Андраж Шпорар
Андраж Шпорар (роден на 27 февруари 1994 година, во Љубљана) — словенечки фудбалер, напаѓач на Панатинаикос и на Словенечката репрезентација.
Андраж Шпорар | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 февруари 1994 | ||
Роден во | Љубљана, Словенија | ||
Држава | Словенија | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Панатинаикос | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Олимпија Љубљана | |||
Интерблок | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2012 | Интерблок | 21 | (10) |
2012-2015 | Олимпија Љубљана | 95 | (46) |
2016-2018 | Базел | 19 | (1) |
2017-2018 | → Арминија Билефелд | 9 | (2) |
2018-2020 | Слован Братислава | 53 | (44) |
2020-2022 | Спортинг Лисабон | 29 | (9) |
2021 | → Брага | 16 | (3) |
2021-2022 | → Мидлсбро | 35 | (8) |
2022- | Панатинаикос | 59 | (19) |
Репрезентација | |||
2012 | Словенија 19 | 6 | (0) |
2012 | Словенија 20 | 1 | (1) |
2013-2016 | Словенија 21 | 19 | (7) |
2016- | Словенија | 55 | (12) |
Биографија
уредиАндраж е син на Миха Шпорар, поранешен играч од одбраната и капитен на Олимпија Љубљана.[1]
Клупска кариера
уредиИнтерблок и Олимпија Љубљана
уредиСвојте фудбалски почетоци Шпорар ги направил во екипата на Олимпија Љубљана, на која и се приклучил во 2000 година на шестгодишна возраст. Сепак, откако клубот се распаднал во 2005 година, тој ја продолжил својата младинска кариера во екипата на Интерблок Љубљана, каде напредувал преку сите младински категории се до првиот тим за кој дебитирал во 2011 година, во натпревар од Втората лига на Словенија. Во својата деби сезона, тој постигнал 10 гола за Интерблок во Втората лига на Словенија, по што во јуни 2012 се преселил во обновениот тим на Олимпија Љубљана кој се натпреварувал во Првата лига. Откако брзо се наметнал во клубот, за кратко време Шпорар станал еден од најважните играчи на клубот. Во сезоната 2015-2016, тој бил назначен за капитен на тимот[2] и го завршил првенството како најдобар стрелец со 17 постигнати гола иако играл само во првиот дел од сезоната.[3]
Базел и Арминија Билефелд
уредиНа 8 декември 2015 година, Шпорар потпишал договор на четири и пол години со екипата на Базел.[4] Тој му се приклучил на првиот тим на Базел во јануари 2016 година, под водството на тренерот Урс Фишер. Откако играл во четири пријателски натпревари, тој го направил своето деби во Суперлигата на Швајцарија на 14 февруари 2016 година, во победата со 4–0 на гости против Грасхопер.[5] Само неколку дена подоцна, на 18 февруари, Шпорар се повредил за време на загревањето пред натпреварот на гости против Сент-Етјен. За скинатата тетива била потребна операција и тоа го оддалечило од терените до крајот на сезоната.[6] На крајот од сезоната неговиот тим ја освоил титулата во швајцарското првенство.[7]
Шпорар го постигнал својот прв гол за Базел на 15 април 2017 година во победата со 4–0 на гости над Лозана.[8] На крајот од сезоната 2016–2017, Шпорар го освоил првенството по втор пат. За клубот ова била осма титула во низа и вкупно 20. шампионска титула.[9] Тие, исто така, го освоиле Купот на Швајцарија 2016-2017, победувајќи го Сион со 3–0 во финалето.[10]
И покрај успешната сезона на клупски план, Шпорар одлучил да го напушти клубот. Вкупно за Базел тој одиграл 26 натпревари, и постигнал еден гол.[11]
На 25 јуни 2017 година, Шпорар се приклучил на екипата на Арминија Билефелд во Втората Бундеслига, на позајмица до крајот на сезоната 2017–2018.[12][13] Дебитирал за клубот со гол, во победата со 2-1 над Јан Регенсбург, влегувајќи од клупата за резерви на 20 минути до крајот, тој погодил во првата минута од судиското продолжение за да му ја донесе победата на својот тим.
Слован Братислава
уредиВо јануари 2018 година, Шпорар потпишал за словачкиот клуб Слован Братислава за пријавена сума од 600.000 евра.[14] Во неговата прва сезона во клубот го освоил Купот на Словачка.
Во сезоната 2018–2019, Слован ја освоил титулата во првенството, а Шпорар бил најдобар стрелец во лигата со 29 гола, израмнувајќи го рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона во Првата лига на Словачка.[15]
Спортинг Лисабон и позајмиците во Брага и Мидлсбро
уредиНа 23 јануари 2020 година, Шпорар потпишал петгодишен договор со Спортинг Лисабон, во трансфер вреден 6 милиони евра, што го направило најскапиот играч во историјата на словачката лига.[16] Под водството на тренерот Силаш, дебитирал за лавовите четири дена подоцна, заменувајќи го повредениот Луис Фелипе во победата со 1-0 на домашен терен над Маритимо. Својот прв гол во зелено-белиот дрес го постигнал на 20 фервуари во победата со 3-1 над турскиот Истанбул Башакшехир во осминафиналето на УЕФА Лига Европа 2019-2020.[17][18] Три дена подоцна, тој го пронашол својот прв првенствен гол во Португалија во победата со 2-0 на домашен терен над Боавишта.[19] На 4 јуни 2020, по враќањето на фудбалот во Португалија после паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, тој бил протагонист за Спортинг постигнувајќи два гола во ремито 2-2 на гостувањето кај Виторија Гимараеш.[20] Конечно, на 25 јули, во последното коло од првенството тој ја погодил мрежата на градскиот ривал Бенфика во поразот со 2-1 на Луж.[21] Првата полусезона во дресот на Спортинг ја завршил со вкупно 18 настапи и 7 постигнати гола.
Следната сезона под водството на тренерот Рубен Аморим, Шпорар најчесто ги започнувал натпреварите на клупата, поради што одлучил да си замине од Спортинг. На 1 февруари 2021, тој и се приклучил на екипата на Брага на позајмица до крајот на сезоната.[22] Дебитирал за клубот на 4 февруари во првенствената победа со 2-1 на домашен терен над Портимоненсе. Својот прв гол во дресот на Брага го постигнал на 9 март 2021, во победата со 3-0 на домашен терен над Виторија Гимараеш. На 23 мај 2021, со Брага го освоил Купот на Португалија, откако ја победиле со 2-0 Бенфика во финалето, во кое тој се појавил во игра од клупата за резерви во 87-мата минута. Позајмицата во Брага ја завршил со 21 настап и 3 гола.
Во август 2021 година, тој му се приклучил на англискиот клуб Мидлсбро на позајмица до крајот на сезоната.[23] Својот прв гол за Боро го постигнал во победата со 2–0 против Нотингем Форест на 15 септември 2021 година.[24] Сезоната 2021-2022 во Чемпионшип ја завршил со 35 настапи и 8 гола. Покрај тоа, тој одиграл два натпревари и во ФА Купот без да постигне погодок.
Панатинаикос
уредиНа 27 јули 2022 година, Шпорар потпишал четиригодишен договор со Панатинаикос[25] во трансфер вреден над 3 милиони евра.[26]
Репрезентативна кариера
уредиШпорар дебитирал за репрезентацијата на Словенија на 11 ноември 2016, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018, против Малта во кој словенците оствариле победа како гости со 1-0.[27] Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 21 март 2019, против Израел во Хаифа, во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 кој завршил без победник 1-1.
Во јуни 2024 година, Шпорар бил избран во словенечкиот тим од 26 играчи за Европското првенство 2024, неговиот прв голем меѓународен турнир.[28]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 7 мај 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Интерблок | 2.СНЛ | 21 | 10 | КС | 3 | 1 | - | - | - | - | 24 | 11 | ||
2012-2013 | Олимпија Љубљана | 1.СНЛ | 28 | 11 | КС | 2 | 0 | ЛЕ | 4[29] | 0 | - | - | 34 | 11 | |
2013-2014 | 1.СНЛ | 17 | 5 | КС | 3 | 3 | ЛЕ | 2[29] | 1 | - | - | 22 | 9 | ||
2014-2015 | 1.СНЛ | 32 | 13 | КС | 2 | 0 | - | - | - | - | 34 | 13 | |||
2015-јан.2016 | 1.СНЛ | 18 | 17 | - | - | - | - | - | - | 18 | 17 | ||||
Вкупно Олимпија Љубљана | 95 | 46 | 7 | 3 | 6 | 1 | - | - | 108 | 50 | |||||
јан. 2016 | Базел | ШСЛ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |||
2016-2017 | ШСЛ | 18 | 1 | КШ | 3 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | 25 | 1 | ||
Вкупно Базел | 19 | 1 | 3 | 0 | 4 | 0 | - | - | 26 | 1 | |||||
2017-јан. 2018 | Арминија Билефелд | 2Б | 9 | 2 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | 10 | 2 | ||
јан. 2018 | Слован Братислава | ССЛ | 12 | 3 | КС | 4 | 3 | - | - | - | - | 16 | 6 | ||
2018-2019 | ССЛ | 30 | 29 | - | - | ЛЕ | 6[29] | 5 | - | - | 36 | 34 | |||
2019-јан.2020 | ССЛ | 11 | 12 | КС | 1 | 1 | ЛШ + ЛЕ | 2[30]+12[31] | 1[30]+6[32] | - | - | 26 | 20 | ||
Вкупно Слован Братислава | 53 | 44 | 5 | 4 | 20 | 12 | - | - | 78 | 60 | |||||
јан-јун.2020 | Спортинг Лисабон | ПЛ | 16 | 6 | КП | - | - | ЛЕ | 2 | 1 | - | - | - | 18 | 7 |
2020-јан.2021 | ПЛ | 13 | 3 | КП+ЛКП | 2+2 | 0+1 | ЛЕ | 2[33] | 0 | - | - | - | 19 | 4 | |
Вкупно Спортинг Лисабон | 29 | 9 | 4 | 1 | 4 | 1 | - | - | 37 | 11 | |||||
јан.-јун.2021 | Брага | ПЛ | 16 | 3 | КП+ЛКП | 3+0 | 0+0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 21 | 3 |
2021-2022 | Мидлсбро | ФЛЧ | 35 | 8 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 8 |
2022-2023 | Панатинаикос | ГСЛ | 29 | 11 | КГ | 3 | 2 | ЛК | 2[34] | 1[35] | - | - | - | 34 | 14 |
Вкупно во кариерата | 306 | 134 | 31 | 11 | 38 | 15 | - | - | 375 | 160 |
Титули
уредиКлупски
уредиБазел
уреди- 2015-2016, 2016-2017
- 2016-2017
Слован Братислава
уреди- 2018-2019
- Куп на Словачка : 1
- 2017-2018
Спортинг Лисабон
уреди- 2020-2021
Брага
уреди- 2020-2021
Панатинаикос
уреди- Куп на Грција : 1
- 2023-2024
Наводи
уреди- ↑ Plestenjak, Rok (8 June 2019). „Ljubljančanu ni jasno, zakaj ga je oče ponujal Mariboru“ (словенечки). Siol. Посетено на 23 January 2020.
- ↑ Rok Plestenjak (31 August 2015). „Kapetan Olimpije v Ljubljani živi svoje sanje“ (словенечки). Siol. Посетено на 23 January 2020.
- ↑ „Andraž Šporar – statistika 2015–16“. prvaliga.si (словенечки). Slovenian PrvaLiga. Посетено на 23 January 2020.
- ↑ FC Basel 1893 (8 December 2015). „FCB verpflichtet den slowenen Andraz Sporar“. FCB sign Slovenian Andraz Sporar (германски). FC Basel 1893 AG. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ Marti, Caspar (14 February 2016). „4:0-Erfolg bei GC: Souveräner Sieg im Spitzenspiel“. 4–0 win at GC: Confident victory in the top game (германски). FC Basel 1893 AG. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ FC Basel 1893 (24 February 2016). „Boëtius und Sporar fallen verletzt aus“. Boëtius and Sporar fall out due to injury (германски). FC Basel 1893 AG. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ „FC Basel holt den 19. Meistertitel“. FC Basel wins their 19th championship title (германски). Schweizer Radio und Fernsehen (SRF). 30 April 2016. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ „FC Lausanne-Sport – FC Basel 0:4 (0:2)“. Verein "Basler Fussballarchiv”. 15 April 2017. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ Marti, Casper (2 June 2017). „Der Saisonabschluss im Zeitraffer“. The end of the season in time lapse (германски). FC Basel 1893 AG. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ Rodriguez-Bloch, Laila (25 May 2017). „Swiss Football Cup: FC Basel wins 3–0 over Sion in Geneva; Police extra vigilant after game“. thegenevist.com (англиски). Посетено на 2022-11-16.
- ↑ „Andraz Sporar – FCB statistics“. Verein "Basler Fussballarchiv”. 2022. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ „Šporar signs for Arminia Bielefeld“. arsport-management.com (англиски). 26 June 2017. Посетено на 2022-11-16.
- ↑ „Sporar leihweise zu Arminia Bielefeld – International“. Liechtensteiner Volksblatt (германски). Посетено на 2022-11-16.
- ↑ Gašper, Timotej (16 December 2019). „Andraž Šporar na lane veľkoklubu: Koľko môže Slovan zarobiť?“. sport7.sk (словачки). Посетено на 24 January 2020.
- ↑ „Vittek ani Šporar nezaokrúhlili, ale nesmútili“. nikeliga.sk (словачки). 25 May 2019. Посетено на 28 June 2019.
- ↑ T. J. (23 January 2020). „Šporar bo pet let mreže tresel v dresu Sportinga“ (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 23 January 2020.
- ↑ „Sporting conquista terreno turco e vence Basaksehir por 3-1“ (португалски). cmjornal.
- ↑ „O primeiro golo de Sporar e o segundo do Sporting frente ao Basaksehir“ (португалски). Tribuna.
- ↑ „Resumo: Sporar e Plata marcam na vitória do Sporting sobre o Boavista“. 23 февруари 2020. Посетено на 22 јуни 2024.
- ↑ „Sporar: «Preferia não marcar e o Sporting ganhar o jogo»“ (португалски). CNN Portugal. 4 јуни 2020. Посетено на 22 јуни 2024.
- ↑ „Parceria vermelha tira o pódio ao Sporting“ (португалски). zerozero.pt. 25 јули 2020. Посетено на 22 јуни 2024.
- ↑ „Sporar e Borja oficializados no SC Braga“ [Sporar and Borja officially at SC Braga] (португалски). SAPO Desporto. 2 February 2021. Посетено на 2 February 2021.
- ↑ „Andraz Sporar & James Lea Siliki: Middlesbrough sign Slovenia striker and Cameroon midfielder“. BBC Sport. 31 August 2021. Посетено на 16 September 2021.
- ↑ „Nottingham Forest 0–2 Middlesbrough“. BBC Sport. 15 September 2021. Посетено на 16 September 2021.
- ↑ „Στον Παναθηναϊκό ο Άντραζ Σπόραρ“ [Andraz Sporar to Panathinaikos] (грчки). Panathinaikos F.C. 27 July 2022. Посетено на 28 July 2022.
- ↑ „URADNO: Andraž Šporar ostaja v zelenem, njegov nov klub je Panathinaikos“ (словенечки). Nogomania. 27 July 2022. Посетено на 27 July 2022.
- ↑ „Slovenci uspešno opravili misijo na Malti“ (словенечки). RTV Slovenija. 11 November 2016. Посетено на 17 June 2024.
- ↑ Zalokar, Peter (7 June 2024). „Matjaž Kek izbral 26 adutov za euro 2024, zraven tudi prerojeni Iličić“. Delo (словенечки). Посетено на 17 June 2024.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 во квалификациските кола
- ↑ 30,0 30,1 во квалификациите
- ↑ 6 настапи во квалификациите
- ↑ еден гол во квалификациите
- ↑ Во квалификациските кола
- ↑ Во квалификациските рунди
- ↑ Во квалификациските рунди
Надворешни врски
уреди„Андраж Шпорар“ на Ризницата ? |