Оловна бригада (филм)

филм

Оловна бригада — македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценариото и во режија на Кирил Ценевски. Филмот е во производство на Вардар филм и Македонија филм од Скопје, снимен во вајд-скрин техника, во боја и трае 115 минути.[1]

„Оловна бригада“
Плакатот на филмот
РежисерКирил Ценевски
СценаристКирил Ценевски
Главни улогиМиралем Зупчевиќ
Дарко Дамевски
Миља Вујановиќ
Павле Вуисиќ
Благоја Спиркоски Џумерко
Мето Јовановски
Данчо Чевревски
Ѓокица Лукаревски
Димитар Гешоски
Ацо Јовановски
Илија Џувалековски
Коле Ангеловски
Марин Бабиќ
Мајда Тушар
Гоце Влахов
Трајче Иваноски
Жанрдрама
МузикаИлија Пејовски
КинематографијаМишо Самоиловски
ДистрибутерМакедонија филм
Вардар филм
Премиера1980
Времетраење111 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Сцена од филмот со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста

Екипа на филмот

уреди

Главните улоги во филмот ги толкуваат Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Миља Вујановиќ, Дарко Дамевски, Миралем Зупчевиќ, Ацо Јовановски, Мето Јовановски, Благоја Спиркоски - Џумерко, Данчо Чевревски и Илија Џувалековски. Снимател на филмот е Драган Салковски, директор на фотографијата е Мишо Самоиловски, а музиката ја напиша Илија Пејовски.[1]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Миралем Зупчевиќ Лазар
Дарко Дамевски Благоја
Миља Вујановиќ Душица
Павле Вуисиќ Мирко
Ацо Јовановски Сило
Благоја Спиркоски-Џумерко Коста
Мето Јовановски Петре
Коле Ангеловски Стево
Јорданчо Чевревски Диме
Илија Џувалековски Љубен
Мајда Тушар Маре
Гоце Влахов
Сабина Ајрула
Марин Бабиќ

Останати улоги  ▼

Содржина на филмот

уреди

Дејствието се случува во зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам, но во еден момент злокобното завивање на сирената ја прекинува работата. Тројца рудари, кои доаѓајки на работа од околните села, останале завеани во снежните сметови. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со сончева енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Тој како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува.

Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се наоѓа во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.

Награди

уреди
  • 1980 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски
  • 1980 ФЈИФ, Пула, награда „Првомајска” за филм со современа тематика
  • 1980 Награда на филмот од рударите од „Раша“, Сребрен медал на CIDALC

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди