Порто Ново
Порто Ново (исто така познат и како Хогбоноу и Аџаце) е главниот град на Бенин. Овој град има околу 223,552 жители и претставува пристаниште кое се наоѓа на островче на Гвинејскиот Залив, во југоисточниот дел на земјата. Порто Ново е вториот најголем град во Бенин, по Котону (град кој е поважен од Порто Ново, како на политички, така и на културен план). Во регионот околу градот се произведуваат палмово масло, памук и капок. Нафтата беше откриена во 1990-тите и постана важен извозен производ.
Површина | ? км2 |
---|---|
Население | 223,552 |
Густина на насел. | ? жит./км2 |
Координати: | 6°28' С, 2°36' И |
Знаменитости
уреди- Музеј за етнографија во Порто Ново, содржи голема колекција на Јоруба маски, како и предмети поврзани со историјата на градот и Бенин.
- Замокот на кралот Тофа, сега музеј, покажува каков бил животот на африканското кралско семејство.
- Jardin Place Jean Bayol е голем плоштад кој има статуа на првиот крал на Порто Ново.
- Музеј Да Силва, музеј за историјата на Бенин. Покажува каков бил животот на Афро-Бразилците кога се вратиле во градот.
- Палатата на гувернерот е дом на националната законодавна власт.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница за туризам во Порто Ново Архивирано на 9 април 2007 г.
- Официјални податоци за Порто Ново од мрежното место на бенинската влада Архивирано на 5 октомври 2006 г.
- Porto-novo.biz Архивирано на 30 септември 2007 г.
- Слики на централната џамија во Порто Ново Архивирано на 12 март 2007 г.
- Аџоган Архивирано на 4 јуни 2011 г.