се движи северозападно до Август, тогаш тргнува назад југозападно во јужната полутопка до февруари и март. Во Азија, дожот е поволен низ нејзиниот јужен дел од Индија, источно и североисточно низ Филипините и јужна Кина во Јапонија заради монунската адвективна влага од Индискиот Океан во регионот. Монсунската зона на притисок може да достигне северно колку 40тата паралела во источна Азија во текот на Август пред потоа да тргне Југозападно. Неговото движење кон половите на земјата е забрзано со почетокот на летниот монсун што е карактеризиран со развивањето на нискиот воздушен притисок( термално низок) над топлиот дел од Азија. Слично, но послабо, монсунските циркулации се присутни над Северна Америка и Австралија. Во текот на летото, југозападниот монсун комбиниран со влагата на Калифорнискиот Залив и Мексиканскиот Залив движејќи се низ суптропскиот морски гребен во Атлантскиот Океан носи можност за попладневни и вечерни невремиња со грмотевици во јужниот дел на САД како и на Големата низина. Источната половина на САД источно од 98. меридијан, планините на југозападна Тихоокеанија и Сиера Невада, се важните делови на земјата каде што просечните дождови се над 30in (760mm) годишно. Тропските циклони ги зголемуваат врнежите низ јужните делови од САД како и на Порторико, Девствените Острови на САД, Северните Маријански Острови,Гуам и Американски Самоа.

Влијанието на Западни ветрови

Западниот ветар од смирениот северен Атлантик води до влажност на западна Европа, поточно Обединетото кралство, каде што западните брегови можат да добијат помеѓу 1.000mm(39 in) на морско ниво) и 2.500mm(98 in) на планините) дожд годишно. Во Берген, Норвешка еден од најпознатите дождовни градови со просечни дождовни врнежи од 2.250mm(89 in). Во текот на есента зимата и пролетта Тихоокеанските системи со бури носат најмногу од нивните врнежи од Хаваи и западните САД. На врвот на морскиот гребен, воздушната струја носи летни дождови најмногу до големите езера. Големите места со невремиња со грмотевици се познати како мезометеоролошки струевити системи се движат низ Рамницата, средниот запад, Големите Езера во текот на топлата сезона придонесувајќи до 10% од годишните врнежи во регионот.

Ел Нињовите јужни осцилации влијаат врз распределбата на дождовите, со изменети начини на врнење низ западните САД, Средниот Запад, Југоисток и низ Тропскиот појас. Постојат докази , дека глобалното затоплување води до зголемени врнежи во источните делови на Северна Америка, додека сушите стануваат почести во тропскиот и суптропскиот појас.

Највлажни места

Херапунји е сместен на најјужните падини на источните Хималаи во Шилонг, Индија е една од највлажните места на земјата, со просечни годишни врнежи од 11.430mm(450 in). Најобилниот забележан дожд во една година бил 22.987mm(905.0 in) во 1862год. Триесет и осум годишниот просек во Мавсунрам, Мегалаја, Индија е 11.873 mm ( 467.4 in) Највлажната точка во Австралија е Монт Беленден Кер во северо истокот на државата, кој забележа просек од 8.000mm (310 in) годишно со преку 1.200mm (47 in) дожд забележан во текот на 2000г. Монт Вијалај на островот Кауаи во Хавајските Острови има измерено во просек повеќе од 11.689mm (460 in) дожд во последните 32 години со забележани 17.340mm (683 in) во 1982год.Нејзиниот врв се смета за едно од најдождливите места во светот. Лиоро, град сместен во Чоко, Колумбија веројатно е место на најобилен измерен дожд во светот просечно 13.300mm (520 in) годишно. Департманот Чоко е необично влажен. Тутунендо, мал град што се наоѓа во истиот департмент е проценет за едно од највлажните места на земјата со пресметан просек од 11.394mm (448.6 in) годишно; во 1974год. Градот добил 26.303mm (3.6 in) најобилен годишен дожд измерен во Колумбија. За разлика од Херапунји што ги добива најголемиот број од врнежите во април и септември, Тутунендо добива дожд скоро еднакво низ целата година. Куибдо главниот град на Чоко, добива најголем број врнежи во светот помеѓу градовите со на 100.000 жители: 9.000mm (350 in) годишно. Бурите во Чоко да испуштат 500mm (20 in) дожд во еден ден. Оваа количина е повеќе од невозможна во многу градови во текот на годината.


Кoнтинент Највисок просек (мм) Место Надморска висина (м) Години на мерење
Јужна Америка 13.299 Lloró, Colombia 158 29
Азија 11.872 Mawsynram, India 1.401 39
Африка 10.287 Debundscha, Cameroon 9,1 32
Јужна Америка 8.992 Quibdo, Colombia 36,6 16
Австралија 8.636 Mount Bellenden Ker, Queensland 1.555 9
Северна Америка 6.502 Henderson Lake, British Columbia 3,66 14
Европа 4.648 Crkvice, Montenegro 1.017 22
Континент Место Највисоки врнежи (мм)
Највисоки просечни годишни врнежи Азија Mawsynram, India 11.872
Најголеми во една година Азија Cherrapunji, India 26.467
Најголеми во еден месец Азија Cherrapunji, India 9.296
Најголеми во 24 часа Индиски Океан Fac Fac, La Reunion Island 1.854
Најголеми во 12 часа Индиски Океан Belouve, La Reunion Island 1.346
Најголеми во една минута Јужна Америка Guadeloupe, Caribbean Islands 38

Надвор од земјата

На Титан најголемата месечина на Сатурн, реткиот дожд од метан целосно ги вдлабнува многубројните канали на месечевата површина. На Венус, сулфурната киселина вирга испарува 25 км (16 mil) од површината. Постои можност да има дожд од различни состави во погорната атмосфера на гасовите на гигантите, како и врнење на течен неон во длабоките атмосфери. На екстрасончевата планета ОГЛЕ – ТР – 566 (OGLE-TR-566) во соѕвездието Стрелец е забележан дожд од железо.

Дождот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Дождот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Дождот како тема во книжевноста

уреди

Дождот како тема во популарната музика

уреди
  • „Напред во дождот“ (англиски: Go ahead in the rain) — песна на американската рап-група A Tribe Called Quest од 1990 година.[20]
  • „Плачење на дождот“ (англиски: Crying in the rain) — песна на норвешката поп-група А-ха (A-ha).[21]
  • „Висока земја, пороен дожд“ (англиски: High Land Hard Rain) — албум на британската рок-група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1983 година.[22]
  • „Дожд“ (српски: Kiša) — албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.[23]
  • „Го слушам дождот“ (англиски: I Hear The Rain) — песна на американската рок-група Вајлент фемс (Violent Femmes) од 1984 година.[24]
  • „Ќе врне“ (англиски: It's Gonna Rain) — песна на Вајлент фемс од 1984 година.[24]
  • „Повеќе од дожд“ (англиски: More Than Rain) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[25]
  • „Денес врне“ (англиски: It's Raining Today) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер.[26]
  • „Црвен дожд“ (англиски: Red Rain) — песна на британскиот музичар Питер Габриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[27]
  • „Среќна само кога врне“ (англиски: Only Happy When It Rains) — песна на американскaта рок-група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.[28]
  • „Пролетни дождови“ (англиски: Spring Rain) — песна на австралиската рок-група The Go-Betweens.[29]
  • „Дожд“ (англиски: Rain) — песна на Теренс Трент Д'Арби од 1987 година.[30]
  • „Ќе заврне пороен дожд“ (англиски: A Hard Rain's A-Gonna Fall) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан.[31]
  • „Кофи со дожд“ (англиски: Buckets of Rain) — песна на Боб Дилан од 1975 година.[32]
  • „Задржи го дождот“ (англиски: Hold Back The Rain) — песна на британската поп-рок група Дјуран дјуран (Duran Duran) од 1982 година.[33]
  • „Кисел дожд“ (англиски: Acid Rain) — песна на американската панк-група D.R.I..[34]
  • „Додека тропа дождот“ (српски: Док добује киша) — песна на српската рок-група Идоли.[35]
  • „Гледам небото се подготвува да заврне“ (англиски: See The Sky About To Rain) — песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1974 година.[36]
  • „Еве го повторно дождот“ (англиски: Here comes the rain again) — песна на британското поп-дуо Јуритмикс (Eurythmics) од 1983 година.[37]
  • „Дожд“ (англиски: Rain) — песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1985 година.[38]
  • „Врнежлив ден во јуни“ (англиски: Rainy Day In June) — песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1966 година.[39]
  • Коптски дожд (англиски: Coptic Rain) — словенечко електронско дуо.[40]
  • „Кој ќе го запре дождот“ (англиски: Who'll Stop The Rain) — песна на американската рок-група Криденс Клирвотер Ривајвал (Creedence Clearwater Revival)“ од 1970 година.[41]
  • „Дали некогаш си го видел дождот“ (англиски: Have You Ever Seen The Rain) — песна на Криденс Клирвотер Ривајвал од 1970 година.[42]
  • „Влечење на дождот“ (англиски: Traction In The Rain) — песна на американскиот рок-музичар Дејвид Крозби (David Crosby) од 1971 година.[43]
  • „Го чекам дождот“ (српски: Чекам кишу) — песна на македонската рок-група Леб и сол од 1987 година.[44]
  • „Дожд на плашилото“ (англиски: Rain On The Scarecrow) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кугар Меленкамп (Peter Gabriel) од 1985 година.[45]
  • „Дожд по дождот“ — песна на македонската рок-група Мизар од 1988 година.[46]
  • „Дождот“ — песна на Мизар од 1988 година.[46]
  • „Ветрот и дождот“ (англиски јазик: The Wind And The Rain) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.[47]
  • „Изгледаш како дожд“ (англиски: You Look Like Rain) — песна на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1992 година.[48]
  • „Црвен дожд“ (англиски: Red Rain) — песна на американската рок-група Париз (Paris) од 1976 година.[49]
  • „Измамнички дожд, измамнички дожд“ (англиски: Crooked rain crooked rain) — албум на американската рок-група Пејвмент (Pavement) од 1994 година.[50]
  • „Кисел дожд“ (англиски: Acid rain) — песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[51]
  • „Голи на дождот“ (англиски: Naked in the Rain) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[52]
  • „Светилка на дождот“ (англиски: Sparkle In The Rain) — музички албум на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[53]
  • „Крал на дождот“ (англиски: Rain king) — песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1988 година.[54]
  • „Оган и дожд“ (англиски: Fire And Rain) — песна на американскиот рок-музичар Џејмс Тејлор (James Taylor) од 1970 година.[55]
  • „Дождовни капки“ (англиски: Raindrops) — песна на англиската рок-група Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.[56]
  • „Обоен дожд“ (англиски: Coloured Rain) — песна на англиската рок-група Трафик (Traffic) од 1967 година.[57]
  • „Дождливо попладне“ (хрватски: Kišno popodne) — песна на југословенската рок-група Фит.[58]
  • „Стоејќи на дождот“ (англиски: Standing In The Rain) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1987 година.[59]
  • „Сè уште врне, сè уште сонувам“ (англиски: Still raining, still dreaming) — песна на рок-групата Џими Хендрикс експириенс (The Jimi Hendrix Experience) од 1970 година.[60]

Наводи

уреди
  1. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  2. Петре М. Андреевски, Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 68.
  3. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 208-209.
  4. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 7-8.
  5. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 67.
  6. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  7. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 200-202.
  8. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 116-117.
  9. Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 97-101.
  10. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 21-22.
  11. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 111-118.
  12. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 106-110.
  13. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 151.
  14. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 270-271.
  15. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 10-11.
  16. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 25.
  17. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 32.
  18. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 57.
  19. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 29.
  20. YouTube, A Tribe Called Quest - Go Ahead In The Rain (пристапено на 21.12.2016)
  21. YouTube, a-ha - Crying In The Rain (пристапено на 31.12.2016)
  22. High Land Hard Rain - Aztec Camera (1983) Expanded Edition (2012) - FULL ALBUM (пристапено на 21.12.2016)
  23. YouTube, Block Out - Kisa (пристапено на 30.8.2017)
  24. 24,0 24,1 Discogs, Violent Femmes – Hallowed Ground (пристапено на 27.6.2021)
  25. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
  26. Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024)
  27. YouTube, Peter Gabriel - Red Rain (пристапено на 17.5.2017)
  28. Discogs, Garbage ‎– Garbage (пристапено на 24.11.2020)
  29. The Go-Betweens - Spring Rain HD (пристапено на 24.11.2023)
  30. YouTube, Terence Trent D'Arby - Rain (пристапено на 1.12.2016)
  31. YouTube, Bob Dylan - A Hard Rain's A-Gonna Fall (Audio) (пристапено на 27.1.2020)
  32. YouTube, Bob Dylan - Buckets of Rain (Audio) (пристапено на 29.3.2020)
  33. Duran Duran – Rio (пристапено на 13.2.2024)
  34. YouTube, Dirty Rotten Imeciles (D.R.I) Acid Rain live 1994 (пристапено на 8.9.2021)
  35. Idoli, Hi-Fi Centar, CDD 10109, 1996.
  36. Discogs, Neil Young ‎– On The Beach (пристапено на 17.10.2018)
  37. Eurythmics - Here Comes The Rain Again (Remastered) - YouTube (пристапено на 1.12.2016)
  38. The Cult "Rain" - Bohemia Afterdark - YouTube (пристапено на 21.2.2016)
  39. The Kinks – Face To Face (пристапено на 11.2.2023)
  40. Discogs, Coptic Rain (пристапено на 7.9.2021)
  41. Creedence Clearwater Revival ‎– Cosmo's Factory (пристапено на 23.12.2017)
  42. Discogs, Creedence Clearwater Revival ‎– Pendulum (пристапено на 30.4.2020)
  43. YouTube, David Crosby - 06 - Traction In The Rain (by EarpJohn) (by EarpJohn) (by EarpJohn) (пристапено на 28.3.2020)
  44. Leb I Sol ‎– Kao Kakao (пристапено на 4.9.2020)
  45. YouTube, John Mellencamp - Rain On The Scarecrow (пристапено на 31.10.2017)
  46. 46,0 46,1 Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
  47. Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)
  48. YouTube, Morphine - Good (Full Album) (посетено на 15.6.2017)
  49. Paris (19) – Paris (пристапено на 26.2.2024)
  50. Pavement - Crooked Rain, Crooked Rain (FULL ALBUM) (пристапено на 29.11.2016)
  51. YouTube, Reagan Youth - Acid Rain (пристапено на 5.2.2018)
  52. Discogs, Red Hot Chili Peppers ‎– Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021)
  53. Simple Minds – Sparkle In The Rain (пристапено на 8.3.2024)
  54. YouTube, Sonic Youth - Daydream Nation (1988) Full Album (пристапено на 25.9.2017)
  55. DISCOGS, James Taylor (2) ‎– Sweet Baby James (пристапено на 24.12.2017)
  56. DISCOGS, Tindersticks ‎– Tindersticks (пристапено на 19.8.2018)
  57. Traffic – Mr. Fantasy (пристапено на 28.11.2023)
  58. YouTube, Fit - 06 Kišno Popodne (LIve Uz Rijeku) HQ (пристапено на 8.4.2017)
  59. Discogs, Hüsker Dü ‎– Warehouse: Songs And Stories (пристапено на 23.6.2020)
  60. The Jimi Hendrix Experience, Electric Ladyland, Experience Hendrix, MCD 11600, 1997.