Европска вселенска агенција
(Пренасочено од ЕСА)
Европска вселенска агенција или ЕСА (англиски: European Space Agency или ESA), е основана во 1974 и е меѓувладина организација која е посветена на истражувања во вселената. Со неа раководат 22 европски држави. Главниот штаб се наоѓа во Париз, Франција. Има вкупен буџет од 2,9 милијарди €.
Сопственик | |
---|---|
Основана | 1974 |
Главен штаб | Париз, Франција |
Вселенска станица | Гвајански вселенски центар |
Управник | Жан-Жак Дорден |
Буџет | €2,9 ($4,260) млј (2007) |
Мреж. место | www.esa.int |
Главната лансерна станица е Гвајанскиот вселенски центар во Куру, Француска Гвајана.
Научните мисии се засновани во ESTEC во Нордвејк, Холандија, Земјините опсервациски мисии се во ESRIN во Фраскати, Италија, Мисионата контрола е во ESOC во Дармштат, Германија, и Европскиот астронаутски центар (EAC), каде што се тренираат астронаутите за идните мисии е сместен во Келн, Германија.
Надворешни врски
уреди- ESA Portal – официјално мрежно место
- European Space Agency Архивирано на 29 јуни 2006 г. – Encarta
- Европска вселенска стратегија Архивирано на 16 март 2010 г.
- Европска вселенска агенција
„Европска вселенска агенција“ на Ризницата ? |