Шер е музички уметник, глумец, директор и музички продуцент. Таа е општо позната по својот длабок вокал, а исто и како “Божицата на попот”. Шер ја започна својата кариера како помошен вокал, а подоцна ја доживеа својата слава како дел од поп-рок дуото “Sonny & Cher” со големиот успех на хитот "I God You Babe" во 1965 г. Таа подоцна се истакна како соло уметник и стана телевизиска ѕвезда во 1971 г. со шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour “ – вариетска претстава за која ja доби наградата “Златен Глобус”. За доброприфатената изведба во филмот “Silkwood” се здоби со номинација од “Academy Award” за Најдобра Глумица во 1984 г. Во подоцнежните години таа глумеше во неколку хит филмови како: “Mask”, “The Witches of Eastwick” и “Moonstruck” (за кој ја доби наградата “Academy Award” за најдобра глумица во 1988 г.)

Шер
Шер на премиерата на филмот "Burlesque" во декември 2010.
Животописни податоци
Познат(а) и какоШерлин Ла Пјер, Шер Боно [1]
Роден(а)20 мај 1946(1946-05-20)(78 г.)
Ел Сентро, Калифорнија, Калифорнија
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанровипоп-музика, рок-музика, фолк музика, денс-поп, диско, поп-рок
Занимањапејачка, глумица, филмски директор, текстописец
ИнструментиВокали
Период на активност1965–до денес
ИздавачиImperial (1965–1968)
Атлантик Рекордс (1965–1967)
Atco (1969)
MCA (1971–1974)
Warner Bros. (1975–1977)
Casablanca (1979–1980)
Columbia (1982)
Geffen (1987–1991)
Warner Music UK (1995–2002)
Warner Bros. (2003–present)
СоработнициСони и Шер, Сони Боно, Тина Тарнер, Кристина Агилера, Бети Мидлер
Мреж. местоcher.com,

Cher's signature

Шер е единствената соло пејачка која успеа да влезе меѓу првите десет во последните четири декади. Нејзиниот хит "Believe" е нејзиниот најдобро продадениот запис, кој исто така беше прогласен за најдобро продаден сингл во 1999 г. и тоа во 10 милиони копии ширум светот. Таа е добитник и на награда за најдолга успешна кариера од 33 г., почнувајќи од 1965 г. кога го издаде нејзиниот прв сингл, па сè до нејзините последни хитови кои се најдоа на првото место на музичките листи во 1999 г. Турнејата "Farewell" во 2005 г. беше прогласена за најуспешна турнеја досега направена од соло пејачка. Во својата долга кариера од 45 г. таа има продадена околу 10 милиони записи ширум светот. После тригодишната пауза и одморот од турнејата, Шер се врати на сцената во 2008 г. со своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас.

Почетоци

уреди

Шер е родена во Ел Сентро, Калифорнија на 20 мај 1946 год.[2] во 7:25мин. Нејзиниот татко Џон Пол Саркисан бил американски возач на камион. Нејзината мајка Џорџија Холт (е родена во Шарп Каутни, Аркансас на 9 јуни 1927 г.). Таа била успешна глумица и манекенка со англиско и француско потекло.[3][4] Шер има и полусестра Георгана Ла Пјер која исто така е глумица.[5] По разводот на нејзините родители за Шер привремено се грижела нејзината мајка која тогаш била во брак со банкарот Гилберт Ла Пјер кој подоцна ја посвоил Шер.[6] Поради финансиски проблеми мајка и подоцна привремено ја однела во дом за деца без родители,[7] но за кратко време успеала да обезбедила финансии за да и помогне во нејзината кариера. Како резултат на тешка Дислексија таа го напуштила средното училиште “Фресно” на 16 г. кога била во врска со глумецот Варен Бити.

Кариера

уреди

Почетна кариера: 1962-1964

уреди

Во времето кога Сони Боно работеше за издавачкиот продуцент Фил Спектор во студиотo ”Gold Star” во Холивуд, ја запозна Шер[8] и тие станаа неразделни пријатели, љубовници, а подоцна стапија и во брак.[9][10] Со помош на Сони, Шер започна да пее во позадина во неколку класични композиции: “The Righteous Brothers”, “You’ve Lost That Loving Feeling”, “A Fine,Fine Boy”, “The Ctystals”, “Da Doo Ron Ron” и “Be My Baby” од The Ronettes.[9] Нејзиниот прв сингл е "Ringo, I love You" кој е издаден под псевдонимот на Бони Џо Масон и продуциран од Фил Спектор.[11] Нејзиниот втор обид е "Dream Baby", напишан и продуциран од Сони Боно е издаден во 1964 г. Првиот заеднички албум на Шер и Сони Боно е "Caesar and Cleo” и со него привлекоа мало внимание со синглот "The Letter" кој се појави на крајот од 1964 г.[12]

Развој на кариерата: 1965-1969

уреди
 
Шер со Сони во 1966 г.

Пред да бидат познати под името “Cher I Sonny Bono”, тие го издадоа албумот "Caesar and Cleo”, а подоцна во летото 1965 г. под името “Cher I Sonny Bono” [13] тие го издадоа албумот “Look at us “. Од овој албум произлезе успешниот сингл "I Got You Babe" кој се искачи на првото место на листата Billboard Hot 100 во август 1965 г.[14] кога Шер имаше 19 г. а Сони Боно имаше 30 г. Потоа следеа уште неколку просечни хитови "Just You," "But you’re mine", "What Noe My Love" и "Little Man", "The Beat Goes On". Последниот хит " The Beat Goes On " се најде меѓу првите десет на музичките листи. Тие заедно издадоа уште единаесет хитови кои се најдоа на листата “Billboard top 40” (во периодот од 1965 до 1972 г.), а шест од нив се најдоа меѓу првите десет на музичките листи.[15]

Пеејќи ширум светот оваа двојка стана вистинска сензација. Шер се појави во шоуто на Ед Суливан во 1965 г. каде водителот Суливан поради печатна грешка ја најави Шер со погрешен акцент. Двојката подоцна се појави и во други телевизиски емисии како “American Bandstand”, “Top of the Pops”, “Hollywood A Go-Go”, “Podunk”, “Hollywood Palace”, “Hullabaloo”, “Beat Club,Ready Steady Go”! и “Shindig!!”. Подоцна Шер стана моден творец создавајќи го новиот тренд на панталони-ѕвонарки, “хипи стилот на облекување” и костимите пренатрупани со детали. Во 1965 г. Шер го издаде својот самостоен деби-албум “Аll I Really Want To Do” во продукција на Боб Дилан, кој се искачи на 15-то место на листата ”Billboard top 100”.[16] Во 1966 г. Шер го издаде нејзиниот втор соло албум “The Sonny Side Of Cher” кој се искачи на 26-то место во САД и на 11-то во Велика Британија. Од овој албум се песните "Where Do You Do” (кој се најде на 25-то место на листата ”Billboard top 100”), како и "Bang Bang (My Baby Shot Me Down)", (кој се најде на 2-то место на ”Billboard top 100”). Овие два хитови се напишани и продуцирани од страна на Сони Боно. Во САД во 1960 г. "The Letter" беше најголем хит. Третиот соло албум насловен како ”Cher”, исто издаден во 1966 г. за разлика од претходните немаше голем успех, но сепак синглот "Sunny" успеа да се најде меѓу првите десет на европската музичка листа.

Сакајќи да профитира од почетниот успех, Сони Боно забрзано започна да ангажира почеток на филмски проект во кој ќе се појават заедно со Шер. Во 1967 г. синглот “Good Times” стана вистински хит. Следниот албум на Шер е ”Backstage”, но тој не доживеа успех и имаше многу ниска продажба,[17]па затоа нивната кариера во 1968 г. беше во застој. Единственото заедничко дете на Шер и Сони Боно, Частити Боно е родена на 4 Март 1969 г.[18][19] Истата година тие имаа уште еден неуспех во филмската индустрија со филмот “Chastity” напишан и продуциран од страна на Сони Боно.[20]Тие разочарани од неуспехот, одат во Лас Вегас каде што ја придобиваат публиката со ново шеговито шоу.

Телевизиска и музичка слава: 1970-1975

уреди

Во 1970 г. Сони Боно и Шер го започнаа своето телевизиско шоу “The Sonny and Cher Nitty Gritty Hour”, комбинација од фарси,пародии и музика во живо кое постигна голем критчки успех и гледаност во споредба со многубројни други ТВ емисии. Тие со ова шоу го привлекоа вниманието на главниот уредник на телевизијата “CBS”, Фред Силвермен кој им понуди снимање на сопствена вариетска претстава. “The Sonny And Cher Comedy Hour “ започна да се емитува во летото 1971[21] и набргу стана огромен хит и брзо се најде меѓу првите десет на листата.[22] Ова шоу доби 15 номинации за “Еми” награда за време на неговот емитување и една “Еми” награда за режирање.[23] Меѓу многуте гости кои беа дел од ова шоу беа: Тина Тарнер, Чак Бери, Карол Бурнет, Џорџ Бурнс, Глен Камбел, Дик Кларк, Тони Куртис, Боби Дарин Филис Дилер, Мерв Грифин, Џери Ли Левис, Стив Мартин, Роналд Реган, Бурт Ринолдс, Лин Андерсон, Дина Шор, Сели Струтерс, Ракел Велч и др. Дуото повторно се врати на својата музичка кариера издавајќи уште четири нови албуми со “Kapp Records” и ”MCA Records”, во кои се најдоа уште два големи хитови "All I Ever Need Is You" во 1971 и "A Cowboy’s Work I s Never Done" во 1972.

На 25 г. Шер продолжи да се истакнува како соло пејачка со помош на продуцентот Снуф Гарет. А нејзиниот прв соло хит кој се најде на првото место беше "Gypsys, Tramps and Thieves”.[24] Истоимениот албум е издаден во септември во 1971 г. и се најде на 16-то место на листата “Billboard”, каде остана последователно 45 недели. Друг хит од овој албум е "The Way Of Love" кој се најде на 7-то место во март 1970 г.[25]

Вториот сингл на Шер кој се искачи на првото место беше "Half Breed" издаден во 1973 г. според кој беше насловен и самиот албум. Во 1974 г. Шер го издаде и третиот сингл број еден "Dark Lady" од истоимениот албум. Во третата сезона од шоуто бракот на Сони Боно и Шер полека се распаѓаше и тие се разделија кон крајот на годината. Исто така и нивното шоу “The Sonny And Cher Comedy Hour” почна да се распаѓа додека сè уште беше меѓу првите десет на листата “Tоп 10”. Конечниот развод беше на 27 Јуни 1975 г. Шер доби “Златен Глобус” за најдобра изведба како глумица во 1974 г.

Сони Боно започна свое сопствено шоу насловено како “The Sonny Comedy Revue” во 1974 г.,[26] а во исто време Шер исто така објави почеток на свое телевизиско шоу. Шоуто на Bono беше ненадајно откажано набргу по шест недели. Дуото подоцна повторно ќе се соедини во уште две сезони во нивното заедничко шоу. Во шоуто на Шер кое дебитираше како модерно светско ТВ шоу, се појавија Филип Вилсон, Бети Мидлер и Елтон Џон. Клорис Личмен и Џек Албертсон[27] добија “Еми” награда за нивното учество во ова шоу, а самото шоу исто така доби четири номинации за “Еми” награда истата година. Други гости беа: Пат Боне, Давид Бови, Реј Чарлес, Дион, Пати Лабеле, Шерил Лед, Вини Њѕтон, Линда Ронстад, Лили Томлин и Франки Вали. Кон крајот на годината ова шоу се рангираше на 22-то место на музичката листа “Nielsen Reitings”.

Шоуто на Шер се емитуваше две сезони пред таа да одлучи да се соедини со својот бивш маж за обновување на шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour”. Три дена по разводот со Сони, на 30 Јуни 1975 г. Шер стапи во брак со рок-музичарот Грег Алман, член на бендот Allman Brothers Band.[28] Во Јули 1976 г. тие добија син, Елијан.[29] Тие заедно го издадоа својот заеднички албум “Two the Hard Way” во продукција на ”Allman and Women”, и тој дебитираше како наслов за истоимениот хит на Смуки Робинсон. Овој албум не постигна голем успех и по две години тие се разведоа.[30]

Соло кариера и пропусти: 1976-1981

уреди

Во периодот помеѓу 1975 г. и 1978 г. Шер издаде уште три неуспешни албуми: “Stars”, “I’d Rather Believe in You” и “Cherished”. На 2 февруари шоуто “The Sonny and Cher “ дебитираше со висок рејтинг[31] и високи очекувања, искачуваји се мегу првите десет на музичките листи. Некои од гостите кои беа дел од ова шоу се:Франки Авалон, Мухамед Али, Рејмонд Бур, Руд Бузиi, Чаро, Барбара Еден, Тери Гар, Боб Хопе, Дон Нотс, Џери Левис, Тони Орландо, Деби Рејлондс, браќата Смотерс, Тина Тарнерс, Твиги, and Бити Вајт. Но набрзо овој рејтинг отпадна и шоуто беше прекинато после втората сезона.[31] Во 1976 г.компанијата “Мега Тојс” издаде линија на играчки и кукли со ликовите на Шер и Сони Боно.[32] Популарноста на овие кукли се совпадна со времето кога се емитуваше шоуто.

Шер ги отпочна и телевизиските спектакли: Cher... Special, во 1978 (каде како специјален гостин гостуваше Доли Партон и за ова гостување доби номинација за Еми Награда), и Cher... and Other Fantasies во 1979 г.[33] Во 1979 г. Шер легално го промени своето име во Шер без презиме и средно име. Сони и Шер се појавија последен пат заедно во шоуто ”Miki Daglas” во пролетта 1979год, исполнувајќи комбинација од "United We Stand" и "Without You".

Подоцна во 1979 г. во соработка со Casablanka Rekords издаде уште сингл киј ќе се најде меѓу првите десет "Take me Home". Истоимениот албум беше закитен со злато.[34] За наредниот албум Шер се појави на насловната слика за албумот виртуозно гола врзана со синџири,[35] сакајќи да потикне конртроверзност во групите за права на жените и да ги побие гледањата на жената само како “секс робот”.[36] Од овоj албум произлезе големиот хит "Hell on Whiils" чија мелодија дебитираше во филмот ”Roler Boogi”. Во 1980 г. Шер ја издаде својата последна песна со диско ритам "Bad Love" за филмот “Foxes”.[37] Подоцна истата година Шер го формира рок бендот “Black Rose” со нејзиниот тогашен партнер, гитаристот Les Durek и заедно го издаваат истоимениот албум ”Black Rose”. И покрај неговата промоција во шоуто The Tonight Show Starring Johnny Carson, албумот беше со многу ниска пробажба и бендот банкротира следната година.[38] Во 1981 г. Шер го издаде својот прв хит кој влезе меѓу првите пет во Велика Британија насловен како "Dead Ringer for Love", во дует со Мит Лоф за неговиот албум “Dead Ringer”.[39] Во 1982 г. Шер го издаде “I Paralyze” кој го промовираше во "American Bandstand" и "The Tonight Show", но продќажбата беше разочарувачка.[40]

Филмска слава и музички напредок: 1982-1987

уреди

Поради ниската продажба на албумот и неуспешните синглови, Шер одлучи да ја продолжи својата кариера во областа на филмот[41] иако нејзините претходни филмови слабо профитираа. Таа се најде во тешка задача да успее да добие веродостојна улога како жена на 30 г. со многу мало искуство во глумата. Во тоа време таа изјавила дека не знае дали воопшто некогаш ќе издаде друг албум. Во 1982 г. Шер ја доби својата прва главна улога од продукцијата "Бродвеј" во "Come Back to the Five and Dime, Jimmy Dean, Jimmy Dean". Истата година доби улога во филм продуциран од Роберт Алтман[42] и таа улога и донесе номинација за Златен Глобус. Следна доделена улога беше во драмата “Silkwood” во 1983 г. во која глумеше заедно со Мерил Стрип и Курт Русел[42] и доби номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога и ја освои наградата Златен глобус за најдобра споредна женска улога - филм.[42] Следна главна улога на Шер беше во филмот “Mask” продуциран од Петар Богданович во 1985 г. во кој глумеше заедно со Ерик Столз, Лаура Дерн, Естел Гети и Сем Елиот. Овој филм се искачи на второто место на кино-благајните[43] и беше отценет како нејзин прв критички и комерцијален успех како глумица со главна улога во него.[42] За нејзината улога како мајка на хендикепирано дете, Шер доби награда за најдобра глумица на Cannes Film Festival[42] како и номинација за Златен Глобус за најдобра глумица од страна на "Motion Picture Drama".

На 22 Мај 1986 г. Шер се појави во шоуто “Late Night with David Letterman”. Во нејзиното прединтервју водителот Дејвид Летерман и го постави прашањето-зошто досега одбивала да се појави во неговата емисија. А подоцна за време на самото интервјуто во живо тој и го постави истото прашање. И додека таа размислуваше што да му одговори, тој упорно ја притискаше за што побрзо да го добие одговорот. И во тој момент таа навредена одговори „Поради тоа си вистински кретен“. На овој коментар се слушна гласно смеење од публиката, а Давид Летермен набрзина направи сето ова да изгледа како мала шега.[44] Шер повторно се појави во ова шоу на Давид Летермен на 3 Ноември 1987 г. овојпат со нејзиниот бивш сопруг Сони Боно, каде за последен пат ја изведоа песната "I Got You, Babe". Во 1987 г. Шер се појави уште во три филмови.[42] Таа ја глумеше главната женска улога на Александра во научно-фантастичниот филм Вештерките од Иствик заедно со Џек Николсон, Сузан Сарандон и Мишел Фајфер. Таа се појави во улога на адвокат во трилерот “Suspect” против Денис Кваид, како и во романтичната комедија “Moonstruck” продуциран од Норман Џевисон каде глумеше заедно со Николас Каге и Олимпиа Дукакис. За улогата во овој филм како сметководителка таа доби Академска награда за најдобра глумица во 1987 г. Таа исто така доби и Златен Глобус за најдобра глумица во “Musical/Comedy” и за најпопуларна женска улога од страна на “People's Choice Award”.

Враќање на музичкиот успех: 1987-1989

уреди

Во 1987 г. Шер се враќа на својата музичка кариера после 5годишна пауза во соработка со рок продуцентот Џон Калоднер. Во продукција на “Geffen Records” Шер го издава својот прв успешен рок албум на кој ќе се најдат песни напишани од страна на светски познати ѕвезди како Диан Варен, Џон Бон Џови, Ричи Самбора, Десмонд Чил, Марк Манголд и Мишел Болтон. Во овој албум ќе се појават и Дарлин Лов и Бони Лилер како помошни вокали. Албумот насловен како “Cher” е издаден во 1987 г., на него се најде преработката на синглот "I Found Someone" напишана од Мишел Болтон и Марк Манголд како и синглот "We All Sleep Alone" кој се искачи на 14тото место во 1988 г. Овој албум беше вистински хит и се продаде во седум милиони копии ширум светот. Во 1987 г. таа го промовираше и својот прв парфем “Uninhibited”.

Во 1989 г. Шер го издаде албумот “Heart of Stone” за чија продукција и пишување беа задолжени Michael Bolton, Jon Bon Jovi, Diane Warren и Desmond Child како и во нејзиниот претходен албум. Насловната слика за албумот е како Шер седи во срце направено од камен. Овој албум исто така се покажа како многу успешен и се продаде во 11 милиони копии ширум светот. Најголемиот хит од овој рок албум е рок химната "If I Could Turn Back Time" која се наоѓаше на врвот на музичките листи во Австралија цели седум недели, на третото место во САД, на шестото место во Велика Британија, како и на други музички листи во светот. Други хитови од овој албум се: "Just Like Jesse James", "Heart of Stone" како и дуетот "After All" со Петар Сетера кој се најде на шестото место во САД.

Видео записот за песната "If I Could Turn Back Time" предизвика голема контраверзност бидејќи во него Шер се појави облечена во проѕирна облека преку кој се гледа тетоважа на пеперутка на нејзиниот задник. Многу телевизиски програми меѓу кои и “МТV” веднаш одбија да го прикажуваат спотот во етер поради "делумната разголеност". На програмата на “MTV” спотот се емитуваше само после 21:00h. Во периодот помеѓу 1989 и 1990 г. Шер ја одржа својата турнеја насловена како “Heart of Stone” во разни делови од светот. Таа се појави во специјалната ТВ емисија “Cher – Live at the Mirage”, снимена за време на нејзиниот концерт во живо во Лас Вегас. При крајот на 80-тите години Шер требаше да ја толкувa улогата на главна вештерка во филмот снимен според делото "The Witches" од Роалд Дол, но улогата и беше доделена на Анџелика Хустон.

Глумечки успех и комерцијални хитови: 1990-1992

уреди

Во 1990 г. Шер се појави во филмот “Mermaids” со Боб Хоскинс, Виона Ридер и Кристина Ричи. Овој филм доби многу позитивни критики од филмските критичари.Шер издаде уште две песни "Baby I'm Yours" и "The Shoop Shoop Song (It's in His Kiss)" (кој се пласира многу ниско, дури на дури на 33-то место на листата “Billboard hot 100” во САД). Меѓутоа овој сингл стана мегахит на многу други места ширум светот и се искачи на првото место во Велика Британија, на третото во Франција и Германија и на петтото во Австралија. Песната стана најголем хит и се продаде во 6 милиони копии ширум светот. Во 1991 г. Шер го продолжи својот договор со “Geffen recording” и го издаде албумот “Love Hurts”. Овој албум остави голем впечаток во Европа како и во останатиот дел од светот, а во Велика Британија се најде на првото место и таму остана шест последователни недели. Овој албум привлече помало внимание во САД за разлика од Европа. На европската насловна страна на овој албум Шер лежи на бела постела и носи црвена перика. Во ова европско издание исто така е вклучен и светскиот хит "The Shoop Shoop Song (It's in His Kiss)",како и хитот "Love and Understanding" кој се искачи на 10-то место во Велика Британија, а во САД се најде меѓу првите десет. Продаден во повеќе од 10 милиони копии ширум светот, овој албум стана нејзиниот стана нејзин најдобро продаден албум во нејзината кариера. Во Германија Шер ја доби наградата “ECHO” за најуспешна пејачка на годината. Таа ја започна својата турнеја за овој албум во 1992 г., а во истиот период таа сними и две емисии за фитнес “Cherfitness: A New Attitude” и “Cherfitness: A Body Confidence”. Европската компилација која ги содржи нејзините најголеми хитови од периодот (1965-1992) постигна огромен успех искачувајќи се повторна на првото место во Велика Британија каде ќе се задржи три последователни недели, а исто така се пласира и меѓу првите десет во уште седум други земји. Оваа компилација која ги содржи и неодамна оздадените хитови "Oh No Not My Baby", "Many Rivers to Cross" и "Whenever You're Near" беше достапна за САД само како увоз и се продаде во 4.9 милиони копии.

Комерцијални успеси и падови, контрoверзност и смртта на Сони Боно (1992-1997)

уреди

Во 1992 г. Шер направи една мала пауза поради широко распостранетиот вирус Epstein-Barr. Во овој период таа се појавуваше во јавноста многу ретко освен во неколку реклами како заштитно лице на линијата производи за коса ви сопственост на нејзиниот пријател Лори Давис и како заштитно лице на засладувачките бомбони “Equal”. Во 1994 г. во соработка со “MTV” таа направи рок верзија на синглот "I Got You Babe". Следната година заедно со Криси Хинди, Нина Шери и Ерик Клаптон, Шер го издаде синглот "Love Can Build a Bridge" кој се задржа цела недела на врвот на американските музички листи. Во 1995 г. таа сними нов албум насловен како “It's a Man's World”, кој е издаде во Европа на крајот од 1995 г.,а во Северна Америка во летото 1996 г. Од овој албум излегоа два големи хитови во Европа "Walking in Memphis" и "One by One". "It's a Man's World" постигна голем успех и се продаде во 6 милиони копии ширум светот. Шер се појави и во драмата “If These Walls Could Talk” заедно со Деми Мур, Сиси Спачек и Ана Хич и за оваа улога таа беше номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица.

Во јануари 1998 г., додека Шер престојуваше во Европа нејзината ќерка Чесити ја извести својата мајка за смртта на Сони Боно кој загина во скијачка несреќа на 62 години. Во тој момент Шер беше премажена и имаше уште две деца. Но сепак иако беа поминати 23 години од нивниот развод тие останаа пријатели, па затоа Шер се појави на погребот на Сони за да му оддаде почит. Пред камерите од целиот свет таа одржа говор за Сони со зборовите "Сони е личност која никогаш нема да ја заборавам". Таа му оддаде почит и во емисијата “Sonny and Me: Cher Remembers” каде што му ги упати зборовите:"Сони е човек што никогаш нема да го преболам". Во 1998 г. Сони и Шер добија ѕвезда на Холивудската патека на славните, каде Шер се појави во придружба на Мери Боно, која ја прими наградата во име на нејзиниот покоен маж.

Популарноста на " Beliеve" 1998-2000

уреди

Дваесет и третиот студиски албум на Шер насловен како "Beliеve" е колекција од забавни песни со брзо темпо. Од овој албум произлезе и истоимениот хит "Beliеve" за кој Шер доби Грејми награда. Овој албум постигна големи критички и комерцијален успех и се најде на врвот на листите скоро во сите земји каде беше издаден: САД, Германија, Франција, Австралија...Тој се продаде во 20 милиони копии ширум светот и се закити со многу награди. Синглот "Beliеve" стана мегахит ширум светот и ја освои наградата Grammy за најголем хит во дотогашната кариера на Шер. До Март 1999 г. овој хит се најде на првото место во 23 земји низ светот вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Франција, Австралија. Албумот беше најдобро продадена снимка во таа година. Со хитот "Beliеve" Шер на 52 години го имаше најголемиот хит во ерата на рокот. Исто така таа доби пофалба за најдолг период од 33 години во кој таа издаде многу хитови кои се најдоа на првото место,како и пофалба за единствена пејачка која има соло Toп 10 хитови последователно од 1960 до 2000 г. На музичките листи во Велика Британија хитот "Beliеve" го заземаше врвот седум последователни недели, а исто така беше прогласен и за најдобро продаден женски хит во Велика Британија. Овој хит се продаде во 10 милиони копии ширум светот. Од овој албум произлегоа уште три хита: “Strong Enough" (кој беше следен хит број 1 во Европа, а се најде и на третото место во Германија,Франција и Велика Британија), "All or Nothing" и " Dov'è L'Amore" кои исто беа добро продадени хитови во Европа, но за жал не привлекоа големо внимание во својата родна земја.

Шер ја објави својата прва биографија кон крајот на 1998 г. под насловот “The First Time”. Книгата е колекција од најзначајните сеќавања на Шер од нејзиното детство, нејзиниот живот и кариерата во Холивуд. Таа се појави и во високорангираното ТВ шоу “VH1 Divas Live 2”, каде се појави на сцената заедно со Тина Тарнер, Елтон Џон, Чака Кен, Фет Хил, Лиан Римес, Диана Рос, Бранди и Витни Хјустон. Подоцна истата година таа глуми во филмот “Tea With Mussolini” во продукција на Франко Зефирели, каде глуми заедно со Џуди Ден, Меги Смит, Џон Плурајт и Лили Томлин. Шер одржа своја турнеја низ Велика Британија, Канада и Европа и доби Еми награда за ТВ шоуто “Cher: Live at the MGM Grand” во Лас Вегас кое се емитуваше кон крајот на годината. На 30 Ноември 1999 г. таа го издаде албумот “The Greatest Hits” кој продолжи да ја зголемува нејзината популарност. Албумот се најде на првото место во Германија и на седмото место во Велика Британија. Во Германија Шер е прогласена за најдобра пејачка на годината по вторпат, а исто така ја доби и наградата “ECHO” исто така по вторпат. Шер и Мадона се единствените пејачки кои ја добиле оваа награда.Оваа турнеја “Do You Believe” продолжи и во 2000 г. и беше најуспешна турнеја во тоа време.

Нови успеси: 2000-2002

уреди

Во мај 2000 г. Шер доби доживотно признание на Светските музички награди. Таа издаде самостоен алтернативен рок албум насловен како “Not.com.mercial”. Песните од овој албум се напишани главно од Шер, но овој албум брзо е одбиен од музичките продукции под изговор дека е 'некомеријален', па затоа Шер одлучи да го продава само преку своето мрежно место. Во овој период Шер има напишано најмногу песни за еден свој албум. Шоуто “Rolling Stone”, во една од своите емисии во живо ја прогласи нејзината песна "Fit To Fly" како нејзина најдобра песна досега. Оваа песна е посветена на воените ветерани од војната. На 16 Ноември 2000 г. Шер се појави во мега серијата “Will & Grace”, во епизодата насловена по една нејзина песна "Gypsies, Tramps and Weed".

Во Февруари 2000 г. Шер го издаде својот следен албум “Living Proof”, кој се најде на деветтото место на листата “Billboard 200”. Овој албум не успеа да го постигне успехот на “Believe” и не се задржа долго на музичките листи. Надвор од САД овој албум се пласира подобро иако не не влезе меѓу првите 40 во Велика Британија, Франција и Австралија, сепак во Германија го достигна 13-то место. Албумот содржи неколку миксови и беше овенчан со злато во САД, а во Германија доби две Грејми номинации. Истата година ја доби наградата “Dance/Club Play Artist of the Year”. Во Мај 2002 г. Шер се појави во шоуто “VH1 Divas Las Vegas” заедно со Селин Дион, Шакира, Синди Лапер, Анастасија и д-р Во Јуни таа ги објави плановите за нејзината следна турнеja за албумот ” Living Proof” и најави дека тоа ќе биде нејзината последна турнеја со концерти во живо.

Турнејата “Farewell” 2002-2005

уреди
 
Изведба за време на турнејата "The Farewell".

Турнејата сама по себе беше голем успех кој се должи на нејзините 40 години во шоу-бизнисот. Во самото шоу се содржеа класични изведби, видео клипови од шеесеттите години па наваму во кои се прикажуваат нејзините успеси во областа на музиката, телевизијата и филмот и сето тоа беше поставено на сцена во придружба на бенд, пејачи, танчери и воздушни акробации. Турнејата ја покри скоро цела област на САД и Канада(плус три концерти во Мексико), неколку градови во Европа како и во главните градови на Австралија и Нов Зеланд. Во Април 2003 г. Шер ја издаде CD компилацијата “The Very Best of Cher” која ги содржи најголемите хитови од нејзината кариера. Оваа компилација се најде на 4-то место на листата “Billboard 200 album chart” и се продаде во 3.5 милиони копии во светот. Шер постигна уште еден ТВ успех во 2003 г. со шоуто “Cher: The Farewell Tour Live” (шоу кое во април 2003 г. постигна гледаност од околу 17.3 милиони гледачи). Ова шоу и ја донесе на Шер и наградата Еми за “Outstanding Variety, Music or Comedy Special”. Подоцна во 2003 г. таа го издаде албумот “Live: The Farewell Tour”, во кој се содржеа песни испеани во живо од самата турнеја. Таа се појави и во комедијата “Stuck on You” на браќата Фарели заедно со Мет Дамон и Грег Кинер. Во овој филм таа се појавува во кревет со малолетното момче Франки Муниз. Истата година Шер го сними дуетот "Bewitched, Bothered and Bewildered".

Во Февруари 2004 г. таа доби уште една номинација за Грејми награда од Dance Recording за нејзината песна "Love One Another". За време на 2004 г. излезе и DVD-то со наслов “Сони и Шер”, кое содржи девет емисии од фамозните “Sonny and Cher Comedy Hour” и “The Sonny and Cher Show”. Во 2004 г. таа го издаде и албумот “Gold”, компилација од 2 цедета со најдобрите хитови од првичните денови од шоуто “Sonny & Cher” па до ерата на албумот “Living Proof”. Во оваа год. следеше издавањето и на следниот албум “The Very Best of Cher". Шер ја заврши својата турнеја во април 2005 г. во Холивуд Боул. Тоа беше најуспешната турнеја направена од еден соло артист до тоа време.

Престој во Лас Вегас, филм и потсетување на албумот (2008 - денес)

уреди
 
За време на престојот во Лас Вегас.

На 7 февруари,2008 г. на 62 години Шер изјавува дека склучила нов договор за изведба на околу 200 концерти во живо во наредните 3 години во Лас Вегас. Нејзиното најново шоу насловено како “Cher at the Colosseum”, дебитираше на 6мај,2008 г. Таа зеде 60милиони долари за нејзиното ваќање на сцената. Нејзиното ново шоу вклучуваше 8 танчери, 4 акробисти и многубројни костуми дизајнирани од нејзиниот пријател Боб Маки. Кореографијата беше на Дорјана Санчес, која работеше со Шер на нејзините последни три турнеи. На 10 февруари 2008 г. Шер се појави на доделувањето на Грејми наградите каде се претстави со изведба од Тина Тарнер и Бијонсе Новлес. Во Мај 2008 г.Шер гостување во шоуто на Опра Винфри, каде дискутираше за нејзиното ново шоу и го отпеа хитот "Take Me Home", како и "Proud Mary” заедно со Tина Тарнер, со кој веќе претходно се претставија на “ Divas Live '99”. На 3 Ноември 2008 г. Шер гостуваше во шоуто “The Ellen DeGeneres” каде изјави дека ќе глуми во филмот “The Drop-out” заедно со Џони Ноксвил. Таа најави дека филмот ќе отпочне да се снима во летото 2009 г. а ќе биде издаден 2010 г.

Во Февруари 2009 г. Шер повторно се врати на музиката. Таа мораше да ги откаже нејзините шоуа кои ги започна во 2008 поради настинка. Таа ги комбинираше своите музички и глумечки способности во својата улога во филмот “Burlesque” во 2010 г., каде настапи заедно со Kристина Агилера. Исто така таа го синхронизира гласот на лавот во филмот на Кевин Џејмс, “The Zookeeper” во 2011 г. Таа изненади и со своето присуство на додевувањето на наградите “The 45th Annual Academy of Country Music (ACM) Awards”, каде изјави дека нејзината прва научена песна е "Hey Good Lookin".

Шер најави уште едно ново издание на рок албум, кој се очекува во 2011 г. и дека е многу среќна што ќе ја одржи својата турнеја во најголемите светски арени во 2011 г. Во едно интервју за списанието "Glamour " таа го најави и снимањето на нов филм во наредните 2-3 години. На 12 Септември 2010 г. Шер се појави на додевувањето на наградите “2010 MTV VMAs”, каде ја имаше честа да и ја врачи наградата за видео на годината на Леди Гага. На 8 Ноември 2010 г. во кинескиот театар Грауман во Холивуд беше поставена восочна фигура со ликот на Шер.

Личен живот

уреди

Љубовни врски

уреди

Во раните 60-тите години Шер беше во љубовна врска со глумецот Варен Бити. Во 1962 г.таа го запозна Сони Боно на почетокот на 1963 г. тие го објавија својот брак и направија свадбена церемонија во Тихуана, Мексико на 27 октомври,1964 г. На 4 март 1969 г. се роди и нивното прво дете, Чез Боно. После 13 години брак тие се разведоа на 27 јуни,1975 год,со што заврши и нивното заедничко шоу. Истата година Шер се премажува за рок ѕвездата Грег Елман. Нивниот син Елијан Блу Елман (сегашен член на бендот Дидси) е роден на 10 јули 1976 г. Шер и Грег се разведоа после 2 г. Во 1979 г. Шер изјави дека имала мал флерт со Елвис Присли за време на изведбата во Лас Вегас, меѓутаа таа одбила да се качи во неговата соба бидејќи била несигурна во себе дали сака или не. Во февруари 2008 г. во шоуто “Добро утро Америка” таа изјави дека жали што не го прифатила предлогот на Елвис Присли. Во интервјуто за ова шоу,таа исто така изјави дека имала предлог и од Марлон Брандо за време на едно заедничко авионско патување. Шер беше во љубовна врска и со музичкиот продуцент Давид Гифен, со басистот Гене Симонс и со сметководителот Гарет Крафорд. Во 1980 г.Шер имаше афери со неколку младичи меѓу кои и со Том Груи, Вал Килмар, Џош Донен,и 22-годишниот пекар Роб Камилети кој го запозна на својот четириесетти роденден и со него живееше 3 г.

“Моите врски обично траат по неколку години. Кога сум во врска, многу мажи ме посакуваат и се опседнати со мене, а кога сум слободна,половина од нив исчезнуваат бидејќи немаат храброст да се соочат со мене”. –изјава на Шер за телевизијата NME.

Во раните деведесетти години, Шер беше во двегодишна врска со Ричи Самбопа (гитарист во групата Бон Џови), а исто така таа беше поврзана од страна на медиумите и со музичарите Ерик Клаптонанд и Марк Худсон. Во 2009 г. таа се забавуваше со 38 годишниот мотрџија Тим Медветз, а во 2010 г. со американскиот текстописец на комедии,Рон Зимерман(со кој за првпат беа видени во јавност во август 2010 г. а се забавуваа во наредните 6 месеци.)

Лично богатство

уреди

Шер поседува неколку големи имоти, вклучувајќи ги нејзините домови во Апсен, САД, Колдорадо, Лондон,Велика Британија како и оние во Малибу, Калифорнија и САД кои ги продаде во 2008 г. за 45 милиони долари. Во април 2006 г. Шер си купи свој стан во Сиера Таурс во западниот дел на Холивуд, Калифорнија по цена од 3,5 милиони долари. Во 2002 г.нејзиното богатство беше проценето на 600 долари за метар.

Во јули 2006 г.таа најави ќе продаде околу 800 вредни предмети од нејзиниот дом во Италија (имотот на Малиби, вклучувајќи многубројни застарени уметнички предмети, уметнички слики, мебел, нејзиниот кревет, накит, костуми од настапите,како и нејзиниот “2003HummerH2” и “2005Bentley”. Оваа акција се одржа од 3 до 5 октомври 2006 г. во Беверли Хилс, Калифорнија и достигна продажба од 33 милиони долари. Шер голем дел од овие средства донираше во својата сопствена добротворна фондацијата и наводно доби 180 милиони долари за нејзиното враќање во Цезар, Лас Вегас.

Како Геј Икона

уреди

Големата почит кон Шер од страна на машката популација се должи пред сè на нејзините успеси, нејзиниот стил на облекување и нејзината голема кариера. Алек Мапа од “The Advocate” изјави “Додека ние спиевме, Шер во последните четити декади ги живееше фантазиите од нашето детство. Шер е олицетворение на слобода и бестрашност, за кои многу од нас можат само да мечтаат”. Томас Роџерс од списанието “Salon” коментираше дека “drag queens” (кралиците на дрогата) ги имитираат жените како Шер, Џуди Гарланд и Доли Партон, бидејќи тие не можат да ги избегнат своите тешкотии на патот до успехот и ги копираат за да привлечат внимание. Улогата на Шер како лезбијка во филмот “Silkwood”, нејзиниот премин во забавната поп-музика и многубројните отштествени добротворни акции придонеа таа да стане геј икона.

Нејзината ќерка, Чез Боно на 17 годишна возраст изјави дека е лезбијка, поради што Шер почувствува длабоко чувство на вина, болка и тага. Но, набргу таа ја прифати сексуалната ориентација на својата ќерка и се изјасни со заклучок дека не е фер тоа што геј луѓето ги немаат истите права како и секој нормален човек. На 11 јуни 2009 г. ќерката на Шер изврши легално пресадување за преобразба во машко.

Во 1998 г. Шер ја доби награда од “GLED Media Award”, а во ноември 1999 г. телевизијата “The Advocate ” ја стави Шер на 25-тото место на изборт за 25 најкул жени во светот. Авторот на Геј парадата “A Celebration of All Things Gay and Lezbian” коментираше “И на 60 г. ние сè уште ќе играме на песните на Шер,која тогаш ќе биде 90 год “. Во 2007 г. американската комичарка духовито прецизира ”После јадрениот холокауст,ке останат живи само лебарките и Шер”. Од продукцијата на филмот ”Will & Grace” и даде признание на Шер со тоа што геј ликот Џек Фарланд ја претстави Шер како свој идол. Таа се појави во две епизоди во овој филм, во 2000 и 2002 г. Во 2000 г. Шер се појави за првпат на кратко во оваа серијата и Џек и поверува дека таа е една од „кралиците на дрогата“. Во 2002 г. таа го глумеше Господ во замислената верзија што Џек ја имаше за пеколот.

Политички интереси

уреди

За разлика од нејзиниот поранешен сопруг Сони Боно. Шер секогаш беше приврзаник на Демократската партија, и присуствуваше на многу конгреси и настани од неа. Денес таа себеси се гледа повеќе како независен демократ отколку како поразен демократ. Таа секогаш се дефинираше себеси како против воен активист, демонстрираше против Виетнамската војна, а нејзиниот видео запис за песната “Turn back time” во 1989 г. беше инспириран од војната и ја носеше пораката “Не водете војна, водете љубов”. На 27 октомври 2009 г. таа ja повика анонимно телевизијата “C-SPAN” и во програмата и јавно го критикуваше недостатокот на медиумско покритие и внимание од страна на владата за повредените војници во медицинскиот центар “Walter Reed Army”,кои таа лично често ѓи посетуваше. На едно нејзино гостување во телевизијата “C-SPAN” и беше поставено прашањето дали таа дава поддршка за претседателскиот кандидат Рос Перот во 1992 г.

Кога се врати од својата турнеја низ Европа, таа изјави дека Европејците имаат многу лоша слика за Американците, главно поради диктатурата на Буш. ”Европејците гледаат на нас како да сме големи терористи,воглавно поради војната во Иран и невините убиени жртви,и на некој начин тие се во право”-изјави Шер. Во Њујорк заедно со американскиот автор Мухамед кој одржа говор за промените во животот на муслиманите. Во 2006 г. Шер беше повикана од страна на oперацијата “Хелмет”, чиј основач беше доктор кој произведе нова серија на шлемови за војските во Ирак и Авганистан и за сите оние кои во иднина ќе земат оружје во рака. Таа беше најавена како претставник од Малиби, Калифорнија и изрази поплаки за моменталното претседателско управување. Гласно цитираше писмо напишано од војник од Иран,во кое тој дава признание за гестот на Операцијата "Хелмет", а изразува поплаки за недостатокот на заштита од страна на владините безбедносни сили.

Во мај 2006 г. Шер се појави во шоуто “The Ed Schulter” во кое дискутираше за поддршка на Американските и Ветеранските војници. Во ова шоу таа дискутираше и за нејзиното учество во операцијата “Хелмет” и компанијата “Intrepid Fallen Heroes Fund”, која произведе современа медицинска опрема за медицинскиот центар “Брук Арми” во Сан Антонио, Тексас. Центарот ги згрижи пациентите кои се здобија со големи повреди со катастрофални последици по здравјето од војните во Ирак и Авганистан, како и војници повредени во други операции при должност. За време на ова интервју, Шер повторно изјави дека е политички независна. На нејзините коментари за моменталната политичка сцена во САД, водителот на емисијата и го упати коментарот:”Ти си со сите”, на тоа таа одговори “Тоа е вистина. Јас не можам да бидам Републиканка, иако учествувам во многу организации за помош на сиромашните луѓе, па затоа не можам да бидам ниту приврзана за Демократите.

Кон крајот на интервјуто и беше упатено прашањето што таа мисли за песните кои се пеат за протести.Таа одговори “Mислам дека е должност на еден артист да се искаже на чија страна е, но за жал мислам дека за време на кандидатурата на Буш, немаш слобода да кажеш нешто против власта, бидејќи тогаш ќе бидеш наречен непатриот.” Таа не успеа да се доискаже но, изјави дека доколку би одела во крајност би го завршила својот говор со седумте дрски зборови на Џорџ Карлин за богохулениот јазик. Својата поддршка на Клинтон и неговата претседателска камрања, Шер ја изјави за телевизијата “Entertainment Tonight” во февруари 2008 год, на што Клинтон јавно и возврати дека е поласкан што ја има нејзината поддршка. По победата на Барак Обама на Демократските избори, Шер ја поддржа и неговата кандидатура на радио и ТВ-станиците.Таа ја продолжи својата соработка со oперацијата “Хелмет” и на 14 јуни 2006 г. повторно се појави во шоуто телевизијата “C-SPAN” заедно со основачот на операцијата “Хелмет”, докторот Боб Меадерс. Исто така со него гостуваше и во шоуто “Капитал Хил” на 15 јуни 2006 г. Досега Шер има донирано околу 130.000 долари за операцијата “Хелмет”.

Хуманитарна работа

уреди

Шер е приврзаничка на американскиот Будизам. Таа беше дел од многу хуманитарни организации. После нејзината улога во филмот “Mask”, таа ја основа добротворната организација “Children’s Craniofacial”, како претседател и хонорарен претставник. За време на своите турнеи таа секогаш донираше влезници за сиромашните фамилии и децата со хендикеп. Во 1998 г. таа се појави заедно со Елизабет Тејлор, како домаќинка на одржувањето на годишните награди “Amfar AIDS Benefit” на Канаскиот филмски фестивал. Таа е исто основачка на добротворната организација “Cher”, преку која има донирано средства во многу добротворни организации. Во 1993 г. таа беше дел и од хуманитарниот гест за Ерменија (бидејќи татко и бил дете на Ерменски бегалци), каде донираше храна и медицински средства како помош за Емренското население.

Клуб на обожаватели

уреди

Шер има многу голем обожавателски клуб на обожаватели. Нивната посветеност е евидентирана за време на двегодишната конвенција на Шер во Чикаго,2000 г. кога нејзиниот хит "Believe” се најде на првото место. Овој настан се одржа во Лас Вегас(2002 и 2004 г.), Лос Анџелес (2006 г.) и во Палатата на Цезар во Невада, Лас Вегас(2008 год). Конвенцијата во Лас Вегас се поклопува со периодот на втората турнеја на Шер во "Колосеумот на Цезар". Сите приходи од оваа конвенција беа дадени во добротворната фондација на Шер. Големиот настан “Cher Expo” и донесе на Шер слава и обожаватели преку ноќ. Приходите од овој настан беа донирани исто така во хуманитарни организации,а приходите од истиот настан “Cher Expo” кој се одржа во Атланта и Џорџија во 2009 г. беа донирани во добротворната организација “Keep a child Alive”.

Спомени

уреди

Својата почетна кариера Шер ја започна како моден иноватор,популаризирајќи ја долгата рамна коса,панталоните-ѕвонарки и голиот стомак. Таа е една од првите пејачки која го покажа својот гол задник пред камерите, кога во 1989 г. се појави во танга и мрежеста проѕирна облека во музичкот запис за песната “If I Could Turn Back Time” (кој беше еден од првите видео записи кој беше забранет од телевизијата MTV, а потоа поради популарноста повторно пуштен во етер но само после 21h.). Во периодот на седумдесеттите години, како резултат на телевизиската слава Шер стана секс симбол, привлекувајќи ја публиката со своите костуми со длабоко деколте дизајнирани од нејзиниот пријател Боб Моски. Таа набргу стана инспирација за многу други познати ѕвезди како Бритни Спиарс, Трајси Чапмен, Опра Винфреи, Кристина Агилера, Лејди Гага и др.

Во јули 1999 г. Шер се најде на 43-тото место на изборот на 100 најдобри rok & roll изведувачки на телевизијата “VH1(ВХ1)”, а во 2002 г. таа се најде на 26-то место на изборот на 100 најсекси изведувачки исто така на телевизијата “VH1(ВХ1)”. Таа се појави 13 пати на насловната страна на списанието “People” во 2007 г. а пак списанието “All Biography” ја пласира Шер на третото место како најпопуларна глумица на сите времиња, веднаш после холивудските идоли Катерина Хепбурн и Андреј Хепбурн.

Дискографија

уреди

Студио албуми

уреди

Компилации и други албуми

уреди

Филмографија

уреди
Film
Year Title Role Notes
1965 Wild on the Beach Herself
1967 Good Times Herself/various characters
1969 Chastity Chastity
1982 Come Back to the Five and Dime, Jimmy Dean, Jimmy Dean Sissy Nominated—Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Motion Picture
1983 Silkwood Dolly Pelliker Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Motion Picture
Nominated—Academy Award for Best Supporting Actress
Nominated—BAFTA Award for Best Actress in a Supporting Role
1985 Mask Florence 'Rusty' Dennis Cannes Film Festival – Best Actress
Nominated—Golden Globe Award for Best Actress – Motion Picture Drama
1987 Suspect Kathleen Riley
1987 The Witches of Eastwick Alexandra Medford
1987 Moonstruck Loretta Castorini Academy Award for Best Actress
David di Donatello Awards – Best Foreign Actress
Golden Globe Award for Best Actress – Motion Picture Musical or Comedy
Italian National Syndicate of Film Journalists – Best Actress – Foreign Film
Kansas City Film Critics Circle Award for Best Actress
Nominated—BAFTA Award for Best Actress in a Leading Role
1990 Mermaids Rachel Flax
1992 Player, TheThe Player Herself
1994 Prêt-à-Porter Herself
1996 Faithful Margaret
1999 Tea with Mussolini Elsa Morganthal Strauss-Armistan
2003 Stuck on You Cher/Honey
2010 Burlesque Tess
2011 Zookeeper, TheThe Zookeeper Lioness voice
Television
Year Title Role Notes
1967 Man from U.N.C.L.E., TheThe Man from U.N.C.L.E. Ramona Episode—"The Hot Number Affair"
1968 Where the Girls Are
1970 Sonny & Cher Nitty Gritty Hour, TheThe Sonny & Cher Nitty Gritty Hour Herself — co-host
1971–
1974
Sonny & Cher Comedy Hour, TheThe Sonny & Cher Comedy Hour Herself/various characters Златен глобус — Best TV Actress — Musical/Comedy
Nominated—Еми, four times
1975–
1976
Cher Show, TheThe Cher Show Herself — host Nominated—Emmy Award — Outstanding Comedy-Variety or Music Series
1976–
1977
Sonny and Cher Show, TheThe Sonny and Cher Show Herself — co-host
1978 Cher... Special Herself
1979 Cher... and Other Fantasies Herself
1990 Cher Extravaganza: Live at the Mirage Herself
1996 If These Walls Could Talk (1996) Dr. Beth Thompson (segment "1996") also director
Nominated—Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Series, Miniseries or Television Film
Nominated—Satellite Award for Best Supporting Actress – Series, Miniseries or Television Film
1998 Sonny & Me: Cher Remembers Herself
1999 VH1 Divas Live 2 Performer
1999 Cher: Live at the MGM Grand in Las Vegas Herself Nominated—Emmy Award — Outstanding Individual Performance in a Variety or Music Program
2000 Will & Grace Herself Episode—"Gypsies, Tramps and Weed"
2002 VH1 Divas Las Vegas Herself/performer
2002 Will & Grace Herself (as God) Episode—"A.I.: Artificial Insemination"
2003 Cher: The Farewell Tour Herself Emmy Award — Outstanding Variety, Music or Comedy Special

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Erickson, Hal (2010-12-23). „Cher: Full Biography on The New York Times“. The New York Times. Посетено на 2010-12-23.
  2. Berman 2001, стр. 17.
  3. „Cher Refuses To Apologize For 'Half-Breed' After Twitter War Fuelled By Trump's Diversity Coalition Appointee | ETCanada.com“. Entertainment Tonight Canada. December 31, 2017. Архивирано од изворникот на January 8, 2018. Посетено на February 5, 2019.
  4. Bego 2001, стр. 11: Sarkisian's profession; Berman 2001, стр. 17: Sarkisian's nationality and personal problems, Crouch's profession; Cheever, Susan (May 17, 1993). „In a Broken Land“. People. Архивирано од изворникот December 27, 2016. Посетено на January 16, 2016.: Sarkisian's nationality, Crouch's ancestry.
  5. Berman 2001, стр. 17–18.
  6. „Cheryl Lapiere, Born 05/20/1946 in California“. California Birth Index. Архивирано од изворникот на January 31, 2016. Посетено на January 16, 2016.
  7. Bego 2001, стр. 10.
  8. Berman 2001, стр. 24.
  9. 9,0 9,1 Berman 2001, стр. 28.
  10. „Cher divorces Sonny“. Record-Journal. June 28, 1975. Посетено на April 24, 2016.
  11. Eder, Bruce. „Cher – Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 1, 2016. Посетено на January 16, 2016.
  12. Bego 2001, стр. 29–30.
  13. Cher & Coplon 1998, стр. 98.
  14. Caulfield, Keith (August 14, 2015). „Rewinding the Charts: Fifty Years Ago, Sonny & Cher 'Got' to No. 1“. Billboard. Архивирано од изворникот February 1, 2016. Посетено на January 16, 2016.
  15. „Sonny & Cher – Chart history“. Billboard. Архивирано од изворникот January 31, 2016. Посетено на January 16, 2016.
  16. Caulfield, Keith (May 20, 2014). „Cher's 20 Biggest Billboard Hits“. Billboard. Архивирано од изворникот January 5, 2017. Посетено на January 16, 2016.
  17. Bego 2001, стр. 54.
  18. Green, Michelle (August 5, 1991). „Sonny on Cher“. People. Архивирано од изворникот December 26, 2016. Посетено на January 16, 2016.
  19. „Chaz Bono, Cher's child, becomes a man after Southern California judges grants gender change“. Herald Sun. May 7, 2010. Посетено на January 16, 2016.
  20. Berman 2001, стр. 31–32.
  21. Berman 2001, стр. 33.
  22. Parish & Pitts 2003, стр. 149.
  23. „Cher“. Hollywood Foreign Press Association. Архивирано од изворникот на December 26, 2015. Посетено на January 17, 2016.
  24. „The 6 Best Songs of Cher“. NBC2 News (англиски). February 4, 2020. Архивирано од изворникот на February 15, 2020. Посетено на February 17, 2021.
  25. Bronson 1997, стр. 301.
  26. Hyatt 2003, стр. 231.
  27. Bego 2001, стр. 101.
  28. „Cher marries Greg Allman – Jun 30, 1975“. History. Архивирано од изворникот на January 6, 2016. Посетено на January 17, 2016.
  29. Berman 2001, стр. 42.
  30. „Gregg Allman – Songwriter, Singer“. Biography.com. Архивирано од изворникот на January 31, 2016. Посетено на January 17, 2016.
  31. 31,0 31,1 Hochman 1999, стр. 1004.
  32. Cherry, Rona (December 19, 1976). „Toying With a Name“. The New York Times.
  33. Bego 2001, стр. 133.
  34. „Gold & Platinum“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на February 12, 2018. Посетено на January 16, 2016.
  35. Berman 2001, стр. 45–46.
  36. Bego 2001, стр. 272.
  37. Bego 2001, стр. 139.
  38. Bego 2001, стр. 143.
  39. Guarisco, Donald A. „Dead Ringer for Love – Meat Loaf – Song Info“. AllMusic. Архивирано од изворникот на January 26, 2016. Посетено на January 17, 2016.
  40. Bego 2001, стр. 159.
  41. Berman 2001, стр. 49.
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 42,4 42,5 Parish & Pitts 2003, стр. 151.
  43. „Mask (1985) – Weekend Box Office Results“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на December 28, 2015. Посетено на January 17, 2016.
  44. Hall, Jane (July 14, 1986). „Late Night Letterman“. People. Посетено на January 4, 2019.
  45. Sue Sillitoe, Sound On Sound, February, 1999. Recording Cher's 'Believe'. Retrieved 12 November 2008

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „pronunciation“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „name“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „RottenTomatoes-Profile“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Maраја Кери
World Music Award
1999
Honored with Legend Award
Наследник
Мајкaл Џексон
Претходник
Мадона
for Ray of Light
Grammy Award for Best Dance Recording
2000
for Believe
Наследник
Баха Мен
for Who Let the Dogs Out?