Роналдо

(Пренасочено од Luis Nazario Ronaldo)

Роналдо Луис Назарио да Лима (18 септември 1976) попознат како Роналдо — пензиониран бразилски фудбалер. Со прекрар „Феноменот“, експертите и навивачите го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во 2011 година, тој бiл избран за „Играч на децнијата“ на шпанската верзија на мрежната страница Goal.com со 29,55% од сите гласови. Тој ја освоил првата Златна топка како европски фудбалер на годината во 1997 година, а потоа и во 2002 година. Роналдо е еден од тројцата кои трипати ја освоиле наградата за фудбалер на годината од ФИФА, заедно со Зинедин Зидан и Лионел Меси.

Роналдо
Лични податоци
Полно име Роналдо Луис Назарио да Лима
Роден на 18 септември 1976(1976-09-18)(48 г.)
Роден во Рио де Жанеиро, Бразил
Висина 1.82 метри
Позиција напад
Младинска кариера
1986–1989 Тениски Клуб Валкири
1989–1990 Социјален клуб Рамос
1990–1993 Сао Кристовао
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1994 ФК Крузеиро 34 (34)
1994–1996 ПСВ Ајндховен 46 (42)
1996–1997 ФК Барселона 37 (34)
1997–2002 ФК Интер 68 (49)
2002–2007 ФК Реал Мадрид 127 (83)
2007–2008 ФК Милан 20 (9)
2009–2011 ФК Коринтијанс 52 (29)
Вкупно 384 (280)
Репрезентација
1993 Бразил U17 7 (5)
1996 Бразил U23 8 (6)
1994–2011 Бразил 98 (62)

Како еден од најцелосните напаѓачи во изминатите 30 години, во 2007 година, Роналдо бил именуван како еден од 11-те најдобри најдобри фудбалери на сите времиња од страна на „France Football“ и се појави на списокот за најдобите 100 фудбалери кој го состави Пеле. Во 2010 година, беше прогласен за „Играч на деценијата“ на мрежната страница Goal.com, а беше вклучен и како централен напаѓач во „Тимот на деценијата“. На 23 февруари 2010 година, Роналдо објави дека ќе се пензионира после крајот на сезоната.

Роналдо настапи за Бразил во 98 интернационални натпревари, постигнувајќи 62 голови. Тој беше дел од репрезентацијата на Бразил која ги освои Светските првенства во 1994 и 2002 година. За време на Светското првенство во 2002 година, Роналдо стана најдобриот голгетер во историјата на светските првенства со 15 голови, надминувајќи го Герд Милер кој имаше 14, но подоцна рекордот на Роналдо беше израмнет од страна на Мирослав Клозе со 15 постигнати голови. Тој е единственииот фудбалер кој ја освоил Златната топка и Златната копачка на две различни Светски првенства. Бидејќи во текот на кариерата имаше неколку сериозни повреди, Роналдо се пензионираше на 14 февруари 2011 година, наведувајќи ги болките и хипотириодизмот како главни причини за неговото прерано пензионирање.

Клупска кариера

уреди

1993 година: Крузеиро

уреди

Во 1993 година, Роналдо ја започнал фудбалската кариера играјќи за Крузеиро кој веќе бил успешен клуб. Во првата и единствена сезона со Крузиеро, тој постигна 12 голови на 14 натпревари и ги одведе до првата титула во Бразилскиот куп. Претходно, Роналдо бил одбиен од неговиот омилен тим Фламенго, но бразилската легенда Жаирзињо го видел потенцијалот на Ронадло и му помогнал да влезе во Крузеиро.

1994–1996: ПСВ Ајнховен

уреди

Роналдо реши да игра за ПСВ после Светското првенство во 1994 година, за кое беше избран да игра иако имаше само 17 години, но не настапи ниту еднаш. Ромарио го советувал Роналдо за започне европска кариера во ПСВ; Ромарио беше поранешен напаѓач за тимот од 1998 година до 1993 година. Роналдо постигна 20 лигашки голови во првата сезона во Холандија. Во втората сезона се здоби со повреда на коленото која го спречи да настапува скоро цела сезона. Сепак имаше просе од скоро по еден гол на натпревар, постигнувајќи 12 голови на 13 настапи. Со ПСВ, Роналдо го освои Холандскиот куп во 1996 година и беше најдобар голгетер во Холандската Лига во 1995 година.

1996–1997: Барселона

уреди

Додека играше во ПСВ, Роналдо им го привлече вниманието на Интер од Милано и Барселона, но Барселона успеа да го ангажира за, тогаш рекордни, 17 милиони евра. За време на сезоната 1996-1997, Роналдо постигна 47 голови на 49 натпревари во сите конкуренции за Барселона, водејќи го каталонскиот тим до освојување на Купот на победниците на куповите, Шпанскиот куп и Шпанскиот супер куп. Таа сезона беше и најдобар голгетер во Ла Лига со 34 голови на 37 натпревари. До сезоната 2008-2009, Роналдо остана последниот играч кој постигнал повеќе од 30 голови во една сезона во Ла Лига. На 20 години, тој стана најмладиот фудбалер кој ја освоил наградата за Фудбалер на годината на ФИФА во 1996 година. Исто така, заврши на второто место во трката по Златната Топка

1997–2002: Интер Милано

уреди

Роналдо помина краток период во Барса, бидејќи имаше проблеми со продолжувањето на неговиот договор. Беше евидентно дека е несреќен и, по крајот на сезоната, потпиша за Интер Милано за, тогаш рекордни 19 милиони евра. Во Барселона помина само една година. Роналдо им помогна на Интер да го повторат успехот на неговиот поранешен тим, овој пат во Купот на УЕФА, во кој го постигна третиот гол во финалето.

Роналдо се навикна на италијанскиот стил на игра уште во првата сезона, завршувајќи втор во лигата по бројот на постигнати голоби. Роналдо почна да се развива во целосен напаѓач. Почна да асистира, стана прв избор при изведувањето пенали, изведуваше и постигнуваше голови од слободни удари и беше капитен на тимот во последниот дел од сезоната. Додека играше за Интер, тој постигна неколку голови против градскиот соперник Милан во познатото миланско дерби. Ја освои наградата за Фудбалер на годината по вторпат во 1997 година, а истата година ја освои и Златната Топка. Следната година, после Светското првенство, заврши како втор во изборот за фудбалер на година и трет во изборот за Европски фудбалер на година. Во тој момент од кариерата, тој очигледно беше сметан за најдобриот фудбалер во светот.

На 21 ноември 1999 година, за време на натпреварот против Лече, Роналдо почувствува болки во коленото и беше приморан да ја напушти играта. На лекарските прегледи после наптреварот беше потврдено дека напаѓачот скинал тетива во коленото и дека ќе мора да се оперира. За време на провото враќање на 12 април 2000 година, тој одигра само седум минути во финалето на Итлијанскиот куп против Лацио, пред да го повреди коленото по вторпат. Проблемите со повредите го примораа Роналдо да ја пропушти целата сезона 2000-2001 и почетокот на наредната сезона. После две операции и месеци рехабилитација, Роналдо се врати за Светското првенство во 2002 година, помагајќи му на Бразил да ја освои петтата титула. Подоцна во 2002 година, ја освои наградата за Фудбалер на годината по третпат и беше продаден во Реал Мадрид. Роналдо го доби прекрарот „Феноменот“ од новинарите, додека играше во Италија. Беше прогласен за 20-тиот најдобар фубалер во историјата на Интер, според Times Online, а само повредите го спречија да има повисок пласман. Одигра 99 натпревари и постигна 59 голови за Нероаѕурите.

2002–2006: Реал Мадрид

уреди

Кога потпиша за Реал Мадрид за 46 милиони евра, продажбата на неговиот дрес ги скрши сите рекорди уште првиот ден. До октомври 2002 година, Роналдо не играше поради повреда, но навивачите постојано му го извикуваа името. Тој постигна два гола на своето деби за Реал Мадрид и доби стоечки овации на Сантјаго Бернабе. Истиот прием го доби и на последниот натпревар во сезоната против Атлетик Билбао, каде што повторно постигна гол за да ја заврши првата сезона во Кралскиот клуб со 23 голови и титулата во Ла Лига. Со Реал Мадрид ги освои и Интерконтиненталниот куп во 2002 година и Шпанскиот супер куп во 2003 година.

Во вториот натпревар од четвртина-финалето во Лигата на шампионите, Роналдо постигна хет-трик против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, исфрлувајќи го англискиот гигант од турнирот. Роналдо беше заменет во 80-тата минута и доби стоечки овации од навивачите на двата клуба. Реал Мадрид имаше шанса да ја освои тројната круна, пред Роналдо да се повреди кон крајот на сезоната 2003-2004; изгубија во финалето на Шпанскиот куп, беа исфрлени во четвртина-финалето на Лигата на шампионите и имаа огромен пад во формата во Ла Лига. Таа сезона, тој заврши како најдобар голгетер во лигата со 24 постигнати голови, но сепак ја загубија титулата од Валенсија. Со купувањето на Руд ван Нистелорој во 2006 година, менаџерот Фабио Капело се помалку го користеше Роналдо поради проблемите со повредите и тежината.

Во април 2013 година, весникот Марка го прогласи Роналдо за член на „Најдобрата странска единаесетторка во историјата на Реал Мадрид“.

2007–2008: Милан

уреди

На 18 јануари 2007 година, се дозна дека Роналдо се согласил на договор со Милан за 8 милиони евра. Тој морал да плати за остатокот од периодот на неговиот договор кој го обврзувал со Реал Мадрид, само бидејќи Кралскиот Клуб не се согласил да го ослободи, а Милан не биле подготвени да платат толкава сума. На 25 јануари, Роналдо одетал од Мадрид во Милано да го гледа тимот како игра во купот против Рома. На официјалното мрежно место на тимот беше изјавено дека Роналдо дошол во Милано на медицински преглед за тимот, а подоцна бил договорен состанок со службените лица на Реал Мадрид за да се заврши преселбата во миланскиот клуб. На 26 јануари,, Роналдо успешно ги помина медицинските тестови, а трансферот беше завршен на 30 јануари, по што тој го доби дресот со бројот 99. Дебито за Милан го имаше на 11 февруари 2007 година во победата од 2-1 против Ливорно, кога влезе како замена. Следниот натпревар против Сиена, на 17 февруари, Роналдо постигна два гола и беше асистент за третиот гол во првиот старт за Милан, во победата од 4-3. Во првата сезона, Роналдо постигна седум голови на 14 настапи.

После преселбата во Милан, Роналдо се придружи во списокот на ретките фудбалери кои настапувале и за Интер и за Милан во миланското дерби и е еден од двајцата играчи кој постигнал голови и за двата тима (за Интер во сезоната 1998-1999, а за Милан во сезоната 2006-2007). Другиот играч е Златан Ибрахимович. Исто така, Роналдо е еден од ретките фудбалери кои играл и за Барселона и за Реал Мадид, кои исто се големи соперници. Роналдо одигра само 300 минути во единствената сезона во Милан поради новите проблеми со повредите и преголемата тежина. Единствениот гол во сезоната 2007-2008, освен голот против Лече во прет-сезоната, го постигна во победата од 5-2 против Наполи на Сан Сиро. Тогаш. за првпат заедно на теренот истрча познатато бразилско трио Кака, Александре Пато и Роналдо, познато како Ка-Па-Ро Вкупно, тој потигна 9 голови на 20 настапи за Милан.

И покрај огромниот успех во претходната деценија, Роналдо никогаш не ја освои Лигата на шампионите во својата кариера. За време сезоната 2006-2007, иако Милан го освои овој куп, Роналдо не смееше да настапува за нив бидејќи во првиот дел од сезоната настапуваше за Реал Мадрид. Најблиску беше во 2003 година кога му помогна на Реал Мадрид да стигне до полуфиналето, во кое изгубија од Јувентус.

На 13 февруари 2008 година, Роналдо се здоби со сериозна повреда на коленото, која му ја заврши сезоната, и беше изнесен на носила и однесен диретно во болница. После натпреварот, клубот потврди дека Роналдо го скинал лигаментот на левото колено. Тоа му беше трета ваква повреда, која претходно ја имаше двапати на десното колено во 1998 и 2000 година. По крајот на сезоната беше ослободен од Милан бидејќи договорот му истече и не беше обновен.

2009–2011: Коринтијанс

уреди

Роналдо тренираше со Фламенго додека се опоравуваше од операцијата на коленото одборот на директори на клубот рекоа дека има отворена врата да им се придружи. Сепак, на 9 декември, Роналдо потпиша едно-годишен договор со Коринтијанс, соперниците на Фламенго. Оваа изјава привлече огромен публицитет во бразилските медиуми бидејќи Роналдо јавно изјави дека ги обожава Фламенго и вети дека ќе го брани клубот.

Роналдо го одигра првиот меч за Коринтијанс на 4 март 2009 година во Бразилскиот куп против Итумбиара на Естадио Јуселино Кубитсчек, во кој влезе како замена за Хорхе Енрике. Тој го постигна првиот гол за Коринтијанс на 8 март 2009 година во натпреварот против Палмеирас. Роналдо им помогна на Коринтијанс да го освојат Бразилското првенство со 10 голови на 14 настапи.

Роналдо им помогна на Коринтијанс да го поразат Интенационал со резултат од 4-2 и така да го освојат својот трет Бразилски куп и со тоа заслужија место во Копа Либертадорес за наредната сезона. Тој се врати на 20 септември во натрпеварот против Гојас. На 27 септември 2009 година, Роналдо постигна гол во ремито од 1-1 против Саун Пауло. Го заврши Бразилското првенство со 12 голови на 20 натпревари. Во фебуари 2010 година, Роналдо го продолжи договорот со Коринтијанс до крајот на 2011 година, а потоа требаше да се пензионира.

Во февруари 2011 година, откако Коринтијанс беа елиминирани од Копа Либертадорес од колумбискиот тим Депортес Толима, Роналдо најдави дека ќе се повлече од фудбалот. На емоционалната конференција за печатот на 14 февруари 2011 година, тој призна дека неговото тело конечно подлегнало на повредите кои го мачеа во текот на целата кариера. „Тешко ми е да напуштам нешто што ме правеше толку среќен. Ментално сакав да продолжам, ама мора да признаам дека ја изгубив битката со телото“ – беше неговата изјава.

Интернационална кариера

уреди

Роналдо го имаше интернационалното деби за Бразил во 1994 година, во пријателскиот натпревар против Аргентина. Тој замина на Светското првенство во 1994 година во САД како 17-годишник, но не настапи ниту еднаш. Таму стана познат како Роналдињо („мал Роналдо“ на португалски), бидејќи Роналдо Родиригез де Хесус, неговиот постар соиграч на турнирот, го имаше истото име како него и го носеше прекарот Роналдао (голем Роналдо) за да се разликуваат. Уште еден бразилски фудбалер, Роналдо де Асис Морерира, кој е попознат како Роналдињо, беше нарекуван Роналдињо Гауч0 кога се приклучи на бразилската репрезентација во 1999 година. На Олимпијадата во 1996 година во Атланта, Роналдо го носеше името Роналдињо на дресот, бидејќи бекот Роналдо Жирао, две години постар од него, му беше еден од соиграчите. Бразил го освои бронзениот медал на оваа Олимпијада.

Светското првенство во 1998 година

уреди

Тој настапуваше на Светкото првенство во 1998 година и беше опишуван од новинарите и експертите како најдобриот светски фудбалер. Роналдо постигна четири гола и асистираше на три. Ноќта пред финалето, тој се здоби со конвулзија. На почетокот, Роналдо беше отстранет од почетниот тим 72 минути пред натпреварот, на тој побара да игра и потоа тренерот Марио Загало го врати. Настапот на Роналдо беше под вообичаеното и тој беше повреден во судар со францускиот голман Фабио Бартез. Бразил го загуби финалето од домаќинот Франција со 3-0. Адријан Вилијамс, професор по клиничка неврологија на Бирмингемскиот универзитет изјави дека Роналдо не требал да игра, дека ги чувствувал екектите од нападот и дека “немало шанси да може да настапува најдобро што може 24 часа после првиот напад, ако воопшто бил прв“.

Светското првенство во 2002 година

уреди

За време на Светското првенство во 2002 година, Роналдо ја водеше својата репрезентација до нивната рекордна петта титула и ја освои Златната копачка како најдобар голгетер и беше второпласиран за наградата Златна Топка како најдобар играч на турнирот. Тој постигна гол против сите противници, освен во четвртина-финалето против Англија. Во финалето против Германија, Роналдо ги постигна својот 11-ти и 12-ти гол и го изразмни рекордот на Пеле за 12 голови на Светско првенство.

Светското првенство во 2006 година

уреди

На 2 јуни 2004 година, Роналдо постигна чуден хет-трик од пенали за Бразил против соперниците Аргентина во квалификацискиот натпревар за Светското Првенство во 2006 година. На Светското првенство во 2006 година, иако Бразил ги доби првите два натпревари во групата против Хрватска и Австралија, Роналдо постојано беше исмеван дека е премногу дебел и спор. Сепак, тренерот Карлос Алберто Переира го задржа во првиот тим, иако го тераа да го замени. Со двата гола против Јапонија во третиот натпревар, тој стана 20-тиот играч кој дал гол во три различни Светски првенства и го израмни рекордот на Герд Милер за постигнати 14 голови на Светските првенства, а потоа постави нов рекорд во осмина-финалето кога го постигна својот 15-ти гол против Гана. Исто така, тој се израмни со Јирген Клинсман како втор играч кој постигнал по најмалку три голови на три различни Светски првенства. Сепак, Бразил беа поразени од Франција во четвртина-финалето. Рекордот на Роналдо и Клинсман за барем три гола на три Светски првенства беше изразмнет и надминат од Германецот Мирослав Клосе, кој сега држи рекорд за најмалку четири гола на три Светски првенства.

Проштален натпревар

уреди

Во февруари 2011 година, беше најавено дека Роналдо ќе доби уште еден последен натпревар, пет години по последниот натпревар за националната репрезентација, пријателски натпревар против Романија кој се одржа во Саун Пауло на 7 јуни 2011 година. Иако не е вообичеано да се одржуваат интернационални проштални натпревари, службените лица на Бразилскиот фудбалски сојуз изјавија дека поради неверојатната кариера на Роналдо, тој заслужува последниот репрезентативен настап да го има во Бразил, пред своите навивачи. Тој одигра 15 минути во натпреварот кој заврши со победа на Бразил од 1-0, со голот на Фред во 21-вата минута. Фред го прослви голот во стилот на Роналдо, а потоа му се придружија и другите согирачи. Кога Роналдо влезе во игра во 30-тата минута, тој трипати шутираше кон голот, но романскиот голман Ципријан Татарусану одбрани. Кога заврш полувремето, Роналдо одржа говор пред публиката.

Голови на Светските првенства

уреди
# Дата Стадион Противник Гол Резултат Светско првенство Рунда
1. 16 јуни 1998 Стад де ла Божур, Нант, Франција   Мароко 1 – 0 3–0 1998 Групна фаза
2. 27 јуни 1998 Паркот на Принцовите, Париз, Франција   Чиле 3 – 0 4–1 1998 Осминафинале
3. 27 јуни 1998 Паркот на Принцовите, Париз, Франција   Чиле 4 – 1 4–1 1998 Осминафинале
4. 7 јули 1998 Стадион Велодром, Марсеј, Франција   Холандија 1 – 0 1–1 1998 Полуфинале
5. 3 јуни 2002 стадион Мунсу Куп, Улсан, Јужна Кореја   Турција 1 – 1 2–1 2002 Групна фаза
6. 8 јуни 2002 Жежу стадион, Согвипо, Јужна Кореја   Кина 4 – 0 4–0 2002 Групна фаза
7. 13 јуни 2002 Стадион Сувон, Сувон, Јужна Кореја   Костарика 0 – 1 2–5 2002 Групна фаза
8. 13 јуни 2002 Стадион Сувон, Сувон, Јужна Кореја   Костарика 0 – 2 2–5 2002 Групна фаза
9. 17 јуни 2002 Кобе Винг, Кобе, Јапонија   Белгија 2 – 0 2–0 2002 Осминафинале
10. 26 јуни 2002 Стадион Саитама, Саитама, Јапонија   Турција 1 – 0 1–0 2002 Полуфинале
11. 30 јуни 2002 Стадион Јокохама, Јокохама, Јапонија   Германија 0 – 1 0–2 2002 Финале
12. 30 јуни 2002 Стадион Јокохама, Јокохама, Јапонија   Германија 0 – 2 0–2 2002 Финале
13. 22 јуни 2006 Вестфален, Дортмунд, Германија   Јапонија 1 – 1 1–4 2006 групна фаза
14. 22 јуни 2006 Вестфален, Дортмунд, Германија   Јапонија 1 – 4 1–4 2006 групна фаза
15. 27 јуни 2006 Вестфален, Дортмунд, Германија   Гана 1 – 0 3–0 2006 Осминафинале

Интернационални голови

уреди
# Date Venue Opponent Score Result Competition
1. 5 јуни 1994 McMahon Stadium, Edmonton, Canada   Канада
1 – 0
1 – 1
Friendly
2. 11 јуни 1995 Parc des Princes, Paris, France   Англија
2 – 1
3 – 1
Friendly
3. 30 April 1997 Lockhart Stadium, Fort Lauderdale, USA   Мексико
1 – 0
4 – 0
Friendly
4. 30 April 1997 Lockhart Stadium, Fort Lauderdale, USA   Мексико
3 – 0
4 – 0
Friendly
5. 30 May 1997 Ullevaal Stadion, Oslo, Norway   Норвешка
1 – 3
2 – 4
Friendly
6. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
1 – 0
8 – 2
Friendly
7. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
2 – 0
8 – 2
Friendly
8. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
3 – 0
8 – 2
Friendly
9. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
4 – 1
8 – 2
Friendly
10. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
6 – 1
8 – 2
Friendly
11. 8 јуни 1997 Stagg Memorial Stadium, Stockton, USA   Хондурас
7 – 2
8 – 2
Friendly
12. 13 јуни 1997 Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia   Костарика
3 – 0
5 – 0
1997 Copa América
13. 13 јуни 1997 Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia   Костарика
4 – 0
5 – 0
1997 Copa América
14. 22 јуни 1997 Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia   Парагвај
1 – 0
2 – 0
1997 Copa América
15. 22 јуни 1997 Estadio Ramón Aguilera, Santa Cruz, Bolivia   Парагвај
2 – 0
2 – 0
1997 Copa América
16. 29 јуни 1997 Estadio Hernando Siles, La Paz, Bolivia   Боливија
2 – 1
3 – 1
1997 Copa América
17. 11 November 1997 Estádio Mané Garrincha, Brasilia, Brazil   Велс
1 – 0
3 – 0
Friendly
18. 11 November 1997 Estádio Mané Garrincha, Brasilia, Brazil   Велс
3 – 0
3 – 0
Friendly
19. 7 December 1997 Soccer City Stadium, Johannesburg, South Africa   ЈАР
1 – 0
2 – 1
Friendly
20. 7 December 1997 Soccer City Stadium, Johannesburg, South Africa   ЈАР
2 – 0
2 – 1
Friendly
21. 19 December 1997 King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia   Чешка
2 – 0
2 – 0
1997 FIFA Confederations Cup
22. 21 December 1997 King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia   Австралија
1 – 0
6 – 0
1997 FIFA Confederations Cup
23. 21 December 1997 King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia   Австралија
2 – 0
6 – 0
1997 FIFA Confederations Cup
24. 21 December 1997 King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia   Австралија
5 – 0
6 – 0
1997 FIFA Confederations Cup
25. 16 јуни 1998 Stade de la Beaujoire, Nantes, France   Мароко
1 – 0
3 – 0
1998 FIFA World Cup
26. 27 јуни 1998 Parc des Princes, Paris, France   Чиле
3 – 0
4 – 1
1998 FIFA World Cup
27. 27 јуни 1998 Parc des Princes, Paris, France   Чиле
4 – 1
4 – 1
1998 FIFA World Cup
28. 7 јули 1998 Stade Vélodrome, Marseille, France   Холандија
1 – 0
1 – 1
1998 FIFA World Cup
29. 28 март 1999 Olympic Stadium, Seoul, Korea Republic   Јужна Кореја
1 – 1
2 – 1
Friendly
30. 30 јуни 1999 Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay   Венецуела
1 – 0
7 – 0
1999 Copa América
31. 30 јуни 1999 Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay   Венецуела
4 – 0
7 – 0
1999 Copa América
32. 6 јули 1999 Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay   Чиле
1 – 0
1 – 0
1999 Copa América
33. 11 јули 1999 Estadio Antonio Oddone Sarubbi, Ciudad del Este, Paraguay   Аргентина
2 – 1
2 – 1
1999 Copa América
34. 18 јули 1999 Estadio Defensores del Chaco, Asunción, Paraguay   Уругвај
3 – 0
3 – 0
1999 Copa América
35. 9 август 2001 Pinheirão, Curitiba, Brazil   Панама
3 – 0
5 – 0
Friendly
36. 9 август 2001 Pinheirão, Curitiba, Brazil   Панама
4 – 0
5 – 0
Friendly
37. 9 август 2001 Pinheirão, Curitiba, Brazil   Панама
5 – 0
5 – 0
Friendly
38. 6 февруари 2002 King Fahd II Stadium, Riyadh, Saudi Arabia   Саудиска Арабија
1 – 0
1 – 0
Friendly
39. 3 јули 2002 Munsu Cup Stadium, Ulsan, Korea Republic   Турција
1 – 1
2 – 1
2002 FIFA World Cup
40. 8 јуни 2002 Jeju World Cup Stadium, Seogwipo, Korea Republic Предлошка:Country data China PR
4 – 0
4 – 0
2002 FIFA World Cup
41. 13 јуни 2002 Suwon World Cup Stadium, Suwon, Korea Republic   Костарика
1 – 0
5 – 2
2002 FIFA World Cup
42. 13 јуни 2002 Suwon World Cup Stadium, Suwon, South Korea   Костарика
2 – 0
5 – 2
2002 FIFA World Cup
43. 17 јуни 2002 Kobe Wing Stadium, Kobe, Japan   Белгија
2 – 0
2 – 0
2002 FIFA World Cup
44. 26 јуни 2002 Saitama Stadium, Saitama, Japan   Турција
1 – 0
1 – 0
2002 FIFA World Cup
45. 30 јуни 2002 Nissan Stadium, Yokohama, Japan   Германија
1 – 0
2 – 0
2002 FIFA World Cup
46. 30 јуни 2002 Nissan Stadium, Yokohama, Japan   Германија
2 – 0
2 – 0
2002 FIFA World Cup
47. 11 јуни 2003 Abuja Stadium, Abuja, Nigeria   Нигерија
3 – 0
3 – 0
Friendly
48. 7 September 2003 Estadio Metropolitano, Barranquilla, Colombia   Колумбија
1 – 0
2 – 1
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
49. 19 November 2003 Pinheirão, Curitiba, Brazil   Уругвај
2 – 0
3 – 3
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
50. 19 November 2003 Pinheirão, Curitiba, Brazil   Уругвај
3 – 3
3 – 3
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
51. 6 February 2004 Mineirão, Belo Horizonte, Brazil   Аргентина
1 – 0
3 – 0
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
52. 6 February 2004 Mineirão, Belo Horizonte, Brazil   Аргентина
2 – 0
3 – 0
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
53. 6 February 2004 Mineirão, Belo Horizonte, Brazil   Аргентина
3 – 0
3 – 0
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
54. 18 August 2004 Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti   Хаити
2 – 0
6 – 0
Friendly
55. 18 August 2004 Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti   Хаити
5 – 0
6 – 0
Friendly
56. 18 August 2004 Stade Sylvio Cator, Port-au-Prince, Haiti   Хаити
6 – 0
6 – 0
Friendly
57. 5 September 2004 Estádio do Morumbi, São Paulo, Brazil   Боливија
1 – 0
3 – 1
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
58. 9 October 2004 Estadio José Pachencho Romero, Maracaibo, Venezuela   Венецуела
3 – 0
5 – 2
2006 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)
59. 4 јуни 2006 Stade de Genève, Geneva, Switzerland   Нов Зеланд
1 – 0
4 – 0
Friendly
60. 22 јуни 2006 FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany   Јапонија
1 – 1
4 – 1
2006 FIFA World Cup
61. 22 јуни 2006 FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany   Јапонија
4 – 1
4 – 1
2006 FIFA World Cup
62. 27 јуни 2006 FIFA WM Stadion Dortmund, Dortmund, Germany   Гана
1 – 0
3 – 0
2006 FIFA World Cup
Career statistics
Club Season League[1] Cups[2] Cups South American / European Cups[3] Other[4] Official matches Friendly Total
Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals
Cruzeiro 1993 16 12 0 0 4 8 1 0 21 20 8 8 29 28
1994 18 22 0 0 8 2 0 0 26 24 4 5 30 29
Total 34 34 0 0 12 10 1 0 47 44 12 13 59 57
PSV Eindhoven 1994/95 33 30 1 2 2 3 0 0 36 35 5 1 41 36
1995/96 13 12 3 1 5 6 0 0 21 19 8 11 29 30
Total 46 42 4 3 7 9 0 0 57 54 13 12 70 66
Barcelona 1996/97 37 34 4 6 7 5 1 2 49 47 2 0 51 47
Total 37 34 4 6 7 5 1 2 49 47 2 0 51 47
Inter Milan 1997/98 32 25 4 3 11 6 0 0 47 34 9 5 56 39
1998/99 19 14 2 0 6 1 1 0 28 15 0 0 28 15
1999/00 7 3 1 0 0 0 0 0 8 3 4 2 12 5
2000/01 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
2001/02 10 7 1 0 5 0 0 0 16 7 3 5 19 12
Total 68 49 8 3 22 7 1 0 99 59 16 12 115 71
Real Madrid 2002/03 31 23 1 0 11 6 1 1 44 30 1 0 45 30
2003/04 32 24 5 2 9 4 2 1 48 31 4 3 52 34
2004/05 34 21 1 0 10 3 0 0 45 24 4 4 49 28
2005/06 23 14 2 1 2 0 0 0 27 15 8 7 35 22
2006/07 7 1 2 1 4 2 0 0 13 4 0 0 13 4
Total 127 83 11 4 36 15 3 2 177 104 17 14 194 118
AC Milan 2006/07 14 7 0 0 0 0 0 0 14 7 0 0 14 7
2007/08 6 2 0 0 0 0 0 0 6 2 1 1 7 3
Total 20 9 0 0 0 0 0 0 20 9 1 1 21 10
Corinthians 2009 30 20 8 3 0 0 0 0 38 23 0 0 38 23
2010 20 9 0 0 7 3 0 0 27 12 0 0 27 12
2011 2 0 0 0 2 0 0 0 4 0 0 0 4 0
Total 52 29 8 3 9 3 0 0 69 35 0 0 69 35
Total 384 280 35 19 93 49 6 4 518 352 61 52 580 405

International

уреди

[5]

Brazil national team
Year Apps Goals
1994 4 1
1995 6 3
1996 4 5
1997 20 15
1998 10 5
1999 10 7
2000 0 0
2001 0 0
2002 12 11
2003 8 3
2004 11 6
2005 5 1
2006 7 5
2007 0 0
2008 0 0
2009 0 0
2010 0 0
2011 1 0
Total 98 62

[5]

Brazil national team
Year Apps Goals
1994 4 1
1995 6 3
1996 4 5
1997 20 15
1998 10 5
1999 10 7
2000 0 0
2001 0 0
2002 12 11
2003 8 3
2004 11 6
2005 5 1
2006 7 5
2007 0 0
2008 0 0
2009 0 0
2010 0 0
2011 1 0
Total 98 62

Вкупно во кариерата

уреди
Career
Team Season Official
Matches
Friendly
and Others
Total
Apps Goals Apps Goals Apps Goals
Cruzeiro 1993—1994 47 44 12 13 59 57
PSV Eindhoven 1994—1996 57 54 13 12 70 66
Barcelona 1996—1997 49 47 2 0 51 47
Inter Milan 1997—2002 99 59 16 12 115 71
Real Madrid 2002—2007 177 104 17 14 194 118
AC Milan 2007—2008 20 9 1 1 21 10
Corinthians 2008—2011 69 35 0 0 69 35
Brazil 1994—2011 98 62 7 5 105 67
Brazil U17 1993 7 5 0 0 7 5
Brazil U23 1996 8 6 0 0 8 6
Unofficial Matches[6] 1997—2011 - - 16 8 15 8
Total Career 631 425 83 65 715 490

Приватен живот

уреди

Роналдо е третото дете на Нелио Назарио де Лима и Соња дос Сантос Барато. За време на 1997 година, Роналдо ја запозна бразилската глумица и моделка Сузана Вернер на снимањето на бразилската серија „Malhação“ каде што заедно глумеа во три епизоди. Иако не се венчаа, тие започнаа долга врска и живееа заедно во Милано до почетокот на 1999 година. Во април 1999 година, Роналдо се ожени со бразилската фудбалерка Милена Домингез, која тогаш беше бремена со нивниот прв син, Роналд. Бракот траеше четири години. Во 2005 година, Роналдо се сврши со бразилската моделка Даниела Кикарели, која забремени, но го изгуби бебето. Врската траеше само три месеци после нивната луксузна свадба. Церемонијата надовно чинела околу 900 000 евра.

Во април 2008 година, Роналдо беше вмешан во скандал со три трансвеститски проститутки кои ги запознал во ноќен клуб во Рио де Жанеиро. Сепак, еден од тројцата барал 30 000 долари и потоа кажал на медиумите. Веридбата на Роналдо со Марија Беатрис Ентони беше откажана после скандалот, но подоцна се одржи. Марија Беатрис Ентони ја роди нивната прва ќерка, Марија Софија, во Рио де Жанеиро на 24 декември 2008 година. Во април 2009 година, целото семејство се пресели во нов стан во Саун Пауло. На 6 април 2010 година, Марија Беатрис ја роди втората ќерка, Марија Алис. Случајно, Марија Алис се роди точно 10 години после нејзиниот постар брат Роналд. Во декември 2010 година, Роналдо и неговото семејство се преселија во нова вила во Саун Пауло. Истиот месец, Роналдо подлегна на тест за татковство и потврди дека е татко на момче кое се вика Александар. Момчето било родено од кратката врска меѓу Роналдо и Мишел Умези, бразилска келнерка која Роналдо ја запознал во Токио во 2002 година. Откако го потврдил четвртото дете, напаѓачот изјавил дека четири се доволно и открил дека направил весектормија.

Роналдо треба да стане претседател на Бразилската фудбалска федерација во 2014 година.

Филантропија

уреди

На 13 декември 2011 година, фудбалските легенди Зинедин Зидан и Роналдо одиграа хуманитарен натпревар со нивните пријатели против порашени и моментални играчи на германски Хамбург.

Наводи

уреди
  1. Including matches in League Mineiro (Season 1993 - 2 games, 0 goals, season 1994 - 18 games, 22 goals) and League Paulista (2009 season - 10 games, 8 goals ; season of 2010 - 9 games, 3 goals, season 2011 - 2 games, 0 goals). According to some sources, Ronaldo scored for "Barcelona" only 33 goals, with the goal to IV skogo "Sporting" 6 April 1997 and is considered own goalом.
  2. Cup Netherlands, Copa del Rey, Coppa Italia Brazil Cup.
  3. Copa Libertadores, Super Libertadores UEFA Champions League UEFA Cup UEFA Cup Winners' Cup.
  4. Super Cup Spain Intercontinental Cup Rekopa South America matches playoffs for access to the UEFA Cup (Season1998/99).
  5. 5,0 5,1 „Ronaldo Luís Nazário de Lima – Goals in International Matches“. Rsssf.com. 23 July 2006. Посетено на 12 December 2010.
  6. Благотворительные матчи и матчи-бенефисы.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: