Фехим Хусковиќ (босански: Fehim Husković; Горно Оризари, Велешко, 25 мај 1967) — македонски академски сликар и графичар и исто така академик кој ѝ припаѓа на помладата генерација уметници.

Фехим Хусковиќ
Фехим Хусковиќ

Животопис

уреди

Хусковиќ е роден на 25 мај 1967 година во велешкото село Горно Оризари. Завршил ФЛУ во Скопје, магистрирал графика, а докторирал на Универзитет за ликовни уметности во Софија, Бугарија. Реализирал преку 95 самостојни изложби во Македонија и низ светот, излагал дела на над 700 групни изложби и учествувал на повеќе од 100 Меѓународни колонии и симпозиуми[1]. Добитник е на дваесетина награди во државава и надвор од неа, како и на 9-то ноемвриското признание на Општина Велес[2]. Хусковиќ е добитник на наградата „Никола Мартиновски“ за 2006 што ја доделува Друштвото на ликовните уметници на Македонија[3]. Д-р Хусковиќ работи како редовен професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Наводи

уреди
  1. „50-та САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ФЕХИМ ХУСКОВИЌ“. ДЛУВ. септември 2008. Посетено на 2010-01-09.[мртва врска]
  2. „Доделени наградите 9 ноември по повод Денот на ослободувањето на Велес“. МИА. 10 ноември 2008. Посетено на 2010-01-09.[мртва врска]
  3. „Наградени цртежите на Фехим Хусковиќ, Родољуб Анастасов и Даниела Панчевска“. Утрински Весник. 24 јануари 2007. Посетено на 2010-01-09.