Адем Мекиќ
Адем Мекиќ (роден на 28 декември 1995 во Скопје) — македонски кошаркар од бошњачка народност. Тој моментално е играч на МЗТ Аеродром.
Адем Мекиќ | |
---|---|
Позиција | Бек |
Висина | 1,95 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | МЗТ Аеродром |
Број | 10 |
Роден | 28 декември 1995 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2013– |
Клубови | |
2013–2014 | Вардар Апаве |
2013–2014 | Македонија Млади (позајмица) |
2014–2017 | МЗТ Аеродром |
2017–2019 | Куманово 2009 |
2019 | АВ Охрид |
2019-2020 | Пелистер |
2020- | МЗТ Аеродром |
Репрезентација | |
Инфо од: 16 мај 2021. |
Клупска кариера
уредиМладинска кариера
уредиСо МЗТ, Мекиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[1]
Професионална кариера
уредиСвојата професионална кариера ја започнал во тогаш новиот прволигаш Вардар Апаве, каде настапувал на почетокот на сезоната 2013/14.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[3] За сезоната 2014/15 се преселил во МЗТ Аеродром. Тогаш Адем со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Мекиќ со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016.[4] Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата.[5]
Сезоната 2017/18 ја започнал во МЗТ, но во ноември, поради слабата минутажа се преместил во Куманово 2009.[6][7] Следната сезона, Адем останал да биде играч на Куманово.[8][9][10] Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Мекиќ потпишал за АВ Охрид.[11][12] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Мекиќ се преселил во Пелистер.[13] За сезоната 2020/21, во почетокот на јули 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со МЗТ Аеродром.[14][15] Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Репрезентативна кариера
уредиМладинска репрезентација
уредиА репрезентација
уредиВо јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Мекиќ.[16] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[17]
Успеси
уреди
МЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди |
Наводи
уреди- ↑ „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Vardar Apave - Rabotnicki 62:78“. Македонска Кошаркарска Федерација. 12 октомври 2018. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ „Kozuv - Makedonija Mladi 89:49“. Македонска Кошаркарска Федерација. 5 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2016-17“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „МЕКИЌ: Одам во Куманово, по своите минути и место...“. sportmedia.mk. 13 ноември 2017. Посетено на 5 февруари 2018.
- ↑ „Куманово го доби Мекиќ, но доживеа потоп од Рилски“. gol.mk. 15 ноември 2017. Посетено на 5 февруари 2018.
- ↑ „Куманово се екипира: Мекиќ, Пенов, Ѓекиќ…“. ekipa.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Мекиќ со нов договор, Пенов го засили Куманово“. sportmedia.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Куманово потпиша со Пенов, а ги продолжи договорите со Мекиќ, Тодоровиќ, Ковач и Ѓекиќ“. gol.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Со Охрид нема шега – се создава тим за плеј-оф“. ekipa.mk. 4 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
- ↑ „АВ Охрид потпиша со Мекиќ и Младеновиќ“. gol.mk. 5 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
- ↑ „Адем Мекиќ го избра Пелистер, битолчани со големо засилување“. gol.mk преку web.archive.org. 4 октомври 2019. Посетено на 4 октомври 2019.
- ↑ „Адем Мекиќ се врати во МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Мекиќ се врати назад во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 20,0 20,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)