Македонски Бошњаци

(Пренасочено од Бошњаци во Македонија)

Македонски Бошњаци — уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот во 2002 година на територијата на Македонија живеат околу 17.018 Бошњаци или околу 0,84% од вкупното население во државата[1]. Од политичка гледна точка, Бошњаците имаат свои политички партии кои се нарекуваат Демократска лига на Бошњаците и Партија за демокрaтска акција, додека пак од културна гледна точка традиционално се одржуваат Бошњачките средби.

Македонски Бошњаци
Бошњаци во Македонија
Bošnjaci u Makedoniji
Подрачја со значајно население
Град Скопје7,585[1]
Општина Велес2,406[1]
Општина Долнени2,380[1]
Општина Студеничани1,662[1]
Општина Петровец1,442[1]
Јазици
Бошњачки јазик, Македонски јазик
Вероисповед
Ислам
Сродни народи
Косовски Бошњаци, Српски Бошњаци
Извештај за ангажираноста на турската власт во Скопје околу доселениците од Босна и Херцеговина: создаден е Мухаџирско-отомански Клуб, привремено училиште. Во извештајот се препорачува српската власт да се ангажира да ги придобие на српска страна со отворање на кафана, берберница и читална. (Скопје, 6 февруари 1910)

Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8 февруари 2007 година во Собранието на Р Македонија, 28. Септември (Денот кога претставниците на Бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак) е прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците како празник за припадниците на бошњачката заедница во Р Македонија. Овој ден е неработен ден за Бошњаците во Р Македонија.

Историја

уреди

Бошњаците се релативно доцна доселени на територијата на Република Македонија. Првите населувања на Бошњаци од Босна и Херцеговина се забележуваат после Големата источна криза и анкесијата на Босна од страна на Австроунгарија во 1875-1878 година. Во овој период огромен број на муслимански бегалци (Бошњаци, Турци, Черкези) бил населен во Македонија. По Балканските војни речиси сите доселени муслимани се иселиле во Турција.

Денешните Бошњаци во Република Македонија се населени во 50-тите и 60-тите години на XX век од областа Санџак во Србија и Црна Гора, претежно од местата Тутин, Рожае, Плав, Гусиње и Нови Пазар, поради што овие луѓе се познати и под името Санџаклии. Тргнувајќи на пат за иселување во Турција,според договорот меѓу Турција и Југославија од 50-тите години на XX век со кој муслиманите од Југославија единствено можеле да се иселуваат во Турција преку Македонија, голем број на Бошњаци од Санџак (заедно со Албанци од Косово) остануваат и се населуваат во испразнетите турски и торбешки села во Македонија, најчесто купувајќи ги имотите на Турците и Торбешите кои се иселувале за евтини пари. На тој начин се населиле Бошњаците во селата Батинци, Средно Коњари (Скопско) и Горно Оризари (Велешко) кои претходно биле населени со Турци. Денес компактни цели на Бошњаци во Македонија живеат во Скопското Поле, областа Торбешија (Скопско), северозападниот дел на Прилепското Поле и долниот тек на реките Бабуна и Тополка во Велешко.

По вероисповед, Македонските Бошњаци се муслимани.

Населени места

уреди
 
Карта на Бошњаците во Македонија (2021)
 
Број на Бошњаците во Македонија (2021)

Според пописот од 2002 година, петте најмногубројни општини со Бошњаци се:

Општина население на
општината
Бошњаци
Град Скопје 467.257 6.465
Општина Велес 57.602 2.406
Општина Студеничани 17.246 1.662
Општина Долнени 11.583 1.633
Општина Петровец 8.255 1.442

Присутност на Бошњаците по населени места, според пописните резултати од 2002 година:

Населено место Вкупно Бошњаци
Град Скопје 467 257 5.301
Горно Оризари 2.262 2.032
Батинци 5.364 1.660
Лажани 1.846 1.076
Љубин 2.044 914
Десово 1.026 566
Житоше 1.807 604
Долно Коњари 734 527
Средно Коњари 1.140 402
Црквино 363 336
Ќојлија 400 215
Градско 2.219 215
Водоврати 379 192
Зелениково 1.906 190
Тетово 52.915 156
Локвени 178 143
’Ржаничино 855 137
Петровец 2.659 118
Борино 441 86
Сарај 5.232 78
Канатларци 972 69
Виничани 569 58
Отиштино 59 53
Јакреново 212 51
Гостивар 35.847 34

Познати Македонски Бошњаци

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Попис на населението во Македонија од 2001 година“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2010-04-02.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди