Ферид Мухиќ
Ферид Мухиќ (босански: Ferid Muhić; Махоје, БиХ, 1943) — македонски универзитетски професор, филoзоф и публицист.[1]
Животопис
уредиМухиќ е професор по филозофија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде и ја започнал својата академска кариера како асистент на Институтот за социолошки истражувања во Скопје во 1970 година. На Катедрата за филозофија започнал како асистент во 1974, а вонреден професор бил од 1976 до 1980 година. Редовен професор е од 1980 година. Тој е почесен професор на Меѓународниот институт за исламска мисла и цивилизација од Куала Лумпур, Државниот универзитет на Флорида, Универзитетот Сиракуза во Њујорк, Сорбона 8 во Париз, Универзитетот на Југоисточна Европа и неколку универзитети во Југоисточна Европа. Главни професионални преокупации му се современа филозофија, културна антропологија, естетика, филозофија на политиката. Добитник е на Меѓународната награда Златен прстен за книжевен опус за 2009 година[2].
Библиографија
уреди- Книги
- Методи на критиката, 1977; Мисла;
- Револуции и класни борби, 1978; Култура;
- Филозофија на иконоклазмот, 1983, Босна и Херцеговина;
- Мотивација и медитација, 1988; Македонска книга;
- Штитот од злато, 1988; девет изданија до сега, преведени на македонски, англиски, француски, албански и турски, првото издание публикувано од Просвета, Југославија;
- Ноуменологија на телото, 1994; Табернакул;
- Soul's Rose, 1994;
- Јазикот на филозофијата, 1995;
- Македонија: Catena Mundi, Табернакул, 1995;
- Разум и моќ, Битола, 1996;
- Yugoslavia and After, Longman, UK;
- Големата градба и други разговори со непознатиот, 2001; Блесок; ISBN 9989-59-006-0
- Логос и хиерархија, Скопје, 2001.
- Големата градба и други разговори со непознатиотв Архивирано на 27 јуни 2010 г., Блесок
- Прамен волна Архивирано на 14 јуни 2010 г., Блсок, ISBN 9989-59-014-1
- Потомци на Боговите,Скопје, 2006[3]
- Поезија
- Falco Peregrinus, 1988;
- Стотина чекори нагоре, 1994;
- Чадот од догорчето на сонот, 1996.
- Врв, Бенгу, Анкара[4]
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 168 - 169.
- ↑ Димитровска, Елена (5 април 2009). „Награда „Златен прстен" за ферид Мухиќ“. Форум.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Коцевска, Јана (31 март 2006). „Промоција на „Потомци на боговите" од Ферид Мухиќ“. А1. Посетено на 2010-01-27.
- ↑ „Во Анкара објавена стихозбирката „Врв" на Ферид Мухиќ“. IDIVIDI.com. 10 јуни. Посетено на 2010-01-27. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)