Мирослав Клозе
Мирослав Клозе (полски: Mirosław Marian Klose, германски: Miroslav Josef Klose, роден во Ополе, Полска, 9 јуни 1978) — пензиониран германски фудбалер, напаѓач, каде што кариерата ја завршил во италијанскиот клуб Лацио во Серија А и германската репрезентација.
Мирослав Клозе | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 јуни 1978 | ||
Роден во | Ополе, Полска | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лацио | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Блаубах-Диделкопф | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1997–1998 | Блаубах-Диделкопф | ||
1998-1999 | Хомбург 08 | 18 | (1) |
1999–2004 | Кајзерслаутерн | 120 | (44) |
2004-2007 | Вердер Бремен | 89 | (53) |
2007-2011 | Бајерн Минхен | 98 | (24) |
2011-2016 | Лацио | 139 | (54) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2014 | Германија | 137 | (71) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Личен живот
уредиНеговата мајка Барбара e Полјакиња и била член на одбојкарската репрезентација на Полска (82 меѓународни натпревари), а татко му Јозеф Клосе е Германец и играл фудбал за Одра и Осер. Семејството се преселило најпрво во Франција, а подоцна во 1987 година во Кусел, Германија.
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиКлозе ја започнал својата кариера во аматерската екипа Блаубах-Диделкопф. Во 1998 година се преселил во екипата на Хомбург 08, каде што останал само една сезона пред да направи трансфер во Кајзерслаутерн. Во дресот на Кајзерслаутерн одиграл 132 натпревари и постигнал 47 голови. Во 2004 година потпишал за Вердер Бремен, а во 2007 дошол во Бајерн Минхен, со кој ја освоил титулата во Бундеслигата двапати во сезоните 2007-08 и 2009-10. Од 2011 година мастапува во Серија А за екипата на Лацио.
Репрезентативна кариера
уредиПрвиот повик за репрезентацијата го доби во 2001 година, каде дебитираше во квалификацискиот меч за Светското првенство 2002 против Албанија и постигна еден гол. Отиде на Светско и на првиот натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија постигна хет-трик. Тој учествуваше и на Светско првенство во фудбал 2006, каде што освои титула за најдобар стрелец со дадени пет гола. На Светското 2010 постигна четири гола, а голот против Гана во вториот круг на групната фаза на Светското првенство во 2014 година го изедначи со Роналдо на прво место на вечната список на стрелци во светските првенства со 15 гола.
За репрезентацијата на Германија до 7 јуни 2014 година одигра 132 натпревари и постигна 69 голови. Постигнувајќи го 69 гол за репрезентацијата на 6 јуни стана најдобриот стрелец на германската репрезентација во историјата.