Драган Георгиевски
Драган Георгиевски (1986, Скопје) — македонски писател, кој пишува куси раскази.
Животопис
уредиДраган Георгиевски е роден во 1986 година, во Скопје. Студирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Творештво
уредиВо 2013 година ја објавил збирката куси раскази со наслов „Метаморфузија“, во издание на Темплум. Истата година, со неа ја освоил наградата „Новите!“, која ја доделува Темплум.[1] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]