Алешандре Родригес да Силва (португалски: Alexandre Rodrigues da Silva) (роден на (роден на 2 септември 1989 во Пато Бранко, Парана), попознат како Алешандре Пато (Alexandre Pato), е бразилски фудбалски напаѓач.

Алешандре Пато
Лични податоци
Полно име Алешандре Родригес да Силва
Роден на 2 септември 1989(1989-09-02)(35 г.)
Роден во Пато Бранко, Парана, Бразил
Висина &100000000000001790000001,79 м[1]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Коринтијанс
Број 9
Младинска кариера
2000–2006 Интернационал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2007 Интернационал 10 (6)
2007–2012 ФК Милан 117 (51)
2013–2016 ФК Коринтијанс 0 (0)
2014-2015 Саун Пауло 59 (19)
2016 Челзи 2 (1)
2016–2017 Виљареал 14 (2)
2017– Тијанџин 18 (1)
Репрезентација
2007 Бразил U20 12 (8)
2008 Бразил U23 6 (2)
2008– Бразил 12 (4)
* Ажурирано на: 4 март 2012
** Ажурирано на: 9 февруари 2011
Пато (лево) играјќи за Милан во 2010

Детство

уреди

Александре Пато започнал да игра мал фудбал (футсал) на 4 години. Многу брзо стекнал огромни вештини, по што е прогласен за најдобар млад играч во јужната бразилска држава Парана. Уште од млад за него се интересираат многу менаџери. Најпрвин се преселил во Порто Алегре од каде што се надева дека ќе заигра за неговиот омилен клуб од детството ФК Гремио. Но неговите родители не се задоволни од тоа, па одлучуваат да го испратат во Интернасионал. Таму, тој на 11 годишна возраст со уште 83 момчиња заиграл за младинскиот состав на Интернационал.

На 10 години во неговата рака е регистриран тумор, со опасно канцерогено влијание што може да доведе до ампутација на раката. Неговите родители немале пари за операцијата, меѓутоа нивниот пријател, хирургот Пауло Роберто Муси го оперирал бесплатно.

Кариерата во Интернационал

уреди

Пато својата професионална кариера ја започна во ФК Интернационал од Порто Алегре каде што играше од 2001 до 2007. Тој дебитирал на натпреварот против ФК Палмеирас на 26 ноември 2006 со само 17 години и постигнал едн гол и асистирал во постигнувањето на останатите три во победата против Палмеирас со 4-1.

На 13 декември 2006 година Пато постигна гол во победата на ФК Интернационал против ФК Ал-Ахли од Каиро во полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство во фудбал, а со тоа придонесе за победата на Интернационал со 2-1 и пласман во финалето каде што ФК Интернационал го пообеди ФК Барселона со 1-0 и стана Светски клупски првак во фудбал. Со овој гол од полуфиналето, Пато стана најмладиот стрелец во едно фудбалско натпреварување на ФИФА (17 години и 102 дена) со што го сруши рекордот на Пеле од 17 години и 239 дена. Пато исто така стана и најмладиот освојувач на едно фудбалско натпреварување организирано од ФИФА.

По овие игри Пато беше баран од многу силни европски клубови како Бенфика, Јувентус, Челзи, Интер, Арсенал, но сепак заврши во Милан.

Милан

уреди

Како нов играч на Милан, Пато им беше претставен на новинарите на 2 август 2007, а од ФК Интернасионал беше купен за 22 милиони евра. Пато многу добро се вклопи во Милан, а првиот гол го постигна на ремито на Милан со ФК Динамо Киев од 2-2 на 7 септември 2007. Неговиот трансфер официјално беше завршен на 4 јануари 2008.

Првиот гол во Серија А тој го постигна во победата на Милан против ФК Наполи од 5-2 на 13 јануари 2008 година, а потоа започна да постигнува и други погодоци, а првиот гол со глава во Серија А го постигна во победата на Милан против Реџина од 5-1 на 20 април 2008.

Коринтијанс

уреди

Пред крајот на 2012 година потпишал за ФК Коринтијанс.

Репрезентација

уреди

Пато како талент е сигурен напаѓач на бразилската фудбалска репрезентација на претстојните ЛОИ во Пекинг.

Тој првиот гол за сениорската репрезентација на Бразил го постигна на 26 март 2008 против репрезентацијата на Шведска на стадионот Емирејтс во Лондон.

Наводи

уреди
  1. "Pato". UEFA. Retrieved 15 February 2011.