Добре дојде!

Здраво, P.Nedelkovski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! Р ашоAero-stub img.svg 22:14, 7 јануари 2014 (CET)

Внатрешни врски и категорииУреди

Здраво. Забележувам дека доста уредувате и многу ми е драго. Би сакал да напоменам да не се забораваат внатрешните врски [[вака]] и ставање поконкретни категории во статиите Кои зборови да бидат внатрешни врски и како стие се прават (со | црта) најдобро ќе видите кога ги преведувате статиите од англиската. Нека се истите во квадратни загради и нека имаат исто категории, следејќи ги тамошните, со извесни прилагодувања, секако. Поздрав и приајтно уредување --Б. Јанкулоски (разговор) 21:24, 7 октомври 2014 (CEST)

Наградени сте!Уреди

  Лекторска награда
Продолжете само со вашата работа и со поправањето на грешките кои ги увидувате во нашите статии. Поздрав Ehrlich91 (разговор) 19:49, 4 јуни 2015 (CEST)

Со извесно доцнење, благодарам за наградата.

Поздрав, П. Неделковски 18:31, 9 септември 2015 (CEST)

ТранскрипцииУреди

Здраво, бидејќи јас самиот се трудам да изнајдам логика на нештата понекогаш, особено за белгиските, француските, швајцарските велосипедисти, би ценел доколку би ми укажал најпрвин мене дека некое име на велосипедист е погрешно напишано, т.е. транскрибирано, за да подоцна јас да си средам со целосно заменување на тоа име по сите страници каде што се спомнува и секако да проверам дали е така, со цел да не правиме повеќекратни пренасочувања. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 22:49, 23 декември 2015 (CET)

Во ред. Поздрав, П. Неделковски 23:06, 23 декември 2015 (CET)
Еве, Седрик Пино наместо Кедрик Пино. П. Неделковски 23:22, 23 декември 2015 (CET)
 Ок Готово; Слободно кажувај и за други и ќе ги поправаме заедно --Ehrlich91 (разговор) 00:09, 24 декември 2015 (CET)

Во истата статија треба да се променат имињата на трките:

  • Тур ди Финистер наместо Тур ду Финистер
  • Тур де Бретањ наместо Тур де Бретања
  • Тур ди О Вар наместо Тур ду От Вар
  • Гран при де ла Вил де Лилер наместо Гран при де ла Вил де Лил
  • Сиркуи де Лорен наместо Сиркут де Лорен
  • Шоле-Пеи де Лоар наместо Шоле-По де Лоара
  • Тур де ла Сом наместо Тур де ла Сома
  • Тур де Ванде наместо Тур де Вандеја
  • Тур де Поату-Шарант наместо Тур ду Поатс-Шарент
  • Гран при д’Увертир ла Марсејез наместо Гран При д’Увертир ла Марселеза

Поздрав, П. Неделковски 17:32, 24 декември 2015 (CET)

СтихарУреди

Здраво, гледам дека си ја создал статијава и навистина добро делува. Сепак, ретко кој обраќа внимание, а реално е многу потребно кај некои вакви статии, како оваа, која нема никакви црвени врски, па така статијата останува „осамена“, односно не е поврзана внатрешно со ниедна друга статија. Мој совет е да видиш и побараш преку пребарувачот горе и да вметнеш барем неколку врски до статијата, бидејќи реално има мала додадена вредност, ако една статија не се споменува на ниедно друго место. Така, јас вчера создавајќи ја статијата за Хемиска индустрија Велес, земав и направив три-четири врски, пред да ја создадам. Се надевам ме сфати што ти зборував. Поздрав :) --Ehrlich91 (разговор) 16:50, 13 февруари 2016 (CET)

СИЕ ПролетУреди

Здраво Пецо, одлично што си се пријавил на натпреварот, но гледам дека прва статија ти е за македонска песна. Имено, темите од Македонија се наменети за другите уредници од другите земји кои ќе пишуваат за Македонија и другите земји, освен за нивната матична земја и обратно. Така, ти можеш да пишуваш за сите, но не за Македонија, како што и списокот со статии за Македонија ја нема објавено на целиот список со предлози од земјите. Сепак, за да избегнеме вакви несакани работи во иднина, ќе посочам со дополнителна објава. Поздрав и пријатно уредување --Ehrlich91 (разговор) 22:08, 21 март 2016 (CET)

УредникУреди

Здраво Пецо, само што ти доделив статус на уредник, што значи дека твоите уредувања во иднина нема да треба да бидат прегледувани од наша страна. Само продолжи да пишуваш на големиот број теми, како и да вршиш проверки и поправки на статиите. Поздрав и убави празници :) --Ehrlich91 (разговор) 19:36, 28 април 2016 (CEST)

Благодарам Тони, продолжувам со работа. Ти ги честитам празниците и ти посакувам убав помин. П. Неделковски 21:58, 28 април 2016 (CEST)

{{subst:#switch:mk|es=CEE Primavera 2016 Encuesta|#default= CEE Spring 2016 Survey|hu=CEE Tavasz 2016 kérdőív|sq=Anketa e CEE Spring 2016|et=Kesk- ja Ida-Euroopa kevad (CEE Spring) 2016 küsitlus|tr=Orta ve Doğu Avrupa (CEE) Baha...

Здраво, учесник во „СИЕ Пролет 2016“ Меѓународните организатори на натпреваруваат Ве замолуваат да ја пополните анкетата околу натпреварот. Многу е кратка. Ни дава статистички податоци и ни помага да го направиме следниот натпревар подобар. „Ве молам пополнете ја анкетата овде: https://wikimedia.qualtrics.com/jfe/form/SV_eLP1PKZWjSpIi45“ Со почит,
--Ата via MassMessage 15:29, 10 септември 2016 (CEST)

Алфред де МисеУреди

Очигледно настана мал курцшлус со статијава. Имено и јас создадов истоимена статија на 15 јануари (додуша значително помала), а гледам и ти денес направи иста. Ако може мислење од Кирил и Тони за ова. Инаку за да избегнеме ваква ситуација во иднина, најдобро прво провери на англиската верзија дали на левата страна има македонски превод од статијата. Поздрав и со среќа.--Retrohead (разговор) 23:01, 16 јануари 2017 (CET)

Сосема нормална појава. Можете и двајцата да ја пишете статијата во вашите табели. Според мое мислење, тебе Игор ќе те оцениме до моментот кога твојата статија била појавена, односно со таа големина, а статијата на Пецо, ќе ја сметаме како подобрување над таа големина. Сега ќе ставам шаблони за спојување на двете статии во една, при што треба да се задржат делови и од статијата на Игор, затоа што гледам дека сепак е поразлична. --Ehrlich91 (разговор) 23:15, 16 јануари 2017 (CET)
Ова е проблем на Википедија: една голема или мала буква прави разлика. Затоа ставаме пренасочувања, за да бидат „зафатени“ сличните а различни имиња за една иста статија. Поздрав -Виолетова (разговор) 23:21, 16 јануари 2017 (CET)
Не е проблем двајца учесници да пријават една иста статија и потоа да ги оцениме според нивнииот придонес во подобрување на статијата. Инаку, со цел да се спречи во иднина да се создаваат едни исти статии, мислам дека Жане е во право дека треба да се провери дали иста статија веќе постои и да се создаваат пренасочувања.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:12, 17 јануари 2017 (CET)
Се извинувам за непријатностите што ги предизвикав, но очигледно дека, иако мала, постои шанса за преклопување на написи. Најверојатно ќе треба на некој начин да се означи дека е почната работа на одредена статија. Поздрав до сите. П. Неделковски 20:33, 17 јануари 2017 (CET)

Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“Уреди

Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)

Ehrlich91 благодарам на поканата, пратете ми го материјалот, ќе се обидам да дадам свој придонес. П. Неделковски 19:24, 11 март 2017 (CET)

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“Уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

СИЕ Пролет 2017Уреди

Здраво Пецо. Ако може малку побрзо да се договорите со Тони околу исплата на наградите за СИЕ Пролет 2017, бидејќи и јас чекам сите добитници да остават адреса па да ни биде доставен наградниот купон. Благодарам за разбирањето.--Retrohead (разговор) 10:52, 1 јули 2017 (CEST)

Испратено. Се извинувам за доцнењето. П. Неделковски 20:49, 3 јули 2017 (CEST)

Нема проблем. Честитки за победата.--Retrohead (разговор) 11:35, 4 јули 2017 (CEST)

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата ВикипедијаУреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)

Уредувачки натпревар за вулканиУреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)

1000 статии што секоја Википедија мора да ги имаУреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018Уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)

ЛогаритамУреди

  Статијата Логаритам, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:55, 12 август 2018 (CEST)

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата ВикипедијаУреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)

Департмани во ФранцијаУреди

Однапред се радувам ако си имаш поставено за цел да ги направиш сите департмани во Франција :) --Ehrlich91 (разговор) 22:14, 8 јануари 2019 (CET)

Појаснување наместо ПојаснителнаУреди

Пецо, именувањето на страниците за појаснување се нарекуваат „појаснување“, па така имаме Македонија (појаснување), наместо Македонија (појаснителна), нешто што забележав го користиш. --Ehrlich91 (разговор) 18:17, 16 февруари 2019 (CET)

@Ehrlich91, Ти благодарам ги променив статиите и врските со „појаснителна“. Поздрав П. Неделковски 18:56, 16 февруари 2019 (CET)

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019Уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

СИЕ Пролет 2019Уреди

Hello P.Nedelkovski! You might be interested in creating several articles of Top 100 (and in particular in the english there are the following articles: en:Revolution on Granite, en:Hennadiy Udovenko, en:The Guide (film) , en:HC Spartak Kyiv, en:Constitution of Pylyp Orlyk, en:Yuri Kondratyuk, en:Politics of Ukraine, en:Milena Rudnytska, en:Executed Renaissance, en:Optymistychna Cave, en:Mykola Skrypnyk, en:Mykola Mikhnovsky, en:Anatoliy Hrytsenko, en:Green Ukraine or на русском есть следующие статьи: ru:Бердник, Олесь Павлович , ru:Удовенко, Геннадий Иосифович , ru:Конституция Филиппа Орлика, ru:Оптимистическая, ru:Шацкие озёра , ru:Тінь Сонця, ru:Рудницкая, Милена Ивановна, ru:Поводырь (фильм, 2013), ru:Патон, Борис Евгеньевич, ru:Вороной, Юрий Юрьевич, ru:Гриценко, Анатолий Степанович, ru:Горская, Алла Александровна, ru:Глузман, Семён Фишелевич, ru:Кухар, Екатерина Игоревна, ru:Сотник Олена Сергіївна). But the spelling of the names and surnames for the titles of the articles is better translated from the Ukrainian Wikipedia, because there are some distortions in some cases) or maybe extended list of articles of Ukrainian subjects? ---Yasnodark (разговор) 17:25, 12 април 2019 (CEST)

Бројач на уредувањаУреди

Здраво, еве врска до бројачот на уредувања https://xtools.wmflabs.org/ec. Поздрав--Инокентиј (разговор) 16:32, 14 мај 2019 (CEST)

Наградени сте!Уреди

  Лекторска награда
Здраво. Се обидувам да ја врзам словенечката статија за Оливера Ќорвезироска, со македонската, но не успевам. Може ли помош? https://sl.wikipedia.org/wiki/Olivera_Kjorverziroska Aa19 (разговор) 08:56, 5 јуни 2019 (CEST)

translatewikiУреди

Здраво. Ви предлагам да направите сметка на translatewiki.net што е наменет за локализација на МедијаВики и други проекти. Исто така забележувам дека доста уредувате и создавате некои македонски зборови - можете да ги користите во преведувањето. Доколку имате проблем во некои поими, можете да го контактирате Б. Јанкулоски (тој е и на translatewiki). Поздрав Vlad5250 (разговор) 18:33, 15 јуни 2019 (CEST)

   @Vlad5250: Идејата во принцип е добра, но има еден значаен проблем. Јас сум секојдневно посветен на преведување таму, и доследно ги преведувам поимите со години, а тоа се во голема мера поими кои ги нема во правописот, во речници или во општа употреба. На Неделковски би му одзело премногу време да ги научи сите нив, а исто така и премногу работа на обајцата за да вршиме консултации и исправки со цел да се држи доследноста. Проблемот нема никаква врска со јазичните способности на колегата Неделковски (кои се исклучителни). Иако делува нелогично, ситуацијата е таква што уште еден човек би отворил повеќе работа место да се подобри делотворноста. Јас сум веќе наполно посветен на преводите, и тоа со години, па сите потреби се задоволени. Секако, сите предлози и коментари се добредојдени. Намерата не ми е да исклучам никого, туку чисто практична. Поздрав! --Б. Јанкулоски (разговор) 01:25, 16 јуни 2019 (CEST)
   @Bjankuloski06:: Ви предлагам да вршите консултации со П.Неделковски во врска со искористување поими кои ги нема во правописот, во речници или во општата употреба. Vlad5250 (разговор) 06:54, 16 јуни 2019 (CEST)

Да ги средиме статиите за државите во светотУреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)

Нов уредувачки натпреварУреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)

РакометУреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)

СИЕ Пролет 2020Уреди

Здраво Пецо, само да те потсетувам дека согласно правилата на натпреварот „Секоја од создадените или дополнетите статии означувајте ги со шаблонот {{СИЕ Пролет 2020}} на страниците од разговор.“. Доколку имаш проблем да се снајдеш, слободно прашај ме. Пример за вакво означување можеш да видиш тука, иако мислам дека ти текнува од лани како се означуваа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:32, 13 април 2020 (CEST)

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаатУреди

Почитуван П.Неделковски.

Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно!

Dandarmkd (разговор) 13:46, 30 јуни 2020 (CEST)

ЧеститкиУреди

Неделковски, сакам да ти упатам честитки за штотуку доделеното (од мене) администраторство. Сигурен сум дека ќе видиме доста полза од твоите нови права. Поздрав! --Б. Јанкулоски (разговор) 14:15, 14 јули 2020 (CEST)

@Bjankuloski06: Благодарам, како и досега во рамките на моите можности и расположливост ќе давам свој придонес. П. Неделковски 19:41, 14 јули 2020 (CEST)

Покана за учество во иницијативата „Цели за одржлив развој“Уреди

Цели за одржлив развој претставува меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стреми кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопува со Глобалната седмица на целите и е во времетраење од 19-26 септември 2020 година и со доделување на награди за најдобрите учесници. Dandarmkd (разговор) 15:12, 18 септември 2020 (CEST)