Знаме на Бенин
Знамето на Бенин е националното знаме на државата усвоено во 1959, но не со истиот денешен дизајн. Првичниот дизајн бил сменет по падот на марксистичкиот режим во државата во 1975 и новото знаме се усвоило на 1 август 1990. знамето е составено до две еднакви хоризонтални ленти и една вертикална од левата страна. Боите се пан-африкански и означуваат: зелена симболизира надеж, жолта симболизира богатство и црвена симболизира храброст.