Бенин

(Пренасочено од Benin)

Бенин — република во Западна Африка. Зафаќа површина од околу 112,622 км2. Главен град е Порто Ново. Бенин е независен од 1960 година. Населението се состои од различни племиња: Јоруба, Фони, Аџа, Бариба, Сомба, Фулбе и др. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам и христијанство. Службени јазици се англиски и француски.

Република Бенин
République du Bénin
Знаме Грб
Гесло"Fraternité, Justice, Travail"  (француски)
"Братство, Правда, Работа"
ХимнаL'Aube Nouvelle  (француски)
Зората на новиот ден

Местоположба на Бенин
Главен градПорто-Ново1
6°28′N 2°36′E / 6.467° СГШ; 2.600° ИГД / 6.467; 2.600
Најголем град Котону
Службен јазик француски
Демоним Бенинец
Уредување Повеќепартиска демократија
 •  Претседател Јаји Бони
Независност од Франција 
 •  Датум 1 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 112,622 км2 (101-ва)
Население
 •  проценка за јули 2005 г. 8,439,000 (89-та)
 •  Попис 2009 6,769,914 
 •  Густина 75 жит/км2 (118-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $13.014 милијарди[1] (140-та)
 •  По жител $1,605[1] (166-та)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $6.940 милијарди[1] 
 •  По жител $856[1] 
Џиниев коеф. (2003)36.5
среден
ИЧР (2013) 0.476[2]
низок · 165та
Валута Западниафрикански франк (XOF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .bj
Повик. бр. 229
1. Во Котону е владата.

Потекло на поимот

уреди

За време на колонизаторскиот период, земјата била позната како Дахомеј. Таа била преименувана во 1975 во Народна Република Бенин, по реката Бенин, која пак била именувана по Бенинската Империја.

Новото име било избрано како резултат на неутралност. Дахомеј било името на поранешната Дахомејска Империја, која ја заземала само јужната третина од денешната држава и не ги вклучувала кралствата Атакора и Боргу кои одговараат на северната територија на Бенин.

Историја

уреди

Дахомејското кралство било формирано од различни етнички групуи на абомејското плато. Историчарите тврдат дека несигурноста произлезена од тргувањето со робови придолено до масивно иселување на народот во модерниот град Абомеј, вклучувајќи и луѓе од етничките групи Аџа и Гбе за кои се верува дека го основале градот. Аџаците и Фоните создале нова етничка група именувана како Дахомејци. И покрај тоа што основачите на земјата биле во почетокот против ропството, сепак трговијата со робови била активна во регионот на Дахомеј во продолжение на триста години.

Кон средината на 19 век, земјата започнала да ја губи својата регионална надмоќ, кое и дозволило на Франција да завладеат со територијата во 1892 година. Во 1899 година земјата станала дел од колонијата Француска Западна Африка. Во текот на 1958 година земјата добила автономија под името Република Дахомеј, а по само две години, на 1 август 1960 година земјата ја прогласила и својата независност. Во текот на следните дванаесет години, земјата била опфатена со етнички конфликти, проследена со неколку државни удари и преврати, при кое доминирале трите основни фигури: Суру Арити, Јубер Мага и Жастен Ахомадегбе. Трите страни се согласиле да формираат претседателски совет по 1970 година. Но во 1972 година се случил воен реврат кој бил воден од страна на Матео Кереку. Така милитаристите го ставиле почетокот на комунистичката ера на земјата. По зазимањето на власта земјата била преименувана во Народна Република Бенин (1975 година). Сепак, кон крајот на 80-тите од минатиот век, Кереку решил да ги изостави комунистичките идеи по големата економска криза на земјата, враќајќи го парламентарниот капиталистички систем во 1990 година. Но на изборите во 1991 година тој бил победен од Никефор Согло,[3] со кое станал првиот африкански претседател којшто својата функција ја напуштил преку избори. Тој повторно се вратил на власт во 1996 година по изборите, а истото го забележил и во 2001 година. На изборите во 2006 година не учествувале ниту Кереку ниту Согло, бидејќи според уставот на земјата немале право заради својата возраст.[3]

Географија и клима

уреди

Бенин е земја која се наоѓа во Африка, во близина на екваторот. Територијата на Бенин е тесна и се протега во правец од север кон југ. Географската положба на Бенин е 6°30′ to 12°30′ северно со 1° to 3°40′ источно. Бенин се граничи со Того, Буркина Фасо и Нигер на север, со Нигерија на исток и на југ излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Бенин е 112.622 км2. Од брегот до северната граница Бенин има околу 700 км.

Политички систем

уреди

Политиките на Бенин се одвиваат во рамките на претседателска претставителна република, каде претседателот на Бенин е шеф на државата и шеф на владата. Бенин е повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата, законодавната е во разцете на владата, а додека судската власт е независна. Политичкиот систем е како резултат на уставот на Бенин од 1990.

Административна поделба

уреди

Департмани и општини

уреди
 
Карта на регионите во Бенин.

Бенин е поделен на 12 департменти и на 77 општини.

  1. Алибори
  2. Атакора
  3. Атлантик
  4. Боргу
  5. Колинс
  6. Донга
  7. Куфо
  8. Литорал
  9. Моно
  10. Уеме
  11. Плато
  12. Зу

Стопанство

уреди

Економијата на Бенин е неразвиена и зависна од земјоделството, прозводството на волна и регионалната трговија. Земјата забележува пораст од околу 5% во изминатите седум години, но брзото растење на бројот на населението го попречува нормалниот развој на земјата. Бенин планира да привлече странски инвеститори за да го зголеми развојот на земјата, го поттикнува туризмот и нови начини на производство.

Население, јазик и религија

уреди

Јазик

уреди

Службен јазик во Бенин е францускиот јазик. Покрај францускиот се зборуваат и уште многу други локални јазици, како на пример јоруба или дендиски јазик.

Демографија

уреди

Мнозинството од населението на Бенин живее на југот на земјата. Населението е младо. Околу 42 етнички африкански групи живеат во земјата, како на пример јоруба на југоистокот од Бенин, дендите во северен Бенин, бариба и фулбе на североисток, бетамарибе и сомба во Атакора, фоните околу Абомеј и мина и аџа на брегот.

Религија

уреди
Верници во Бенин
Католици
  
27,1 %
Муслимани
  
24,4 %
Стари верувања
  
17,3 %
Протестанти
  
10,4 %
Останати христијани
  
5,3 %
Останати религии
  
15,5 %

Христијанството е најзастапена религија во Бенин, со 42,8% од вкупното население. Според пописот на населението на Бенин од 2002 година, 27.1% се католици, 24.4% муслимани, 17,3% вуду, 10,4% протестанти, 5,3% се од други христијански деноминации и 15,5% од другите религии[4][5].

Во земјата постојат христијански и муслимански приврзаници на африканската традиционална религија во земјата[6]. Поголемиот дел од овие приврзаници живеат во јужниот дел на земјата, додека значителен дел од африканската традиционална религија има и во северниот дел[6]. Муслиманите се најмногу застапени во северниот и југоисточниот дел на земјата. Христијаните се распространети во јужниот дел, особено во Котону, економскиот главен град на земјата.[6] Во земјата не е невообичаено членови на едно семејство да го практикуваат христијанството, исламот, африканската традиционална религија, или комбинација од сите религии[6].

Култура во Бенин

уреди

Бенин одиграл важна улога во африканската музика, давајќи го еден од најголемите ѕвезди на континентот- Ангелик Киџо. По независноста, во Бенин се издигна народната музика помешана со елементи од ганската, француската и мриканската музика. Познати артисти од тој перио се Педро Гнонас и сус Панчос, Лес Волканос де ла Капитале и Пикоби Бенд дАбомеј.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Benin“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. 3,0 3,1 "Background Note: Benin". U.S. Department of State (June 2008). Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 2017-07-20.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-18. Посетено на 2017-07-20.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 International Religious Freedom Report 2007: Benin. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Вести
Патување

Поврзано

уреди