Елвир Мекиќ

македонски пејач

Елвир Мекиќ (роден на 15 октомври 1981 година) — македонски музичар. Популарноста ја стекнал по изведбата на неговиот сингл „Опасно“ со Маја Саздановска на „Охрид фест“ во 2007 година. Продолжил со издавање на вториот и третиот сингл од неговиот деби албум „Опасно“, со наслов „Уште те има“, и „Некаде После Два“. Мекиќ се натпреварувал и на домашниот избор за Евровизија во 2008 година, „Скопје фест 2008“, со песната „Армија“.

Елвир Мекиќ
Родено имеЕлвир Мекиќ
Роден(а)15 октомври 1981(1981-10-15)(43 г.)
Жанровипоп, R&B
Занимањапејач, текстописец
Период на активност2000-ти - сега
ИздавачиPlan B Production
СоработнициЈован Јованов, Селма Бајрами

Ран живот и кариера

уреди

Тој има бошњачко потекло. Кариерата на Мекиќ започнала кога бил тинејџер и наскоро бил откриен неговиот талент. Неговата прва песна „Се Шекнувам“ станала многу популарна во Македонија. Откако успешно продуцирал неколку синглови, тој направил пауза во создавањето на сопствена музика за да може да започне да пишува текстови за други уметници кои биле популарни во Македонија. Тој се вратил на музичкото поле во 2007 година со песната „Нека Те Заборави“, од студискиот албум „Опасно“.

Откако ја извел песната „Армија“ на Скопје Фест 2008, Елвир заедно со неговиот најдобар пријател и колега музичар Јован Јованов организирале концерт што се одржал во Скопје. Бил планиран само еден концерт за 10 април 2008 година, но поради големата продажба на билети, следниот концерт бил закажан следната вечер. Во крајот на 2008 година, Мекиќ соработувал со српската пејачка и поранешна членка на Џогани, Слаѓа Делибашиќ . Двојката објави босанско / српски сингл насловен „5 минута“. Тој ги напишал стиховите за македонската песна избрана за Евровизија 2009.[1]

Во 2010 година, тој ја отпеал „Што је од Бога добро је“ со босанската пејачка Селма Бајрами за нејзиниот албум Закон судбине.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Опасно (2007)
  • Како нов (2009)

Синглови

уреди
  • 2007 година: „Опасно“ (со Маја Саздановска)
  • 2007 година: „Уште те има“
  • 2008 година: „Некаде После Два“

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди